Загрижени родители испратиле предлог до Министерството за труд и социјална политика да се постават безбедносни камери во градинките, за да се гледа како вработените се однесуваат со децата. Барањето ги поттикнало по неодамнешниот случај во гевгелиската градинка, каде што негователка со навредливи зборови им се обраќала на децата. Многу често слушаме како некој родител се жали како некоја воспитувачка се однесувала лошо спрема децата. Дали сметате дека ако се стават камери, ќе биде подобро за децата како и за нас родителите? Тогаш најверојатно ќе нема повеќе такви работи. Но како ќе биде за воспитачките/негователките што ќе бидат ставени под видео надзор на работното место? Ја поддржувате ли оваа иницијатива или сепак не?
Јас сум за.Нека има камери во градинките.Ама да се нема пристап до нив освен ако има потреба.Мислам дека многу родители ќе го злоупотребуваат тоа.Никој не сака детето да му трпи насилство ама па сега и за една гребнатинка модрица не оди да се малтретираат негувателки те.А се си мислам дека кај нас на тој начин ќе се злоупотребуваат тие снимки и родителите ќе станат напорни.На пример да има одредени правила во кој случај може да се бараат да се видат(како што беше случајот со едногодишното девојче,изгризаното)или приметуваш одредени промени во однесувањето на своето дете.
Да. Не некој да може да се приклучи и да гледа, туку ако има проблем да се види снимка. Кога може у Веро да снимаат може и у градинка.
Против. Родителите од пуста желба за контрола не може да ги согледаат штетните последици кои би произлегле од ваквиот потег. Интимата на детето изложена на тацна. Дури и да не се стримува видеото, туку да се снима и да се чуваат снимките, повоторно некој би бил задолжен за одржување, чување, бришење итн. на снимките. А јас не сакам било кој да може да го гледа моето дете како јаде, мочка, кака, спие, прди, кива... Не сакам неговото секојдневие да го споделувам со било кој. Јас би ги прашала родителите кои се за снимање дали би дозволиле камери во нивната спална соба? Оти исто му се фаќа. И не, воопшто не е исто снимање возрасни луѓе на работа и снимање на деца.
Проблем гледаш со права на детето или со тоа дали може некој педофил да има пристап до снимките? Сигурно нема педофили да гледаат. Може дури и да се енкриптирани снимките и само со налог да може да се видат (добијат дозвола за деенкрипција).
А зашто да ги криеме децата? до снимките ќе има пристап само со дозвола од директор само ако се сомнева родителот на нешто и држи вода тоа што го кажува. бришење и сл што велиш автоматски се прави тоа со подесување нема потреба човек на камери да седи во денешно време.
Ај не ме смеј. НАСА ја хакираа, нас нема. Сигурно. Еве и да не се стримуваат снимките, туку да се чуваат, пак некој мора да има пристап до истите. Одржување на системот итн. Не бидете наивни. Да де и тоа што викаш. Компјутерите сами се одржуваат. Ај информирајте се како функционира системот за надзор. Секогаш мора да има некој кој ќе има пристап до истиот. А често тоа се тим луѓе.
Ах... никој не спори дека може да бидат злоупотребени.. Ама по таа логика и полиција не треба да има, оти некој може да злоупотреби должност.. пример..
Така баш, снимањето деца е рај за педофилите. Сигурни сте дека од цела држава нема да се најде баш никој што би шитнал копија од тие снимки на педофили? Забрането е со Меѓународните конвенции за заштита на правата на детето. А ако ве мава параноја, отпишете ги децата од градинка.
Мислам дека повеќе има бенефит од камери неголи штета. Сфаќам што сакаш да кажеш ни сепак мислам е потребно. Посебно кај групите јасли
Реално параноја е и да се збори за снимки шитнати на педофили. Но реално ако некој сака да го снима моето или твоето дете... Тоа може и дур си игра во парк а ние седиме од карши. Да не чуе зло само...
Прво сум да има повеќе градинки, и повеќе негователки/воспитувачки. Да не мора врски да се фаќаат уште дури не ти е родено детето, и да не бидат една на 30 деца. Е, кога тоа ќе го средат, може да се разговара за камери. Начукаа луѓе во администрација, по двајца на едно работно место, а ваму недостиг на персонал во градинките. Секогаш кај нас обратно се решаваат проблемите, затоа никогаш не е ништо решено. А за камери ко камери, не сум против, ама џабе додека не се реши другиот проблем
Праќаш дете во градинка, се враќа дома со модрица на образ. Објаснување - го удрило дете од групата. Многу едноставно, нели? Надзор нема, децата се деца и секогаш постои шанса да се скараат за некоја играчка, воспитувачките се заштитени. Во некој момент, се појавува видео каде што вработена во градника се дере на цел глас а се слуша и плач на некое од децата. Дали тоа е моето дете? Дали моето дете има модринка од друго дете, дали паднало поради невнимание на воспитувачките или некоја вработена го малтретира? Педофил може да ги снима децата и во парк, пред градинка, дури и во дворот на градинката. Впрочем, доволно е да направи одреден број мислења на форумот и да гледа слики од бебиња и деца, некои во парк, некои во базен а некои и на ве-це шоља.