Јaс речиси се хрaнaм сaмo сo витaлиa oсвен oвoшје и зеленчук хaaхх кoристaм сoинo млекo, сoјa, супи...сaмoo скупaчки ми се пoздрaaв
Виталија искрено ми е далеку од "здрава храна", иако е тешко да се разграничи денес што е здрава храна а што не е. Искрено, кога ќе ги погледнам состојките на пакувањата производите ми личат на се само не на здрава храна. Еден куп адитиви. И оние што ги јадете како замена за чоколади ви се преполни со шеќер така што подобро не се мачете и каснете си чоколадо, исто ви се фаќа. Не се залажувајте.
Еве баш денес се накупував од нивните производи,до тогаш купував само мусли,не знам колку се со или без адетиви ама ќе ги конзумирам некое време
Од виталиа ги користам моментално само овие барови. Порано ги jaдев и муслите ама веке не. Крекерите ги имам пробано ама не ми се убави, исто и овесните каши не ми се нешто посебно.
Има во маркетиве 5 плус 1 гратис од тие плочките мислам нови 66 денари се..јадам по една сабајле со чај и сита сум 4 саати минимум ...пред некој ден купив од Гранола муслите преубави се со млеко да ги потопиш и да ги оставиш отприлика пола саат убаво да омекнат..ммм. превкусни се... Патем сакав да прашам дали некој има купено од супите и дали се вкусни?
@Independiente имам земено крем супа. Еднаш пробав и сега така ми стои. мене ич не ме бендиса, ама мене. Инаку има уште едни нови барови со кафе и малку се поинакви на вкус, ама добри се и стварно те држат сит
Има и бистра супа од виталиа, можеш таа да jа пробаш. Би требало да е поубава од оваа крем супа. Ама да си кажам ич не сум по супите jaс, со сила jадам и обична да е.
Мене многу ми се вкусни овие мешавините за супи на Виталија, ги пробав сите. Омилена не можам да издвојам, ги обожавам сите, ама морам да признаам дека не се за сечиј вкус. Дечко ми постојано се мршти кога ги гледа семињата внатре, а мене ми се баш вкусни супите со додатоци од овој тип. Обожавам бистри и крем супи, па и не сум многу пребирлива кога станува збор за супите и чорбите.
Речиси секој ден консумирам по нешто, од сите производи коишто сум ги пробала само галетите и медот не ги консумирам често. Мед си земаме или од проверен човек, или кога нема на залиха преку пријатели, пошто сепак друго си е природно. Овесните снегулки Go Nutri или оние од Кам во жолто паковање секојдневно си ги јадам. Обично си додавам во нив овошје; киви, јаболко, банана или суви сливи на алкалоид и си правам сама овесна кашичка. Кога сакам да сменам си ги земам Фит&Актив муслите и си ги јадам со Баланс јогурт. Еве овие Гранола баровите со вкус на мед и бадем и оние со вкус на орев и лешник ми се омилени. Има и со вкус на јаболко и цимет и таму некои други комбинации како бело чоколадо, ама мене не ми се свиѓаат. : D Чаевите од брусница и аронија си ги консумирам редовно, а исто си земам и сушена брусница и аронија. Вкусни и здрави. Јаворовиот сируп го имам пробано уште години уназад, тогаш како диетален напиток, а сега повеќе како замена за шеќер. Протеинот од сурутка си го земам кога ќе влезам во филм со теретаната, а и брат ми си го консумира. Еве овој Најчесто производите си ги земам од нивната продавничка на 50та Дивизија (кај Хипократ). Имаат најголем избор, а и производите таму им се најевтини.
Јас сите џемови од залиха им ги имам купено. За дијабетичари проверено се екстра. Плус се многу убави. Се наоѓа во тинекс по две мали џемчиња врзани за 80ден. Купувам и разни шеќери (кои ми се доста дискутабилни) стевија, оризово млеко, и понекогаш од баровите ама тие се мн калорични а ги сакам па забушавам во купување.
Ги јадам само житните чоколатца, ама ретко. И тие се штетни како и обичните чоколади. Содржат шеќери.
Скоро се имам пробано и од се сум задоволна, само од супите не. Чуден ми е вкусот, никако неможам да ги поднесам. Омилени производи ми се:
Ее овие се што ги наброивте дали заситуваар јас само јадам на секој саат по една кришка и не сум ненајадена и се благо јадам дали овие најадуваат и дали се скапи како им се движи цената????
Купувам производи на виталија, меѓутоа не сум сигурна колку се здрави т.е. без додатоци на шеќер, сол или арома. Најмногу ги консумирам бајтерс, овесната каша со лешници, кафе имот шеќер, миксот од соја и семки и сушниот зачин. Браво за новата амбалажа и штандот во Сити мол.
Добри се ако ти тренба брзо залче, не си дома итн. но се далеку од природни и без конзерванси и шеќери. пример баровите им се саде засладувачи.
Чисти шеќери ви се тие баровите а и крекерите исто. За муслите па колку не се здрави тоа воопшто не дискутирам.. А ако ги користите за "диета" сте свршиле работа