Знам дека имаме доста високи девојки на феминава, високи згодни неопходни Па прашањето ми е носите ли високи потпетици? За мене висока девојка е над 175 цм. Гледам често високи девојки кои се искомплексирани дека се високи и не сакаат да носат високи чевли дека ќе штчат! А други баш им е гајле и цепаат со високи потпетици Ако сте висока феминка кажете носите високи потпетици? Колку високи 3,5,10,12 цм? Или зошто евентуално не носите? Јас се нервирам кога пониските ќе речат па немате потреба од штикла. Па јас не ја сваќам штиклата како чевла само за додавање на сантиметри. Чевлата на висока потпетица е едно од најелегантните, најженствените парчиња. Штета е да не ги носи една девојка, без разлика дали е висока или ниска
Уф колку би сакала да сум 175 цм. Отсекогаш сум сакала да сум толку, но имам 10 цм помалку. Обожавам високи потпетици. 10, 12 цм. Не бидејќи ме прават повисока, туку бидејќи се најелегантното, најженственото парче. И кога би била над 175 цм би носела високи потпетици. Едноставно, и даваат на секоја девојка/жена сексипил што ништо друго не може да и даде...
(без навреда за високите)Jас сум 165, и искрено баш тоа ми се свиѓа, не би сакала да бидам ептен висока! никогаш не сум го имала ни тој мерак па со штикличка таман, плус во предност сум можам да бирам висок и понизок дечко(зависи од расположење ) и така
Сестра ми е висока девојка, не знам точно колку но ако јас сум 1.60 таа сигурно е 1.75-1.80 Има преееееубави долги нозе. За разлика од мене таа е многу згодничка, ама баш ништо не и недостасува сем поголема самодоверба. Ме нервира што не оди исправено, друго се е како што треба Штиклите и се слаба страна, ги избегнува бидејќи дечко и е за некој милиметар понизок од неа без штикли Дури и кога излегува со женско друштво пак не облекува вели: "Имам многу долги нозе, не сакам"! Долгите нозе ги смета за недостаток или пак и се изговор. Не знам од каде овој комплекс, се обидувам да и кажам дека и завидувам што е толку висока и згодна но попусто. Незнае да ги искористи своите атрибути и сама си е виновна за тоа. Мислам дека поради нејзиниот дечко се откажала од тоа задоволство. Ја гледам подзината кога јас облекувам штикли, дури и по дома знае да ми направи некоја ревија со нив ама затоа пак надвор жива сила неможе да ја разубеди да ги облече.
^^^Речиси д сејм Ама јас си ги сакам ноѕите ептен, е сега за штикла, еднаш веќе и се пожалав на Росонерка Си носам, ама највисоки ми се 7 сантиметри, е сега ако се вбројува во штикла тоа Веќе имам кажано, дечко ми е за малце понизок, па ко навика ми стана да барам пониска штикла. Уствари, не дека тоа мене или нему ни смета( всушност тој не ги ни гледа дали се високи чевлите или не, баш му е гајле), ама така секогаш ми иде кога купувам. И плус не знам да одам на високо, сум облекла еднаш двапати од мајка ми, која патем е зависник од 12 , и ќе искршев нозе по скали, така да не ризикувам. И да, штрчам, со моиве 1 и 83 плус штикла 5,6,7, а сите од мене пониски, ги гледам од птичја перспектива па мислам дека нема што да додавам на мене веќе Сега веќе ми е навика, па и да купам малце повисочка штикла, ги кратам на мајстор до кај 6,7цм. Тоа е, не е комплекс или било што, напротив, се сакам што сум висока, туку уствари немам потреба од височина и не сакам превисоки потпетици.
Јас сум 180, мож евентуално 179. И носам штикли! Сакам штикли, сакам кога на ногата имам висока потпетица, ногата ми е метар ипол, и јаче де Уште од 3та година кога почнав поинтензивно да искачам, тогаш ги купив првите чевли на висока потпетица и тоа беше љубов на прв поглед Преку ден практикувам удобност, порано само на рамно одев преку ден, ама почнав да се оправувам од тоа последниве 2-3 години, па имам чевлички со ниска штикла, носам чевли на плута а зимово носам и чизми 8ка за на работа Ама подебела штикла и доста удобни се. А навечер обавезно потпетица. Освен секако кафе мафе ако одам знам и балетанче или гладијаторки летно време или рамни чизми, ама во глобала сакам штикла. Еднаш у живот имам влезено во дискотека на ниско. На Владо Јаневски есенва во Б2 требаше цела вечер да стојам и после на концертот и облеков балентанки. Абе се чуствував ко боса да сум Си носам од 8, 10 до 12 мислам дека ми се највисоките потпетици, а мож и 11ка да се. Мање битно 1 сантиметар. Со дечкото немам проблем околу 190 е, па ако ги носам највисоките мож да сум сантиметар повисока ама гајле ми е Е само не би носела никогаш вакви чевли со тууу мач потпетица, превисоки се а ужасно незгодни ми изгледаат стапалото да си го превиткаш, а и ме потсетуваат на стриптизерка или евентуално на цура од порнич, и да сум ниска не би носела! Ајх да и овие лобутинки се претеризам тогаш 195 би била минимум, ќе забивам кошови Ама овие лобутинки хммм :
Еве ме и мене тукааааа Висока сум 182 и носам штикли, ама само за испаѓање, преку ден никако! Иначе штиклите ми се средна висина, гледам да не претерувам ептен... ама сега си купив едни нови и сум можда 195 ахахха и баш ми е интересно. И да немам комплекс за височината, затоа што и си имам убаво телце и јака нога и гордо си ги носам
Воопшто не ми смета кога високи девојки носат високи штикли, баш е тоа секси и женствено... и криво ми е да си кажеме, бидејќи јас сум нискичка... 160см И баш им завидувам понекогаш на височките девојки... и секогаш си велам....Ех, камо да имав барем уште 10см плус... Ама тоа е, јас не се комплексирам што сум ниска, си купувам високи штиклички 10-12см и решен проблем
не сум висока но носам штикли.. но многу ми е убаво кога ќе видам висока девојка, слаби нозе и штикли прекрасно стои ..
Високата потпетица ја диктира женственоста,стилот и држењето кај една девојка/жена. Сметам дека не е битно дали е природно висока девојката,па да немора да стави штикла,бидејки си има сантиметри и онака...Тоа ми е безвезе кажано,иако сметам дека предност е природната висина бидејки на тој начин се добива долга и убава нога,а на тоа ако се додаде висока потпетица + да умее да се износи истата= тоа е совршена комбинација ..Лично сум прилично нискичка 166-167,и обожавам високи потпетици би живеела со нив 24/7 без да ги вадам почитувам и носам и патиче,ниска чизма,римјанки,балетанки-мегутоа како што уживам и наогам задоволство во штикли,ненаогам во другиве имам секкави бои,модели и висини...од најниско до 15ка
Висока сум 179/180 не знам точно, ама знам дека кога сум на штикли фрустрирам се живо и диво околу мене. Повеќето луѓе (машки и женски) ги гледам од птичја перспектива хахаха. Ама тоа е, обожавам да носам штикли, преелегантно изгледаат........а обожавам и високи штикли. Највисоките ми се од 12цм и ги обожавам. Во диско не ми се случило да излезам без штикли (не ни верувам дека ќе се случи), затоа преку ден сум на ниско и ретко се случува да носам високо. Тоа е така поради тоа што не сакам да форсирам штикла-стил за на факултет или за некое дневно излегување Имам мал проблем со момците, ама што е- тука е Се надевам дека наскоро ќе се појави и мојот висок принц (над 190) Високи девојки, еден апел од мене! Не ја сметајте вашата висина како маана или комплекс, сметајте ја како придобивка. Долгите нозе не излегуваат од мода
Висока сум 168-170 тука некаде незнам точно многу сакам да носам високо потпетици но за жал не носам толку често затоа што дечко ми е колку мене па ако облечам штикли че бидам повисока и тоа не ми е баш вкусно па затоа почесто сум на ниско ама кога ќе имам прилика тогаш не ги вадам од мене
Јас сум околу 170-171 и обожавам да носам штикли, и тоа доста високи. Не се замарам дали ќе сум изгледала високо си носам 12ка, 14ка.. Еднаш еден другар во кафич ми беше кажал кошаркарка да не си, облечи пониски штикли сите додворувачи ти се пониски од тебе Па јас со оваа височина сум била висока со штикли, па да ги облече моите штикли сестра ми со нејзините 177 .. Факт е дека момците кај нас се ниски па тоа е тоа, ама нивен проблем јас од штикли не се откажувам Сестра ми е иста висина со дечко ми, а кога се фатија малце пониска беше тогаш носеше некоја минимална штикла. Сега се исти извишена е и не сака да чуе за штикли. Абе и патиките ако се ептен подигнати 2-3 сантиметри да е гумата одоздолу не ги сака Колку убави штикли има а ништо повеќе не носи, и се погоди на Карина.. Колку сакав да бидам уште малце повисока, 178-9 да сум насреќна ќе бев. Се погоди сестра ми повисока, а јас пониска а и двете посакуваме обратно Море и 180 да сум пак ќе носам штикли, поженствено се чувствувам на штикли отколку на ниско.И секако ова за вечерни излегувања, за во школо и за преку ден скоро секогаш сум на ниско. Спојлер Сепак факт е дека за да бидеш згодна пи*ка треба да бидеш висока, ноу хард филингс
Висока сум 171-2 и се би дала да сум повисока. И да, заљубена сум во штикли. И тоа високи 12-14 Со машкиве сум нема некој огромен проблем... Последниот со кој бев беше висок колку мене (на штикли) и не си се замарав.
Aуф не се согласувам ич со ова. Ние балканците сме едни од највисоките луѓе. Е сега србите и црногорците не шијат тука, не да се високииии и убавииии и згоооооодни. Па и женските. Иначе јас во Будва кога бев на одмор јас со штикли и научена сум да сум меѓу повисоките тука кај нас у Македонијава, иако имаме и ние тука многу високи девојки, ама овие црногоркиве и србинкиве аууу 2 метри па и штикли. Ич не им чуе. Високи до небо, згодни, презгодни, витки, секси.... Ама и ние како нација сме доста високи. Одете во други држави да видите колку се дебелки и нискички мажите Бидете среќни што сте тука, имаме убави мажи, само треба да го најдеш вистинскиот
Да не бегаме од темава, се согласувам за србите и црногорците потполно. Минаната година долг период престојував таму и се уверив во тоа. Ама за кај нас и не баш.. И девојките во принцип се доста ниски
Јас сум висока 180 Не излегувам многу ама имам штикли и високи и пониски... иако се дешава многууу ретко јас да излезам во диско или кафана сепак си ги носам на такви излегувања и убаво ми е. Убаво се осеќам ... исполнето. Иако признавам кога бев послаба повеќе уживав во благодетите на штиклите. Сега одамна немам носено. Инаку мене ми смета што сум толку висока ама само понекогаш. И имам долги нозе и се осеќам како олива понекогаш а еден другар па шпагета ме вика. А тој љубоморен метро и желба за растење Ама воглавно длабоко размислено си ја сакам висинава. Да носела да не носела штикли сегде можеш да влезеш без да ти побараат лична карта
Нема ништо појако кога ќе видиш некоја девојка која и така е висока, па плус качена и на штикли - делува многу секси, елегантно, доминантно, женствено, моќно. Јас, иако женско, кога ќе видам некоја таква девојка, висока, згодна и на штикли и се восхитувам и ја гледам со подзината уста . Јас сум висока 173-4 см ( но сакам да сум малку повисока) и штикли носам за само излегување и кога ќе облечам се чувствувам прекрасно, изгледам многу повисока од што сум и супер ми е
Факт е дека момците кај нас се ниски па тоа е тоа, ама нивен проблем јас од штикли не се откажувам Точно,ниски се маживе кај нас.Тоа е ужас.Ај што се ниски туку и мн други раб им фалат.Ама тоа е.
Да се плукнам во високите потпетици... јас не можам да ги носам... Спојлер а пожелно е оти сум 155см Но, така е кога си имаш проблем со 'рбетот...Туку, да искоментирам за темата. Им завидувам на таквите девојки. Значи јас во патики, или ниски салонки, а до мене 175см девојка па и 12 см штикла Значи изгледа како, Станлио и Олио или Долче и Габана Тогаш сум мини-ма4о4 Ама се си има свои предности. Ниското девојченце (мора деминутив да се долови ефектот ) може да најде и високо и ниско момче, а високата девојка само високо, бидејќи не ми сакала да биде француски пар во Македонија . Ciao raggazze