Оххх душа мила, знам како ти е го доживеавме сите овој пораз, но само едно е најбитно да не се откажуваме тешко е но ова нека не прави уште посилни за да успееме во битката до едно здраво и живо бебенце
Знам мила , колку е тешка оваа битка.Али мора да се бориме и да одиме напред. Некој стасува до целта по потешкиот пат али битно стасува И ние сме дел од тие.Али ова ка групно сите ние сплотени со даваме и снага и подршка до посакуваната цел.Ке биде Господ е голем ке ни даде шанса на сите да доживееме 2 црти и да држиме здраво бебенце во нашите раце.Ви правам подршка на сите од се срцеФала мила на пораката
Леле колку ми е жал, колку не е фер.Баш пред некој ден пријателка ми соопшти дека е трудна од само еден обид пробување.Колку многу сум среќна исто толку сум тажна.Се чувствував толку очајно и скршено,толку помалку жена, но кога го отворив форумов сфатив дека вистинските, силни и храбри жени се овде.Навистина ти се восхитувам на храброста и силата што ја имаш и силно верувам дека Господ нема нас да не остави и ќе ни ја оствари најголемата желба
Преку крв направи тест? На кој ден? Не се вознемирувај не се растревожувај. Следен пат смени доктор, протокол па и болница ... ако треба и држава (само совет) зависно состојбата. Позитивни мисли и ќе биде неможе да не биде
На 21ви ден почнав со Декапептил, тоа е исто со Супрефакт и требаше за 7-8 дена да добијам и да се јавам на сестрата но, денес ми е 12ти ден како примам и уште немам добиено. Пред 8 дена ги допив и Микрогинон, мислам до сега требаше да добијам. Утре ќе се јавам на сестрата за консултација ама се плашам што може да е, да не се искомплицира па да ми откажат.. Некоја да имала слична ситуација?
Se nadevam ke bide inace mi e prvo ivf imam praveno 3 inseminacii vo sistina sega ivf go pravam vo Belgija
Благодарам драга на подршката .Стварно секој збор на утеха ни значи на секоја од нас а воедно ни е и плус стимул уште поголем да одиме борбено понатаму.Тагата сепак преовладува, секако имаме чуство и преголема желба за бебенце секоја од нас. Али лавовски борбено и одиме понатаму , па Господ ке даде кога тој решил на секоја од нас.Нема откажување , секој неуспех е нова надеж и сила за следен чекор
Devojki ve molam koja imala iskustvo so varikocela , i vo koja bolnica ima povece uspeh. Ve molam za odgovor
Девојки дали две вратени бластоцисти имаат поголема шанса за успех од една вратена бластоциста? Некој поупатен или од искуство
Би ви го препорачала др. Мицковски во Ремедика, ние кај него правевме микротесе, има големо искуство и најдобро да отидете за консултација ќе ви каже отворено како мисли дека е најдобро.
Да преку крв. Ми беше 11 ден после трансферот.Значи ми беше вратена петневна бластоциста, која ми беше од замрзната. Да ке видиме како ке биде натаму имам уште 2 замрзнати.А инаку уште немам добиено циклус чекам.Минатиот пат точно ми дојде на 28 миот ден.Сабајлето тестот кој беше негативен, вечерта ми стаса циклусот.Макар што јас крварев минатиот пат и пред тестот неколку дена.Малку кафеав исцеди на почеток, па розевко и на крај стаса циклусот. А сега ке видимеФала драга на советот