Вистински човечки вредноси?!? Ха, добра тема, навистина. Во денешно време ретко кај кого останаа вистински човечки вредности како што се почитта, добрината, праведноста и така натаму. Ретки се оние луѓе кои што навистина ги имаат сите тие доблести во себе и, им честитам како се уште не се променети врз основа на луѓето со кои сме опколени во секојдневниот живот.
Вистинските човечки вредности се изгубија со промената на општественото уредување. Луѓето понесени од лакомоста и престижот во борбата за создавање капитал се оттуѓија меѓусебно и ги заборавија доблестите што не прават човечко битие.Во турбулентното секојдневие тешко можеме да сретнеме некој достоен на своето јас.Ретки се тие,а уште помалку оние што сакаат да ги ценат убавите манири.Моралот,искреноста,почитта,љубезноста исчезнаа,а со тоа и човечноста...
Многу вредности се изгубени, а и целиот систем на вредности е пореметен. Се’ помалку има чесност, доверба, лојалност, искреност, солидарност итн.