1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

Дискусија во 'Образование' започната од Minnie.Mouse, 11 август 2011.

  1. Minnie.Mouse

    Minnie.Mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    22
    Би сакала некои информации / искуства за овој факултет.
    Сега ќе почнам 4та година средно и размислувам за овој факлутет
    па што ќе ми препорачате .. Благодарам однапред
     
  2. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    http://vs.edu.mk/index.php?option=com_c ... 05&lang=mk

    Разгледај си, ова ти е нивна официјална страна и
    + фб страна

    https://www.facebook.com/group.php?gid= ... 738&ref=ts

    Друго ми имаат кажано дека е доста лесно и дека ти наоѓаат пракса уште во прва година мислам, не сум сигурна.
    Разгледај си ги страничкиве, верувам ќе си ги најдеш одговорите.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не знам сега како е, но додека беа Шпиц и Време на пример, многу често доаѓаа студенти од школата на пракса - оние кои учеа новинарство. Многу од нив, веднаш штом завршија се вработија благодарение на Геровски, но тоа беше баш бидејќи едноставно ги биваше децата и имаа поддршка од Геро. Обично се залага за секој студент што ќе го примети, секој кој вистина се труди и го бива особено за пишување... од она бар што видов и чув од моите колеги, кои ја имаа завршено школата. Тие бар беа задоволни.
    Е, сега не знам како ќе оди тоа со праксата и вработувањето потоа. Бидејќи во тоа време беше и списанието Сега и многу други работи кои сега веќе не постојат.
    Доколку сметаш да избереш Корпоративни комуникации и односи со јавноста, навистина не знам за тој смер тука кај нас како е и специјално на школата. Ама ете девојката пред мене ти има оставено страница од фејсбук, па можеш и таму да поставиш прашање, ваљда некој ќе одговори :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Minnie.Mouse

    Minnie.Mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    22
    Благодарам баш сега ќе погледнам што има. Инаку баш сакав корпоративни комуникации и односи со јавноста но благодарам и за ова... :)
     
  5. in.love.girl

    in.love.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    НОВИНАРСТВО

    Драги форумџики имам еден мал проблем, оваа година сум матурантка и сеуште не сум се целосно одлучила на што и на кој факултет да студирам, но некако повеќе ме влече Новинарството, но немам некој близок кој се разбира од струкава, со кој можам да поразговарам па ве молам ако некој има завршено или некој ако срудира на тој факс нека пиши, како е , тешко-лесно, вреди или не вреди, за работа како е итн. А може и од останантите по некој совет :) однапред големо благодарам
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    јас се запишав на новинарсто е сега имам еден проблем што ме примиле во приватна квота.. а ги исполнувам сите услови за да бидам во државна квота.. и слушнав исто така дека има и квота за националност вистина ли е и како можам да го решам ова?
     
  7. Minnie.Mouse

    Minnie.Mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    22
    Можеби ќе звучам малку глупаво но навистина не се разбирам т.е
    ништо не знам за приватна или државна квота...
    а што всушност е тоа квота ... ќе може некој да ми објасни плиссс .. :worried: :)
     
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Приватна квота значи дека си го плакаш целосниот износ за студирање. Државна квота односно кофинансирање е кога пола од студирањето ти го плака државата. За во државна квота имаат предност студенти кои имаат највисок просек. За останатите ако има место, ако не тогаш запишени се во приватна квота. На пример студирањето на мојот факултет е 400 евра за 1 студиска година. Јас сум примена во државна квота односно со кофинансирање и не плакам 400, туку 200 евра. :)
     
  9. Minnie.Mouse

    Minnie.Mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    22
    Сфаќам .. а тоа го има на секој факултет или само на некои ? И треба посебно да се пријавување или ... ??
     
  10. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    секој факултет има.. а квота за националност? знае некој да ми објасни?
     
  11. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    a ovoj fakultet спаѓа под правен или е посебно?i слушнав дека школарината изнесува 1000 евра годишно :)
     
  12. Frosina190694

    Frosina190694 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали англискиот јазик игра голема улога во овој факултет,бидејќи јас сум слаба со англискиот,а велат дека предавањата биле на англиски ?
     
  13. Histerica1

    Histerica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    јас се размислувам меѓу новинарство на Јустинијан,и ова мада уште не ми е јасно дали станува збор за приватна или државна институција,и дали може да потенцира некој кој студира каде е подобро од тие 2 места?
     
  14. А18А15

    А18А15 Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дали има некој кој студира новинарство...и ако може да ми каже какви се условите таму?
    И колку плата зема еден новинар?
     
  15. sweetie_09

    sweetie_09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Има ли некој што барем малку би не вовел во темава?:D
     
  16. bookslover

    bookslover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, ми треба некој што моментално студира новинарство ако би можел/а да ми пише, фала ви!