Честитки од срце. Премногу ми е мило, поле се што прочитав од тебе по форумиве...таква поддршка за сите..таква сила и истрајност БРАВО!!! Немам зборови. Со лесно и со убаво
Здраво на сите , би сакала доколку некој го дели истиот проблем како мене да ме советува. На мојот сопруг му е дијагностицирана азоспермија. После првото неуспешно ин витро решив повеќе да читам и истражувам за да дојдам до некој лек како би можело да му се подобри квалитетот. Чај од Аптека Стојанови , мед помешан со јаткасти плодови и еден куп витамини. Дали некој може да ми препорача некој лек кој навистина им помогнал.
Жени, со замрзнати јк после прво неуспешно ивф, треба ли повторно да се поднесува за ваучер кога ќе се прави трансфер или не? И дали нешто и колку се наплаќа? И за чување дали знаете колку се наплаќа Фала ви
Маж ми пиеше профертил и не му помогна џабе беа парите што ги исподававме. Можам да кажам дека сме позадоволни од матичниот млеч откако почна да конзумира му мрднаа малце од малце брзопроодните. ( матичен млеч во комбинација со мед и полен ) Поздрав
Со еден ваучер имаш еден трансфер. Ако имаш замрзнати од истото инвитро, следниот трансфер оди на приватно. Цената зависи од клиниката, различно е секаде, како и за чувањето. Во Њуборн замрзнување на една година е 24000, па за секоја наредна година се плаќа 100 евра. За трансфер јас последно платив лани 33000, но овде кажуваа дека се смениле цените, ќе пише некој најтазе што правел трансфер на приватно.
И јас сакав истото да го прашам за подготовка. Нам ни кажаа само да се намали внес на тестенини и јаглехидрати. И нормално фолна за мене. Друго ништо.
Мислам дека што и да пие џабе е , за азооспермија нема лек , само тесе и ивф , добро е и што постојат , штом имате материјал терај си ивф , друго чаре нема , сето останато ке ти бидат изгубени пари и време , најскапоцено е времето во целава ситуација затоа само ивф, среќно.
Kaj popovic neli nekoja napraese invitro jas sakam kaj nego pa se misluvam ve molam pomognemete mi prvo invitro mi e
Дали го користевте тој Happy mix на Бомед, со два вида мед, полен, матичен млеч и јаткасти плодови? Двајцата го користевте?
Протеинска исхрана се препорачува и јас вежбав возев орбитрејк секој ден по 30 мин.Умерени физички вежби го зголемувале бројот на јајце кл.Кај мене за разлика од 1 ин витро имаше мбогу подобри резултати.Пиев фолна,д3 аспирин 100,б комплекс и Б12 ама сето ова ми беше од лекарот што ми го водеше ин витрото.