На сите кои сте во процедура, чекате тестови или имате позитивни тестови, сакам да ви честитам и да ви посакам многу успех
Колку прекрасно изненадување, ќе имаме многу убави вести оваа пролет, ти посакувам леснотија и позитивна бета
Кај мене беше еден и единствен ембрион. Јас сум жив пример дека и со еден може да се успее ти посакувам среќа и позитивен резултат
Оли ти беше првата која ми помогна уште прв пат кога пишав на форумов. Од срце ти посакувам што поскоро да ги видиш посакуваните две цртички а и сите до една да ја напуштиме темава со позитивни тестови
Сонце, позитивна енергија, убавиниии... Сите да се радуваме оваа пролет и што побрзо да се преселиме во труднички, сите до една! Ве гушкам сите, имајте убав викенд! l:
женички дали од хормоните кој ги примавте имавте некој нус појави мене на ми се спие по цел ден ич не сум расположена главата ми е матна се чувствувам тешко некако
Јас освен главоболка ( но не секој ден) други нус појави немам. Но секој реагира различно. Јади лесна храна, овошје, многу течности и одмарај.
Јави се во било која болница каде прават ивф ќе ти објаснат. Јас отприлика знам дека ти пред да земеш ваучар од фондот мораш да имаш одбрано донор (кој се бира во болница каде ќе правиш ивф - буквално од PC бираш според боја на очи, кожа, коса, висина ) Потоа има дел кои најубаво ќе ти објаснат сестрите незнам како оди но опфаќа психијатар и нотар со некој изјави, согласнпст од двајцата партнери. Стои на комплицорано и ќе одземе време. Од срце ти кажувам немој да чекаш ако нема друг излез.. изверете си болница и почни си со процедурата Ние сме со азооспермија среќа немаме генетско пореметување и најдовме малку материјал со ТЕСЕ. Се најдобро ти посакувам и среќно
Јас имав повремена главоболка, а морам да признам дека и нервоза имав, ама се трудев да најдам начин да се олабавам. Ништо страшно, малтене кај сите се јавуваат вакви реакции. Можеш да си испиеш б6, опушта малку. Со лесно!
Можно е, хормони се сепак! Не се грижи, ќе помине брзо, пробај да се опуштиш, најди си занимации кои ти делуваат позитивно. Тоа е одговор на организмот, на терапијата! Целта е со успех да заврши постапката, имај го тоа на ум и полесно ќе оди се’.
@Adams нека си расте јуначето во мешето на мама.... Успеавте, тоа е најбитно! Честитки од срце @Nora.A убава бројка сте добиле, дај Боже сите да се оплодат! @beb4o на здравје трансфер, те чекаме со мнооогу висока бета...за две бебиња Ме немаше некое време од милион стресови што преживеав на работа посебно последнава недела, но вчера бевме на преглед, докторот ми препиша супрефакт 0.4мл во стомак секоја вечер, па тоа искрено ми даде и надеж и сила да издржам, дека еве конечно нешто убаво почнува да се случува и уште поубав крај да има... Дај Боже да успееме сите, оваа пролет да се најдеме во Труднички.. Веќе почнаа убавите вести и новости тука, нека продолжи уште поубаво!
Со лесно и на тебе мила, со висока бета да финишира оваа постапка. Стресот пробај да го елиминираш, замисли си само која жртва ја даваш во борбата за бебе и се’ друго игнорирај. Пролетва нека биде најубава...!
Бравоо, со лесно и успех! Стресот сведи го на минимум, колку што можеш, знаеш дека не ти треба сега замарање со било што, фокусирај се на бебушче! Ете, сега имаш мотивација цврсто да чекориш до целта.