1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Висок крвен притисок

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од slada, 5 јули 2012.

  1. slada

    slada Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Имам висок крвен притисок од мојата 38 г. ( сега имам 55г.), пијам таблети, моментално ко-пренеса од 4,25мг, и навечер Вазофлекс од 2мг. Мегутоа на стрес веднас реагирам. Притисокот ми оди и до 230 со 110. Тогаш не ми помагаат ни таблети. Органски сум здрава. Ги поминав сите прегледи на кардиологија сто пати. Помош! Дали мозе да ми помогне алтернативната медицина и како? Што да правам?
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    висок крвен притисок

    еве некои едноставни совети за контрола на високиот крвен притисок
    - намалете ја телесната тежина
    - јадете овошје и зеленчук
    - внесувајте цели житарки (она со ознака whole grain)
    - јадете млечни производи, но со намален процент на масти
    - намалете ја количината на сол во јадењата
    - јадете јаткасти плодови и разни семиња (ореви, лешници, сусам, сончоглед). се препорачува 4 до 5 дози неделно
    - вежбајте
    - намалете го внесувањето на масти и масла (пр. зејтин)
    - намалете или уште подобро исфрлете го алкохолот од употреба
    - помала употреба на месо во исхраната

    за контрола на крвниот притисок се препорачува практикување на јога или медитација (во твојот случај и за контрола на стресот). На интернет наидов на информации дека Коензимот Q10, Омега 3, фолната киселина, амино киселини, глог (билка) и секако лукот помагаат во неговата регулација. Еве ти линк за препорачани дози

    http://www.healthiertalk.com/top-21-nat ... ssure-3738

    1. магнезиум 300-500 мг затоа што ги опушта мускулите, а артериите се обвиткани со мускули.
    2. Коензимот Q10 - 100 мг. дневно и т.н.
    разгледај си го линкот има доста добри совети
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    висок крвен притисок

    200гр. р’ж и 200гр. уров сето измешано и сомелено се пие 3 пати на ден по еден филџан за кафе а се вари исто како кафе . Го има на зелено пазарче во една продавничка кај што има и кафе и сл. ствари. Мајка ми го пиеше порано, ама нејзе и варира притисокот. Во секој случај можеш да си го пиеш, никако не штети.
    Незнам дали имаш испитано маснотии, обично тоа заедно оди, па покрај лекарства за притисок да пиеш и омега 3 или пак повеќе храна богата со омега 3 масни киселини (риба еднаш неделно обавезно)
     
  4. Girly

    Girly Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Мајка ми има висок крвен притисок, кој доктор би го препорачале кој е најдобар во својата струка? може и приватен
    Фала
     
    На Simgeee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Не и треба ни доктор ни лекарства туку сонце.Ако не гледа нека почне по основната метода со 10 секунди се до 45 минути и со самото гледање ќе и се нормализира.Јас пред да почнам имав висок и тоа малиот не се спушташе испод 90,100 и бев потежок 15 кг од нормалата.Сега откако го поминав целиот циклус притисокот ми е нормален а многу често малиот знае да се спушта и до 60.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Што еким ќе да беше тииииии :D :D :D
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Читав на интернет за Соларнава јога(така ја нарекуваат) и тој што ја измислил така речено тврди дека и мн др болести можат да се излечат со неа,дури и можеш да не јадеш од самото тоа што ја земаш енергијата од сонцето......сето тоа е убаво а дали е вистинито не знам ама не шкоди да погледнуваш од време на време дирекно во сонцето :) единствено што пречи е што мора да станеш пред изгрејсонце (третманот е убаво да се прави тогаш затоа што сонцето тогаш не е штетно) а кој да станува толку рано :lol:
     
  8. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Лечам од разни болест ЕКИММММ.Што и да те боли ке земеш рициноооо како во приказната. :D
    Еве сведочење од наш македонец кој живее во Загреб и го поминал целиот циклус па решил своето искуство од гледањето во сонце да го каже јавно на хрватската државна телевизија
    http://www.youtube.com/watch?v=J4V3XfdaCw4
     
    На Girly и slavica999 им се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Па така бе образложи си, да знаеме за што станува збор :) а не вака само ,,гледај во сонце,, и ќе ти помине како на кутре :angel:
     
  10. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Ако те мрзи да стануваш толку рано имаш и друга понапредна метода која е 10 пати поефикасна од основнава што сите ја знаат само што за неа е потребно да се посети семинар на Умашанкар во Белград или евентуално ако успееме да го донесеме во Скопје па да не мора да се патува во Белград.Со таа метода се гледа во лотус положба како кај стандардните јоги но не се гледа директно со зеницата туку таа се крева нагоре над очните капаци а се сунча само белката.На тој начин далеку повеќе количина на светлина се внесува а се почнува да речеме од 8,9 часот под агол од 15 степени за врвот да се достигне во 12 на пладне кога аголот е 90 степени.Нормално ова оди постепено како кај првата метода како очите би се навикнале на толку силна светлина.Умашанкар тврди дека со неговата метода целосно слепи луѓе го враќале видот за 7 дена што за современата медицина е научна фантастика.Не случајно сите луѓе што се имаат сликано со него на семинар и каде ги закачиле своите слики на фејзбук профилите им се блокирани делумно од администраторите како предупредување дека треба да ги тргнат.
    Повеќе информации за таа метода има тука
    http://www.ivantic.net/Ostale_knjiige/Z ... _sunce.htm


    Мислам дека нема потреба некоја работа да се повторува по неколку пати затоа што кој сака да дознае комплет од А до Ш нека се врати на почеток на темата Соларна јога и нека ги прочита сите постови. :)
     
    На engi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Веќе 6 години сум во постојана борба со високиот притисок.

    Неколку пати ги имам направено сите потребни анализи (лабораториски преглед на крвта, екг, ехокардеографија, ултразвучен преглед на бубрезите и надбубрегот итд...) за да се одреди потеклото на високиот крвен притисок според кое зависи пристапот кон неговиот третман.
    На крај кога ќе ги комплетирам резултати - се е во ред.

    Ми варира нон стоп и премногу ми ги отежнува дневните активности. Често ми е покачен 160/120 mmHg. Што за мене е неиздржливо(facepalm)
    Главоболка, течење крв од нос, несоница, лупање на срце , вртоглавица дел од секојдневието.

    Година ипол наназад ги променив во целост животните навики кои претставуваат ризик за Покачениот крвен притисок.
    • Редовна активност.
    • Диетална исхрана -Поголем внес на овошје, зеленчук, млечни производи со ниска масленост, риба итд.. (благо, газирано, прженици исфрлив во целост)сол скоро и да не користам иако дневно е дозволено до 5гр.
    • Намалување на телесната тежина - Имав проблем со тежината но со многу труд, воља и упорност успеав да дојдам до нормална тежина согласно висината.
    Имам постојана контрола врз сите активности.
    Не примам никаква терапија. Порано беа проблем годините, сега се грче рамења.
    Сум била и во мојот град и во Скопје... и сакам да одам по трето мислење. Бидејќи неможам вака да продолжам.

    Како вие го регулирате притисокот?
    Дали примате соодветна терапија за него?
    Дали имате постојана контрола врз активностите кои ги преземате?
     
  12. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    здраво девојки ,
    Каде можам да најдам од старите апарати за мерење притисок?

    (со рака што се пумпа и се покажува не на живин столб туку на едно саатче со стрелки)
    Знам дека повеќето користите електрични апарати, но дедо ми сака да си купи од старите модели па ако знаете помогнете ми
    Поздрав :)
     
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Искрено што би ви препорачала е слабеење и здрав начин на живот за висок крвен притисок. Јас во фамилија наследно од мајка ми страната сите имаат висок притисок и големи се нормално шансите и јас да го имам. На само 14г на систематски дознав и дека имам висок притисок, ми беше 140 со 90... Причина искрено беше дебелината и нездрава исхрана. Сега по конечно ослабени килограми, средена исхрана еве решив да го измерам, бидејќи не е заебанција, а стварно сум премала за кардиолози и за лекови за притисок, и притисокот ми беше 115 со 70, нормален :)
     
    На P.SIloveyou му/ѝ се допаѓа ова.
  14. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Dream-Girl бидејќи за да се намали притисокот потребно е да се контролира исхраната и нервозата.Јас лани кога бев на систематски ми велеа дека имам висок притосок и ме прашаа дали некој во фамилијата има висок притисок.Одговорив дека имаат мајка ми и дедо ми..Можеби е наследно не ми одговорија точно а и да ми одговориле тој ден едвај стоев на нозе.Кога ослабнав 7кг притисоко се регулира.
     
  15. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Женски кажете ми ваше мислење.Појавување на црвени како брунчиња,малце паника од страв и мало здрвување на левата страна над горната вилица и нормално од дтрав и паника висок притисок???што може да биде?
     
  16. Gospoga-di

    Gospoga-di Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali moze da mi kazete iskustvo za Enap tableti za visok krven pritisok dali od prvata ispiena tablet se osekate omalakseno dali imate takvo custvo I kako zasamateni kazete iskustvo
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас пијам од 5 мг и тоа на реплек, значи ренаприл, една таблета наутро и дозата ми е погодена, немам намера да ја зголемувам, чиста превентива и заштита, оти знаеше да ми скокне до 180/1оо.
     
  18. JanaMrava

    JanaMrava Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Блиска личност ги има земано и при тоа постојано се чувствуваше поспано но мислам дека ги прекина и сега зема други
     
  19. Gospoga-di

    Gospoga-di Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ete I jas isto prv pat se napiv mi see namali pritisok ama kako zasematena sum vo glavata dali mi se mnogu jaki ili neznam sto e rabotata
     
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Неколку дена следи си го пристисокот, види како ти варира, за да можеш да поднамалиш или да ја покачиш терапијата.