Јас од денес почнувам со триптофем да се боцкам па здравје наредна недела на контрола. Планирам да одам во амбуланта некако ми е страв јас или сопругот да ме боцка. Девојки вие сами се боцкавте?
Знам дека најчест проблем во врска со ендометриумот е тенок ендометриум. Но дали има некоја со дебел ендометриум? Може ли некоја да сподели нешто во врска со ова? Дали нешто испитувала, дали има успешно инвитро, што се презело во врска со таа состојба и сл.
Имам користено јас Триптофем За разлика од супрефактот овие баш болат . И многу модрици мене ми направија . Инаку сама се боцкав јас
Тоа се вика хиперплазија на ендометриум. Кога правев хистероскопија се посомневаа во такво нешто кај мене, ми земаа биопсија од ендометриумот но за среќа се утврди дека не е тоа. Инаку хиперплазијата е пречка за забременување и се извадив од памет искрено пошто 2 ипол години се борам со стерилитет и јас... Мислам прво се пробува да се среди проблемот со таблети ( контацептивни ), доколку нема ефект се прави киретажа, така ми објаснија. Поздрав,
Ендометриумот е Според моето досегашно искуство кога е послаб ендометриумот крварењето е по слабо и кафено. Мене ми е по принцип нормален ендометриумот, но после киретажата ми беше доста тенок поради киретажата и циклусот после неа ми беше оскуден. Така ми кажа и докторот после киретажа ќе добиеш циклус но слаб; бидејќи пред добивање бев на ехо и се виде тенкиот ендометриум. Затоа после киретажа пијам циклопрогинова, најверојатно ќе пијам 3 цислуси Така ми беше и со хистероскопијата кога правев лани 3 месеци пиев циклопрогинова да се нормализира циклусот. Да не си правела некоја интервенција па да ти е тенок од тоа? Иначе после интрвенција 3 месеци терапија е препорачливо. Нормално треба да внесуваш и преку исхрана најдобро е јаткасти плодови и суво овошје како и цвеко, ананас...
Мора Јас имам слаб и краток циклус но со нормална боја. А ендометриум правилен тролиниски само пишува. Дали се гледа број на ехо во четврток ќе правам брис па и едно ехо да си направам ја прашам матичната.
На почетокот и јас идев неколку дена као ај стручно лице ама за 2мин раб почна да не ми се иде и си реков сите членки се боцкаат сами па зш не и јас... и така почнав сама ништо страшно во стомак 2 3 прста до папокот еднаш од лево еднаш од десно...
дами, жена ми денеска почна со супрефакт, сега не знам колку шишиња ке прима, но колку што знам фондот покрива 2 шишиња, ако треба уште да прима која е цената на едно шише ?
околу 2000 ден ама ако не и стигне на жена ти јас ќе ти дадам . имам скоро цело шишенце инаку 2 ја следуваат. во принцип најмногу по едно ипол се троши