Пред некое време најдов една фотографија која малку ме загризи, па еве ја. Вие што мислите дали толку може да бидат штетни потпетиците, и дали би го издржале сето ова ... ?!
леле можеше во споилер да ја ставиш сликата нормално дека се штетни и тоа многу, да не е така нема да не болат нозете толку од носење, целото тело се криви од нив, но пусто женско се за мода и убавина
Штетни се и тоа како. Да не беа, ќе не болеа ли нозете додека сме на нив и откако ќе ги соблечеме. Еве чист пример. Пред десетина дена бевме на журка и имав штикли 12ка. Независно што ми се прилично нови и скоро неразгазени, ја трпев болката како и секоја друга околу мене. Се додека некој во таа гужва не ме нагази како тенк преку мене и ногата полека почна да потекува. Болката се зголеми, штиклите ги соблеков и кога се вратив дома ми беше преемногу потечена. Ни мраз, ни маст, ни медицинска течност-ништо не помага. Сега веќе се враќа во нормала и попушти-но морам да одам на доктор да провеам. Најверовато некоја преметната жила, но кој знае... Така да, ние жениве не сме нормални со екстремно високите потпетици. Добро се чуди спротивниот пол како се мачиме без потреба. Или не?
Па убавината си има и своја цена, нели? Сепак постои решение - ќе си носите салонки, сандали, потпетици кои ќе одговараат на формата на вашето стапало и ќе немате проблем. Модели има, ама обично ние сме тие кои немаат нерви да пробуваат мал милион обувки за да ги најдат оние кои совршено ќе легнат на ногата, ами се фаќаме за првото што ќе ни падне во око и ајт. Или пак, се обраќа внимание на штиклата - колку повисока, толку посекси и поубава - ма немојте. Понекогаш и ниските штикли знаат да делуваат и убаво и све по списак, ама финта е да носиш вртоглава штикла, мислам како. А вакви сериозни компликации сигурно не можат да настанат доколку штикли се носат само за вечерни излегувања на пример. Неколку саати се океј. Лошо е кога секојдневно стапалото се изложува на вакви тортури.
Језива е сликава, ама сите нека ја видат, па да размислиме ние дамите дали секогаш треба да носиме потпетици
stetni se ama mnogu poubavo izgleda devojka na visoka potpetica otkolku vo patika ili sandala [mod-kirilica:299g243n][/mod-kirilica:299g243n]
Штетни се да, и тоа многу. Ама не се согласувам дека само во нив девојката може да изгледа поубаво. Добро, во патика баш не, ама во сандали (рамни), или римјанки и балетанки и тоа како некои девојки изгледаат убаво. Се е до ставот, до стилот што го имаат. А за високите потпетици не спорам. Иако имам два пара кои кога ги носам не ги ни осеќам, после тоа се чувствуваат какви такви последици.
Убаво е да се носат високи потпетици, така изгледаме по женствено,... да носиме ама не секојдневно, еве јас неможам да замислам секој ден да одам на факултет во потпетици , или на денско кафе ... па секогаш не си складно облечен за да носиш потпетици, ретко носам за преку ден, речиси никогаш. Сакам да носам балетанки ниски сандали, или патики ако евентуално сум облечена по спортски...
Лелле си требала сликава да ја ставиш со споилер, инаку јас многу често носам високи потпетици изгледа ќе треба да намалам
Ајде бее, нема ништо да ми биде од 2-3 пати што ке облечам во неделата и ке поминам од дома до такси па во кафич и назад.
Штетни се сите го знаеме тоа, ама пусто убавината ни е на прво место...До осмо одделение на памет се ми беше да пораснам и да носам штикли, а сега кога можам да ги носам без убедување и молење...не ги носам толку често... само за излегување и за некои спешл настани... Ноѕете болат многу ама какво е чувството кога ќе ги соблечеш и фрлиш а ? мх мх мх А од утре нова приказна....како ништо да не било
Никогаш не сум носела штикли,нормално рано ми е.А за штетењето да штетат на нозете и целото женско и имам слушано многу девојки како се жалат на болки бо нозете после носење штикли.Се надевам во иднина дека нема многу да носам штикли и ќе припазам на последиците кои ги предизвикуваат тие.
Штетни се. Затоа носам салонки со ниска потпетица (5 - 6 см) или балетанки. Еднаш облеков чевли со 12 см потпетица и никад више. Мислам дека нозете си ги искривив.
Многу ретко носам високи потпетици, по свадби и такви работи. Јас сум си за само за ниско, се осеќам најкомотно.
Релативно ретко носам високи потпетици. Искрено, не сум се замислила дали се навистина штетни, едноставно ми се неудобни, и затоа ги избегнувам. За секој ден претпочитам патики. Сепак, не може да се одрече дека високите потпетици изгледаат убаво, а омилени ми се салонките со шпиц напред Дури и најштетни да се, некогаш се жртвувам во името на убавината и елеганцијата
Многу ретко носам високи потпетици, а и не носам нешто многу високи. Да, штетни се, но не е ништо страшно ако некогаш облечеш високи потпетици. Само не треба премногу често да се носат. И премногу рамните обувки, балетанките на пример, се штетни ако се носат премногу често. Повеќе носам патики.
Редовно носам високи потпетици, навикната сум и не ми сметаат. Мислам дека е прашање на навика. А, како што и mode-kristina напиша, и сосем рамните обувки исто можат да бидат штетни.