1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Визи за Америка

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од butterfly.fly, 28 декември 2011.

  1. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Мислам дека немаше ваква тема,ако има префрлете ме :) Би сакала некој да сподели искуство за добивање на туристичка виза за Америка,сакам да одам,а не знам од кај да почнам со документи,закажувања и сл..Лани бев преку агенција на work&travel а сега сакам да одам пак или ау-паир или како турист,ама се ми изгледа толку сложено кога сам треба да го правиш па еве барам совет од вас феминки мои!!
     
  2. QueenB

    QueenB Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    Здравоо, и јас го имам истото прашање во врска со добивањето на туристичка виза, ако некоја од вас има некое поголемо искуство нека ни пиши :) минатото лето и јас бев во УСА како студент преку work and travel но оваа година сакам да пробам да одам како турист. Кои би ми биле можностите???
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    На официјалната веб страна на амбасадата ги имате сите информации за визите, што документи се потребни и какви услови треба да се исполнуваат.

    Конкретно за туристичка виза за Македонски граѓани има овде.
    За како да се аплицира и да се закаже интервју овде.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас вадев пред 3 год. Освен што потребните документи на сајтот ги потполниш онлине исто така и ги иштампаш, одиш во КБ и уплаќаш за виза и закажуваш интервју на тој тел. што ќе ти го даде банката (банката се ќе ти објасни како оди закажување).
    Носев и 2 слики за виза, потврда дека сум вработена (вие дека сте студенти обавезно извадете си потврда од факс), вадев и од банка потврда дека имам заштеда и имот на мое име. На интервјуто ме прашаа општи прашања, зошто одиш, што и како (имам пријатели таму и кај нив на посета) и ми дадоа за 1 год туристичка виза.
     
  5. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Јас не сум повеќе студент,заштеда и имот на мое име па ич,а ниту сум вработена :D ..што да им однесам јас како потврда дека ке се вратам?
     
  6. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Ја разгледав нивната страна детално,се пишува,ама сакав некој искуство да сподели,малку ми е страв да не ме одбијат и сл...
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Е тука малку тешко ама сепак туристичка е па бар на 3 месеци би требало да ти дадат инаку отидоа 120 долари зијан. Имаш ли некого таму да ти испрати гарантно писмо. Ваљда од лани сеуште одржуваш контакти со некого таму?!!?
    А зошто сакаш сама да се малтретираш оди си пак преку агенција како што си била претходно
     
    На sanja gigova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Па морам да сум студент за да одам преку агенција :D и затоа сега морам сама..а иначе имам контакти таму да..како треба да изгледа тоа гарантно писмо?
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Па така кажи си :D
    И да отидеш таму како прво во таа фамилија што ќе си сместена - претпоставувам пријатели ќе мора да те пријават и само под тој услов (пријавена) ќе можеш да работиш. Таму се високи казни за непријавени - илегалци и таму се почитуваат Законите.
    АЈ сега кажи ми дека нема да одиш да работиш :$

    Гарантното писмо е обично писмо каде се наведуваат сите генералии на фамилијата што го дава (претпоставувам дека ги проверуваат од страна на Конзулат, дали навистина постојат такви луѓе и што прават во животот) и зошто го дава. Значи гарантира дека ќе си сместена кај нив, колкав период ќе си сместена (месец, два, три) и зошто одиш кај нив (обично се наведува посета на пријатели, туризам и сл,). Се адресира до Конзулат во МК ти го штампаш и го носиш со себе кога одиш по виза.

    Ако не се лажам (сега ми текна) како банкова гаранција се уплатува 400 долари на сметка. Тие пари немора да ги вадиш или трошиш туку само ги депонираш во банка, тие ти даваат потврда дека имаш толку средства на сметка и таа потврда ја носиш со себе на интервју. Ако земеш виза, ги вадиш веднаш парите. Така правеа едни познаници.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мојата болна тАчка, моите горчливи спомени... :(

    Јас аплицирав за туристичка виза за Америка, пред некои 3-4 години, уште во старата амбасада.
    Бев стокмена од сите агли (барем така мислев), имав гарантно писмо од вујче од Америка :D , кој живее веќе 16 години таму, со американски пасош и зелен картон, работев и бев се' уште студент, имав потврди и од факултет и од работното место, имав 2000 евра на моја сопствена сметка во банка, имав и дечко на времето, понесов слика и од него, да им кажам дека освен факултетот и работата морам да се вратам и поради него, а не планирав да седам повеќе од месец...

    и не ми дадоа виза, тоа ми е веројатно еден од најболните спомени и разочарувања, а толку се надевав и многу сакав да отидам.
    Сега веќе ентузијазмот ми спласна, немам што да барам таму.

    Во група од 10, само јас и еден дечко не добивме визи. Ние бевме најубаво стокмени, дотерани, намирисани, другото се' беше смрдливо, мрсно и небањато.

    Па мојот совет би бил, не се бањајте кога одите по виза, имајте некој ноншалантен однос, како да не ви е дојдено многу до визата, зашто се' тоа е dumb luck, зависи само од некој мајмун позади прозорчето и како него му се погодил денот за делба на визи.
    Нема некоја поголема филозофија, ниту теорија на заговор, како проверувале, или не знам ти што, услови, ова она, може и да не исполнувате се' според прописите, па да си добиете 10 годишна мулти од нигде никаде.
    Зависи како на некој тексашанец од место помало од Прибилци му се погодило утрото, пак ќе кажам.
    :)
     
    На BraneBranko му/ѝ се допаѓа ова.
  11. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Колку што читав јас,не смееш да работиш со туристичка виза :^) инаку фала за другите информации,ќе ставам пари на сметка и ќе пробам така :) Значи да сумираме што ми треба...прво да пополнам онлајн се,да платам за идентификационен код и да се јавам да закажам,да уплатам 140$, да соберам документи,гарантни писма и сл и да се појавам на интервјуто...Лани се тресев пред интервјуто,ама тоа беше чиста формалност,од 500 луѓе на 2 не им дадоа визи,сега ќе видиме овој пат :worried:
    А исто ми кажаа и дека ако веќе еднаш си бил и си се вратил во пропишаниот рок полесно даваат?
     
  12. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Баш ми е жал што те одбиле...не ти дадоа некакво образложение барем?
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    ^ Ми дадоа, како не ми дадоа. ;)
    Типот, насмеан од уво до уво ми рече - не сте пожелен кандидат и оп! едно розево ливче, уште го чувам.
    Јас бев во неверување, мислев дека се заебава.
    Ама сериозно, не сакав да се тргнам, земав да го прашувам зошто, сакав да ми се објасни, он го повторуваше како папагал само тоа - не сте пожелен кандидат.
    На крајот дојде тип од обезбедување и ме потчукна по рамо да се потргнам од пред шалтерот, чинам вечност скиснав таму.
    :D
     
    На BraneBranko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    oooo :(
     
  15. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Не сме збореле на темава одамна...ајде некој да ми каже дали го знае следново...Имам кој да ми прати гарантно писмо за туристичка виза,дали треба да ми ја прати на мејл па јас да ја земам со меен на интервуто или мора да ми ја пратат по пошта за да имам оргинал? Малце глупо звучи прашањево амаа ко некој знае нека ми каже :)
     
  16. QueenB

    QueenB Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    И мене ме интересира истото прашање девојки и доколку сте запознати во каква форма треба да биде испратено тоа гарантно писмо, дали веќе постои??? Инаку батерфлај дали ти прв пат ќе одиш за Америка? :)
     
  17. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    втор пат..
     
  18. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571

    За Америка незнам, нека каже некој што знае, ама мене ми имаат праќано по пошта од друга држава, гарантно писмо, кое се зема и се заверува во полиција во другата држава. Незнам какви се правилата за Америките, ама се надевам колку - толку помогнав. :)
    Сепак мислам дека по мејл не може да ти пратат ;)

    Едит: И прва работа што направија - кога стигнав, ме однесоа во полиција да ме пријават како странец т.е.гостин. Вака беше во Европа додека беа шенген визите :)
     
  19. otrakana

    otrakana Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ај ве молам некој нека каже дали треба банковната сметка да е во долари или во денари со која се потврдува дека поседуваш парични сретства, пошо сега собирам документи заамериканска виза ке одам деновиве на интервју. И некој поискусен нека каже некоја цака на што повеќе да обрнам внимание за шансите за виза да ми се поголеми. Фала однапред! :D
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Ејј и јас имам закажано интервју за неколку дена. Ама јас сум за work & travel програма, па се надевам ќе добијам.
    Се надевам на тоа што сум студент, ај нека се смилува тоа чичото коа ќе види положено прв семестар 4 десетки, втор запишан се е цакум пакум, договор за работа иам све само уште виза и шибам.
    Дај Боже да биде, па тие што биле веќе добро ќе дојде совет плус.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.