1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Визијата на Facebook за Metaverse

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mishela, 1 ноември 2021.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.699
    Допаѓања:
    80.850
    Пол:
    Женски
    Одамна се шушкаше дека Фејсбук ќе добие ново име, но ете видовме дека на крај испадна нешто друго и ребрендирањето опфати сосем поинаква насока.



    Се обелодени веста за Мета, замислата за новиот метаверзум и сето она кое ќе им го понуди овој виртуелен свет на корисниците. Меѓутоа, со оглед на тоа што пандемијата ја зголеми побарувачката за онлајн услугите, некако ваквиот чекор не беше можеби до толку изненадувачки за повеќето.

    За променава и идејата која стои зад неа се огласи и Марк Цукерберг. Според неговата изјава, се очекува дека во наредниот период најголемата компанија за социјални мрежи наголемо ќе почне да се трансформира во т.н. „метаверзум“.

    И што би значело тоа?

    Овој нов метаверзум го дефинираат попластично како некоја виртуелна средина во која луѓето ќе можат да прават буквално сè што си практикувале во секојдневието - социјализација, шопинг, игри, истражувања, курсеви, едукација. Сето тоа ќе им биде на располагање со само неколку кликови.

    Метаверс наводно ќе им овозможи на сите да искусат нешто поинакво од дигиталниот свет, па останува да видиме кои нови опции ќе им бидат понудени на неговите корисници и како сето тоа ќе изгледа.

    Еве една поопширна статија со повеќе детали, а вие слободно може тука да си споделите што мислите за ова, ви се допаѓа ли најавата за метаверзумот - зошто да, зошто не и слични муабети.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.895
    Акции за чудово има?
     
    На JustBeautiful, Ketchup и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.382
    Допаѓања:
    37.683
    Пол:
    Женски
    Почнува да ми недостига кога фејсбук беше најпростото место со албуми odmor 2010 halkidiki и допишувања со симпатии после школо, а не вовед во нешто што ме потсеќа на мрачен скај фај филм.

    Само имам прашање, зошто? Која е потребата за ова? Целосно да го префрлиме животот виртуелно?
     
    На mssuniquee, spacegirl92, СуперДевојка и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.363
    Допаѓања:
    77.725
    Пол:
    Женски
    Подобар ми беше Facebook во 2010 кога направив акаунт, отколку сега. А ова со метаверзумот, се' уште не можам баш да кажам додека не видам точно како ќе изгледа тоа. Можеби ќе ми се допадне. xD
     
    На calm-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.568
    Допаѓања:
    19.670
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа идејата, а мислам дека ќе му успее. Само сметам дека нема потреба да живееме паралелен, виртуелен свет. Веќе го живееме, но ако се оствари чудово ова сега ќе биде како нашето детство во споредба со тоа на денешниве деца.

    Но сите овие Маск, Цукерберг, Безос итн. кои кога споделуваат идеи и замисли сите ги гледаат како да не се арни нешто си го истераа својот филм. Има визија човекот, 100 посто е насочен, а тоа што мене не ми се свиѓа и на таквите како мене него секако дека не му е гајле. Ама затоа со мемињата барем си се смеам.

    Работата ми е поврзана со нивната платформа. Кога читам на кои се начини е усовршено собирањето податоци за корисниците, нивно обработување и користење со цел остварување профит, патем на легален начин, со нивна дозвола, (за тоа што не го знаеме не сакам ни да размислувам) сериозно неубаво ми паѓа.
     
    Последна измена: 1 ноември 2021
    На spacegirl92 и Acronia им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.937
    Допаѓања:
    66.101
    Пол:
    Женски
    Ова му доаѓа како Ready Player One. Кој ја читал книгата знае.
    Може да има и школи, да се работи, едноставно животот да се живее виртуелно.
    Не ми се допаѓа зашто телото сепак физички ни е во реалноста и скапува додека со умот сме на друго место.
    Да, може да се продолжи да се негува телото, ама колку ќе се има волја за тоа е прашање.
     
    На Оленка*, spacegirl92, Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    18.188
    Пол:
    Женски
    Се ова веќе е достапно ама се нуди во посебни апликации. На интернет се има, социјализација, шопинг, работа и да работиш и да најдеш некој за тебе да работи, игри, курсеви итн.
    Не можам да го слушам видеото за што станува збор, ама ако е апликација која ке се користи без потреба од додатна опрема како оние 3д очила за игри, тогаш нема разлика.
     
  8. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.486
    Пол:
    Женски
    На повеќето од нас работата ни е врзана со оваа платформа, и не знам дали ќе може да функционираме на стариот начин.

    Би била многу благодарна ако некој успеа да чуе и сфати дали воопшто ќе постои опција да се објавуваат/публикуваат напишани содржини? Дали ќе има опција да се стапува со нови луѓе во контакт, да се додаваат и слично?
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Не е до него. Го префорсираа овој. Цело време ги наметнува своите услуги, под нос ни се набутани.

    Јас инаку го бојкотирам ФБ и ќе бидам изоставена и од Мета најверојатно. ;(
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.698
    Допаѓања:
    169.672
    Појма немам што му е идејата, ама прочитав добар твит- на Зукерберг му се здосадило да води компанија, сака да води држава. Во таа насока и насловов- да беше ФБ држава, ќе беше северна Кореја. Ваљда знаат што зборат, јас никогаш не сум му аплицирала за државјанство и се надевам ќе биде возможно да живееме живот и надвор од метаверзумот:sweat:

    ... ах, малку настрана, ама пак поврзано со една друга тема- пошто излегоа студии, која од на Марко апкиве, повеќе го сјебува психичкото здравје, претпоставувам и АИ психијатар ќе постои како опција. Би се плаќал нормално, со ваши пари, некако виртуелизирани, крипто-базирани, штознам...

    Да прочитам повеќе, може ќе се произнесам дополнително.
     
    Последна измена: 1 ноември 2021
    На MeowMeow и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.219
    Прашање на време беше кога ќе биде овозможена виртуелна реалност на ова ниво.
    ВР технологија постои, платформи за алтернативни реалности веќе постојат, сега само ќе ги спојат во едно.

    На две сум за можноста.
     
  12. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.568
    Допаѓања:
    19.670
    Пол:
    Женски
    А Инстаграм и месинџер бојкотираш? :)
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Не користам социјални мрежи и сл. платформи, освен по потреба. Не гледам што те заинтересира да ме испрашуваш.
     
  14. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.413
    Мене не ми е јасно зошто секоја платформа ја прават сѐ да има на неа. Инстаграм беше платформа за објавување слики. Сега сѐ има само слики не. Зошто едноставно Мета не е посебно со Фејсбук? Не дека жалам за фб, ама една платформа не остана каде што може комплетно да се релаксираш, сите имаат некоја бизнис позадина и сите си зимаат пример една од друга.
    Социјалните мрежи тотално го изгубија нивното првично значење.
     
    На Someonespecial, Pea, spacegirl92 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски

    Воопшто не ми се допаѓа идејата.
    Идните генерации се помалку ќе имаат осет за реалноста. Жално.
     
    На spacegirl92, deskarada, Brinetka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.363
    Допаѓања:
    77.725
    Пол:
    Женски
    Како мислиш се' има само слики не? Јас не гледам дека има друго освен слики и по некое видео.
     
  17. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.413
    Зависи со какви луѓе се следиш.
    Јас со многумина од тие што се следев беа content creators и пред да деактивирам голем процент од постовите беа reels. И Инстаграм сами си кажаа дека во иднина повеќе на видеа сакаат да се посветат, отколку на слики.
    Плус, тоа што додадоа шопинг опција и реклами има на секој втор пост...
     
    На MeowMeow, Oneo, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  18. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.568
    Допаѓања:
    19.670
    Пол:
    Женски
    Не те испрашувам, те прашав. Зошто сметам дека колку и да бојкотираме сите, а верувам мн луѓе сакаат, буквално од сите страни имаат пипци пуштено. Мн луѓе веќе не се на Фб, но се на Инста и пак истото е, пак сме негови клиенти. Ако не сме кај Марк, на Гугл сме. Ако немаме Фб, имаме меил и со тоа не следат на велико и така. Мн е тешко човек да остане надвор од целиов хајп, а ако му успее замислата за Метата на Цукерберг, според мене пак тешко дека ќе останеме надвор од тоа, колку и да сакаме. Барем повеќето.
     
    На spacegirl92, JoyJoy и Аргентина * им се допаѓа ова.
  19. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    licno ne mi se dopaga, sigurno ne bi gubela vreme vo virtuelna realnost zapostavuvajki go realniot zivot
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Во ред. Гугл ми служи и ми е корисен, социјалните мрежи не ми се, згора на тоа ми се досадни, па не ги користам речиси никогаш и тоа е се. :)
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.