1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вистински детектив (True detective) [2014]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 14 јануари 2014.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Нова серија на HBO околу која веќе се дигна прашина.
    Првата епизода излезе на 12.01.14, ја има веќе на торент.
    Во главните улоги сезонава се Метју Меконахи и Вуди Харелсон. Следната сезона ќе има нова приказна, со нови актери.
    Морам да признаам дека не очекував премногу од Меконахи, ама ме изненади позитивно. Атмосферата во серијата е одлична, кастингот исто така, можам да кажам дека серијата ветува многу. Нормално, од HBO веќе може да се очекува само квалитет.
    Првата сезона предвидено е да има осум епизоди во кои ќе се разработи приказната.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ваши импресии?
     
    На Trnche и LilBaby им се допаѓа ова.
  2. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Јас ја изгледав првата епизода вчера и стварно ми се допадна. Прво, искрено мислев дека Метју не ми е погоден за оваа улога ама сум се излажала. :) Баш неговиот лик, Расти ми е омилен ,а и одлично го доловува. Исто имам и пофалби за Вуди, за него одма знаев дека нема да има утка :)
    А што се однесува до приказната, како за прва епизода ми беше интересна па дефинитивно ќе продолжам да ја гледам.

    Еве и промо за 2 епизода

    http://www.youtube.com/watch?v=dqPQYcqpNHE
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Серијава е одлична. Вторава епизода беше бавна, мрачна, со одлични дијалози.
    Метју уште не можам да си поверувам каков актер е.
    Секс сцените достојни за HBO. :lol: Актерката е Кејт од White Collar, а таму ми беше ептен грда, а види ја ти каква ци*ка фурала. :D
    Едвај ја чекам третата епизода.
     
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Само што ги изгледав двете епизоди и ми се допаднаа. Ќе продолжам да ја гледам серијава. Убава приказна со одлични глумци. Мистериозна приказна, но прекрасно доловена. Вреди да се погледне.
     
  5. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Оооо каква крими-драма! :clap: Моменталната оценка на Имдб е 9,4!
    Уште на почетокот ме освои воведната шпица
    https://www.youtube.com/watch?v=p4zluA60hjs
    Ми се допаѓа временската расцепканост и хинтовите каде што ги даваат и двајцата меѓу интервјуто.Имам чуство како да гледам филм а не серија.Многу силен почеток а ова е очигледно само вовед.
    McConaughey и Woody предобри глумци. :clap:
    Разговорот во кола во првата епизода и колку се само разделени како ликови.I think human consciousness is a tragic misstep in evolution. :)
    Режија, камера, глума, приказна...10/10
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Само три епизоди се до сега или ме лаже торентот? :D

    Многу позитивни коментари прочитав за серијава, ја симнувам првата епизода, ке критикувам подоцна :D
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Метји Меконахи ми е мушкаричина ипол, не знам зашто не сте очекувале од не него, он е супер глумец, ама се во некои линоматки и безвезални има глумено што не му се истакнувал талентот(освен во The Lincoln Lawyer каде ми беше одличен)

    Само ми скрши филм тоа што во втора сезона ќе има нови глумци, но нејсе оваа сигурно ќе ја гледам.
    Само пилотот го гледав, ќе почекам да ми се насоберат повеќе наеднаш на екс да ги изгледам повеќе.
    Солидна крими драма, мислам дека ќе добие големи рејтинзи и гледаност со текот на времето.
    Палче напред од мене :up:
     
  8. J.Walker

    J.Walker Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Не знам што да кажам за серијава. Перфектно. 8)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Се подобра и подобра е серијава.
     
  10. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Cary Jojo fucking Fukunaga!

    [​IMG]

    Глумците се совршени. Ќе се изгуби шмекот на серијава од следната сезона кога ќе ги сменат.
    Оваа Мишел Монаган ја гледав во Gone Baby Gone со Кејси Афлек, и овде има слична улога.
    Сега за сега, најдобра 4та епизода, посебно последниот пет минутен кадар.

    http://www.youtube.com/watch?v=FxXRkqXfhYM

    Што прогнозирате? Кој е убиецот? :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Јас поим немам кој е убиецот. Само се надевам нема да испадне некој од детективите.
    Ова со сексовиве, баш си реков зашто нема една сцена со Кол, кога ете ти. :rofl:
    Кој ќе чека следна недела, па следната е финалето. Ако нема пауза нешто, не сум прочитала, ама се надевам нема да има. А да не се знае нешто за следната сезона, има некои вести или rumours?
     
  12. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Ау бре, ги обожавам овие од HBO!! :D
    Инаку баш сега проверив, нема да има пауза помеѓу епизодите. Следната е на 2 март, последната на 9ти. Инаку вести за втора сезона немам прочитано никаде, освен можни комбинации за кастинг.

    Tom Hanks and Paul Dano
    Casey Affleck and Joaquin Phoenix
    Giancarlo Esposito and Christian Bale
    Sam Rockwell and Michael Fassbender
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    38.309
    Пол:
    Женски
    Јас прочитав некаде дека втора сезона ќе има но со други актери.Жал ми е што нема да бидат истиве.
    Инаку дали ја гледавте новата епизода, дали на крај типчето беше оној кој го бараат? :o
     
  14. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    ^
    Ова го видов пред некоја недела ама не ми е верно. Цел култ ми стои вмешан заедно со дел од полицијата инаку како ќе се заталашкаше толку работата?

    [​IMG]

    На интернет напнаа со теории ама самиот продуцент има изјавено дека крајот нема да биде wow.
    Многу луѓе беа разочарани и од крајот на The Killing, не дај боже да игра по истата шема.

    Инаку, не знам колку е океј прогнозите да ги пишуваме без спојлер? :D
    Бива?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    38.309
    Пол:
    Женски
    Meне општо серијава не ми е многу напната.Одлична ми е ама не она напната како што знае да биде некоја друга крими серија.Актерите ми се одлични, приказната исто, но убиствата не ми се нешто ептен оригинални :D сеа ова оригинални да не звучи многу лошо, ама не ми се многу...како да кажам, психопатски.
    The killing пример мене ми беше многу понапната и повозбудлива, а воедно и многу потажна, јас на секоја епизода се давев во солзи, оваа ми ја нема таа искра.Што знам јас сум човек што сака многу добра психопатска крими серија или филм, книга...било што интересно ми е да гледам до каде човек може да отиде со лудилото.

    Во прилог на постов да напоменам немам мрачна страна :D
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Јас после оскариве и препораката од неколку феминки тука кои ја имаа спомнато како одличнас ерија, си ја симнав и ги изгледав првите две епизоди.
    Ми се допадна серијава, барем судејќи по првиве епизоди. Дејствијето ми се одвива одлично, супер ми е, актерите погодени. Неможам многу да кажам, само ќе се согласам дека убиствата не ми се толку "психопатски" како шо кажа 1209.
    Ќе се потрудам да ги изгледам и останатите епизоди шо се излезени па ќе си напишам целосно мислење за серијава. Сега се сега одлична ми е.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Во врска со ова, мое мислење е дека иако серијалот е крими драма, приказната е повеќе за Метју и Вуди, нивната врска, нивното партнерство, проблемите со кои се соочуваат. Секако дека убиствата не се на последно место, сепак тоа е тоа што ги поврзува Вуди и Метју и што ги диктира случувањата во нивните животи што ги опседнува, демне и полудува, исто како и приказната за The King in Yellow. Според мене серијава е повеќе психолошка драма, него крими драма, тоа е вајбот што јас го доживувам додека гледам, мое мислење, нема потрба да се согласувате со мене :D

    Премногу ме интригираат случувањата со Одри, постарата ќерка на Вуди. Петте кукли додека си играа со Мејси, цртежите во школо, играта со круната помеѓу Одри и Мејси, што ми се чинеше некако премногу симболична за да случајно вметната, промискуитетноста на Одри во тинејџерските години, зошто е на медикации? Незнам некако ми фатија око овие кадри и сега неможам да престанам да мислам на тоа.
    Дали фамилијата на Меги има некаква поврзаност со фамилијата Татлс, можеби татко и..
    Незнам.

    Многу ми се допаѓаат литерарните референци расфрлани насекаде во серијата, симболизмот и мистицизмот поврзан со убиството.

    И кога ги спомнав петте кукли на Одри, ме интересира исто така која е поврзаноста со петте човечиња што ги изработи Метју од лименките од пивата, претте мажи на коњи околу Дора, на сликата во домот на мајка и, и петте типови на луѓе кои ги опишува Метју, мислам во првата епизода. Дали некој друг го примети ова?

    Комплексноста на ликовите е нешто посебно. Костимографија, музиката, и најбитно кинематографијата. О боже мој што да искоментирам за кинематографијата. Не сум забележала кој ја работи, ама симнувам капа. Квалитет од филмски калибар. Вакви сцени гледаме на големото платно, ретко на телевизиска програма. Прекраснотии..

    Едвај чекам финалето, иако продуцентите јасно кажаа да не се очекува премногу за да не се разочараме, бидејки нема да има некој посебен твист. Работата со серијава е што, исто како што изјавил Ник, дека ако поубаво ја анализираш првата епизода, разрешувањето на случајот нема да ти биде големо изненадување. Ќе почекаме до следната недела, за конечно да добиеме одговор на сите прашања, незнам како ќе стокмат се во една епизода, ама верувам дека нема да бидам разочарана во секој случај, бидејки јас не се впуштив во серијава очекувајки премногу време посветено на убиствата. Туку го добив баш она што го очекував, прекрасен карактер билд ап, прекрасни дијалози, куп длабоки емоции, страшно добри филозофии.

    Уште на сам старт на 2014 не бомбардираат со добри серии, се надевам цела година ќе прдолжи вака.
     
    На Trnche, Edie.S, Madam-A и 4 други им се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас мислам дека последнава епизода и те како покажа дека се психопатски убиствата, не е само реакцијата на Марти едноставно погледнете што содржеше касетата.
    И Марти и Раст си имаат своја точка што ги засега толку многу овие убиства. Раст ја изгубил ќерката на 3 годишна возраст, а Марти...па Марти и неговата ќерка се толку инволвирани и покрај тоа што суптилно режисеров само во сегменти посветува внимание на тоа пр. цртежите како дете.

    А за ХБО...не знам ни што да кажам, а да не звучи клише.
    Мајстори се за вакви кратки совршенства, фактот дека ова чудо од серија уште една епизода ќе ги има Раст и Марти ме тера да вриштам.
    Мозочен секс даваат овие, од типот доживуваш оргазам али знаеш пустиот колку ќе трае.
    Ја ќе уживам во серијава уште долго откако ќе заврши.

    Јас пишав предлог во друга тема уште летото, ама еве и тука, наааајтопло ви ја препорачувам Top of the lake
    .
     
    На Paradox му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Ле-ле!!! Какво серииште. Сосем приземјени и реални, а воедно и тешкозамисливи животни „сплетки“ .
    Ако наредната сезона е со други актери, ќе биде преслична на оваа и ќе го изгуби она автохтоното што си го има засега и ќе стане исфорсирана серија што се врти во круг како CSI оние со 10сезони.
    Доста оргинална :up: Со длабока позадина.

    Да. Мислам дека тој е тој. Само што се мислам дали има и некаква поврзаност со тој момакот што го најде Кол кај таа црквата во некоја од претходните епизоди, додека Марти го чекаше во кола (ако се сеќавате) кој исто така ја косеше тревата. Дијалогот ме потсети на тој, ама пак тој не ќе да имаше лузни.. (која епизода беше ако се сеќава некој, да си ја прегледам сцената? )

    - Во врска со болдираниве работи и јас многу се напнав што премалку ги има и нејасни ми се некако. Не се сеќавам на 5те кукли со кои играле или можеби не сум приметила, освен ако мислиш на тие тогаш што ги виде Марти кога ги викаше за вечера? Не знам дали беа 5, ама беше тоа некаква језива сцена дефинитивно. И сега на последнава епизода со лековите бев: :o Од тука почнаа да ми се мотаат можните комбинации и потенцијалното посуштинско значење на ликот на постарата керка.
    - Парадокс, Браво за теоријата „Коиндиденцијата“ на 5ките . Човечињата на Кол не ги поврзав со другите, некако си побара тој 6 пива, ама пак и тоа што викаш, премногу случајно за да биде случајно. Не ја приметив ни сликата (и не се сеќавам која беше Дора..?). Сега некако поврзаноста на бројките кои ја наведе Парадокс ми мати памет, детали кои всушност ме пецкаа како недообјаснети настани, испаѓа дека имаат нешто заедничко (број) што ги прави да корелираат меѓу себе.

    Едвај чекам да ја гледам наредната епизода!
     
    На Paradox му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сцената во која Марти седи покрај креветот на Раст, си пие од цевче и чека да се разбуди Раст е прајслес. :D Се препираа сеуште и покрај тоа што поминаа. :D

    Are we getting engaged? Раст е цар! :rock: Плачев со него кога збореше за ќерката, прекрасна глума, ме воодушеви сите овие 8 епизоди!

    Најдобрата серија што излезе во скоро време. А Раст најдобриот лик ever!
     
    На Sramezlivoto и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.