Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка веќе нема да може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука за МИА потврдија дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување. Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка. Неофицијално, заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство. МОН не ја прецизира причината за оваа одлука, но посочува дека таа е донесена за да се заштитат националните интереси. -МОН испрати допис до сите училишта во кои се реализира здравствена струка, дека запишувањето вонредни ученици се става во мирување. Одлуката е донесена во насока на заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот - велат од МОН за МИА. https://www.fakulteti.mk/mobile/new...a-mozhe-vonredno-da-se-uchi-sredno-medicinsko Што мислите за одлуката? Според мене малку и задоцнета одлука, кога веќе толку вакви дипломи се дадоа.
Ова е за да се спречи иселувањето. Место да работат и да сменат тоа што не функционира во државата и да ги зголемат платите, тие на глупи начини се обидуваат да ги задржат луѓето во државата. За тоа дека не треба вонредно да има на ниеден факултет, нормално дека не треба да постои можност вонредно, за ниедна струка.
И кој се медицинска сестра стана во државава со неколку месечен курс, па после не знаеле да работат. Ние што 4 години редовно учевме за сестри будали ли бевме, пола лето на пракса го одевме, а вака со курс земи си диплома одма, пракса никаква и работи исто како нас.
И? Зошто со понижување? Хигиеничарките немаат мозок за да научат? Немам ништо против ако некој сака да се преквалификува, но тоа да не биде на вонреден начин.
Страшно. Не би да пишувам , ама оние на трансфузиологија врска немаат, исто ко мене да ми даде некој сега игла да боцкам, јас имам толку убави вени за боцкање, никогаш проблем немало, тие две ко од марс паднати, до степен да припаднам од што ми се слоши. Па уште навредени што им кажуваш дека не знаат и мрмлјаат под нос. @Just.do.it Не е до мозокот , туку до тоа дека не се учи ништо и знам како се поминува, не зборувам од ракав, пред месец дена блиска роднина ( не беше хигиеничарка, друг пример ми е тоа ) зема диплома лиценца се по ред, па маж и уште горд, абе требаше да полага божем уште нешто, ама не полагаше , реално да не беше тој работнички центар колку од нив ќе се запишеа на факултет или редовно средно медицинско за да работат во аптека. Ниту еден.
Нека направат 4 години да се учи редовно на постари години, такви класови за повозрасни да има, да видиме дали тогаш ќе има толкав интерес за вакви дипломи. Вака по брза постапка земи си диплома, пикни се на работа, тоа се бара и ајде секој втор медицинско лице да биде само зошто со тоа имало работа. Овие професии си бараат љубов и жртви правење уште од млади години, а не давање дипломи како да е купување банани на Битпазар.
Да. Најсериозно. Ако некој работи како хигиеничар не значи дека е глуп. Ако сака да се преквалификува може да запише факултет редовно. Не дочитуваш изгледа што пишувам.
Не реков дека е глупав, туку не е исто да учиш средно медицинска сестра, фармацевтски техничар... четири години со некаков си курс. Па после во аптека ќе ни дадат нешто сосема трето што нема врска со она што го бараме или сестра што нема врска крв да извади, инјекција да стави итн итн...
Никој не ги спречува на факултет да се запишат на 3 годишните студии, но не сакаат, сакаат неколку месечен курс и одма да се вработат.
Да, само што има луѓе што имаат капацитет да се само хигиеничар. Едноставно тоа е. Не мора одма да е навреда за глупоќа, и не, не може секој да биде на некоја висока функција.
Sekoj ima mozok, no ne sekoj znae da go koristi i ne sekoj e pameten da ne se pravime na toso sega. sto sekako ne znaci deka higienicarite po difolt se glupi.
Фарм. техничар не прават ништо освен продажба на лекови. За медицински сестри треба многу повеќе. Инаку вакви брзи програми, таканаречени курсеви само во Македонија постојат.
Искрено, не ми е јасно како воопшто може да се работи како сестра само со средно. Гимназија завршив па ми беше незамисливо да има вонредно гимназија, не па за струки во здравство...
Знаеш ли колку пракса има во 4 години средно? Многу повеќе од вонредни 3 години на твојот факултет моментално.
И зарем е тоа едноставно, продажба на лекови? Се зезаш ли тука? Место Оспен нека ми даде Цефалексин де или обратно. Многу смешно.
Ако е така и физиотерапевт само масира, лаборант зема само крв итн итн. Не, секоја медицинска струка е важна. Фармацевтите треба да знаат, затоа се обучуваат во средно со многу денови пракса во аптека, одат исто како нас во лето две години цел месец по аптеки, ние цел месец одевме на клиника, во текот на учебната година исто се оди многу на пракса, секоја медицинска струка има многу повеќе учење и вложено време од гимназија и така треба да е зошто е одговорна професија. Гимназијалци имаат 3 месеци распуст, ние по 2 зошто сме оделе на пракса летно време. Не може да се учи вонредно и исто да се работи како некој што 4 години се мачел и трудел.
Па да. Едноставно е. Докторот веќе напишал што да се даде и колку. Е сега ако техничарот е неписмен, тоа е друга приказна. Не е исто лаборант и фарм. техничар. Не е исто да треба да ти земе крв и да ти даде лек кој е препишан од доктор и е објаснето дозирањето унапред од докторот.
Имаш многу што работат и во фармацевтски компании во производството на лекови. Не може да потценуваш медицински струки, од сите животите ни зависат. Оди работа во аптека и продавај лекови ако е толку лесно.