Барав ,но не најдов ваква тема, доколу е веќе постоечка,слободно во канта За што сте антиталент? На пример, јас сум за пеење, за цртање ,за фотографирање( ке ве сликам ама без глави многу пати ми се случило )
Убаво цртам, но не дај Боже да ми текне да го бојам цртежот, отиде јабана. Исто така, анти-талент сум за пеење, кој ме слушнал - избегал!
Антиталент сум за многу работи. Не знам да готвам, т.е се трудам ама некако се погрешно излегува и кога ќе излезам од кујната внатре е лом. Не дај Боже да ви запеам, ќе избегате сите, кој низ врата, кој низ прозорец, абе од кај било. Несмасно едно што сум доттука бидува. Мама вели јас не знам уште едно чупе вакво како тебе, никакво несмасно. А фатив нешто а се растури, се расипа, се истури. А многу сум антиталент за лажење. Е ич не ме бидува. Сама си се издавам, не можам да издржам да лажам или да кријам нешто. Има уште ама ова ми текнува сега засега. Ќе припишам уште нешто понатаму...
Антиталент сум за цртање, готвење и лажење. Абре животот да ми зависи од лажење нема да ми успее. Поцрвенувам од уво до уво, жарче се правам и одма се приметува.
Антиталент сум за тактички да се поставам за тоа никогаш не ме бивало, искрена сум и правдољубива често и експлозивна кусо фитилче па после детонации нема назад, мислам дека доколку потактички сум играла полесно ќе ми било општо во животов, ама кога не ме бива . Антиталент сум за некои дамски и префинети карактеристики пр. трепкање како ова смајли и ретко носам сукњи и фустани и поради тоа што знам да си заземам каубој став со подраширени нозе деформација 90% сум во фармерки или пантолони, ама и не ме бива многу за кршење при одење на штикли и слични демек заводнички финеси. Ајм нот дет кајнд оф вери грлиш грл. Не сум ни хардкор машкуданка онака некоја средина, ама антиталент сум ете да искористам некои предности на полот како трепкање со очиња и пр.не плаќаш за паркинг нешто во тој стил де. Антиталент сум за домашни ракотворби од типот плетење, везење и сл. ама ич немам интерес за ова. Антиталент сум за скиење не знам дали има човек кој повеќепати паднал од мене не научив да закочам на друг начин освен на г‘з, дури и со една скија сум останата на удолница и тажно ја гледав како се оддалечува онаа што ми се откачи.
Еии...темава! Инаку, антиталент сум за цртање! А за боење па, да не збориме. Ретко (читај: никогаш) се погодува нешто убаво да нацртам. Ах, да...да не заборавам и за пеење сум антиталент. Ама си пејам онака, по дома дее, за своја душа! Како и сите останати. И така.
За готвење една проста работа ќе утнам, се онака по рецепт, со мајка ми на мобилен и не испаѓа. А се како што треба правам и несака и несака. Антиталент сум и за учење германски јазик Цели 5 години го учев и сега нема шанси да склопат два збора. Абе и цел живот да го учам никогаш нема да го начуам А ете сум пробала, да не речете несакаш ....едноставно небива
За работи што бараат многу концентрација и нерви (пример како ФБИ што си лепи светки на ноктите, такво нешто). Абе како шепи да имам, мајката, не раце!
за математика колку и да се трудам тоа што неоди неоди не можам против тоа само незнам средно што ке правам спас(на полагање)
Јас сум антиталент за сите можни спортови.Ич не сакам спорт,напротив. Антиталент сум за цртање,за готвење (иако многу сакам да готвам сепак ништо не ми оди од рака ),антиталент за имитирање...Не ми текнува. За пеење не сум,си го сакам гласот иако не е ништо посебно,не ми е крескав додека пеам.
.. За играње, тоа дефинитивно! Затоа мразам секакви видови на забави, родендени, свадби, полуматури.. А баш сега ми се наближува полуматурава. Второ, за спортови како кошарка, фудбал, одбојка и слично.. За спортовиве со тепање ме бива, ќути. Ах, и цртање исто. Море, чекајте.. Ај, јас по петти пат редактирам. Епаа.. антиталент сум и за средување коса и онака општо сум несмасна, незнам како се прават некои најосновни работи и баш ќе фатам нешто, постои голема можност да го расипам или истурам, како и да е.. Немам живци за логички задачи или што и да е, за што е потребна логика и размислување. Едноставно ме мрзи. Ај ако ми текне уште нешто ќе ви пишам.. Ии пливање. И ај веќе не ви пишувам, ви ветувам, сигурно до сега заклучивте дека јас сум - АНТИТАЛЕНТ ЗА СЕ!