Имам долга виткана коса, и сега имам мерак за прв пат да ја сечам кратка до рамења....Ама сепак се мислам кога ке јас сечам да ми стигна до ушите бидејки е виткана ... Совет? (ако има ваква тема слободно канта) позз..
Виткана коса подобро е да биде подолга, бидејќи има поголем волумен. Ќе треба да користиш производи за обликување на локните.
Јас мислам дека пократка, виткана коса е многу потешка за одржување... секогаш ќе имаш некое залутано влакно, ке ти се шири во волумен и ќе ти биде непослушна (барем мене ми беше), а долгата виткана коса си добива тежина и полесна е за одржување. Плус ако е кратка ќе треба да користиш разни производи за да се справиш со неа, да успееш да ја смириш, барем кај мене така беше и ја направив дополнително сува.
мојата коса беше долга и можев полесно да се справам со неа, а сега кога ја скратив неможам да ја одржавам многу ми буши и незнам како да ја правам па морам да ја носам собрана во пунџа ( мој совет не ја крати )
Девојки значи имам виткана,густа и долга коса, и сега сакам малку да ја скратам степенасто,неколку прамени да ми бидат пократки за да ми дојди средено бидејќи ми е рамна и долу на краевите ми изгледа мн густа неможам никако да се справам, а во коренот не е мн виткана а и кадриците поубаво ќе ми се оформат бидејќи ми е рамна и цела коса тежи надолу и во коренот ми доаѓа поправа а долу како буф виткана.Што мислите вие дали ќе ми изгледа поубаво малку ако ја скратам?
Ако ти е само заради густината, тогаш можеш само да ја изретчиш на фризер. Ќе им кажеш само на врвовите да ја ретчат
Мене витканата коса ми е секогаш поубава кога е пократка. Не прекратка, но некаде до рамениците или малку над нив ми е полн погодок и отсекогаш потајно сум посакувала таква боб фризура. Зависи и од обликот на лицето, но мене многу посимпатично ми делува кога е пократка.
ако ја скратиш премногу затоа што има многу голем волумен косата локните ќе се кренат нагоре и ќе ти изгледа главата како топќе без некоја одредена форма и ќе треба да посветиш многу внимание за да ти изгледа како што сакаш и ќе се нервираш а од друга страна ќе те прави повозрасна. Ама ова е ако ти беде баш кратка. Ако ти биде како оваа тоа е златна средина и е преубаво исто така е убаво и кога е долга косата!
Еве според овие слики можете полесно да одредите како сакам.Значи косата моментално ми е ваква како на првите две слики а и иста таква форма имам на лицето и сега сакам да ја изретчам малку степенасто да не ми биди мн како буф долу на крајот.Како што гледате не ми е мн во коренот ептен виктана туку долу ми е повеќе,е сега ме интересира како би ми била доколку би ја скратила малку степенасто дали ќе ми дојди рамномерно виткана како на третата слика?