Витни Хјустон (Whitney Houston)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Belen, 20 август 2010.

  1. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    62
    Витни Хјустон е едно од најзначајните имиња во музиката, во која остави силен белег по препознатливиот вокал. Сите ја знаеме I Will Always Love You и нејзините исклучителни изведби во деведесетите години. Меѓутоа, иако кариерата на Витни се движеше во нагорна линија, консумирањето дрога и пропаднатиот брак, значеа долг прекин на нејзината музичка кариера. Од 2007 година таа се врати на сцена, а веќе во 2009 на музичкиот пазар се појави и нејзиниот нов албум. Меѓутоа, фановите останаа разочарани од нејзините вокални способности. Дрогата го направила своето.

    Што мислите вие за Витни Хјустон?

    Whitney Houston - I Will Always Love You 1991
    http://www.youtube.com/watch?v=Eho6m_H1q2c

    Витни Хјустон десет години подоцна...
    http://www.youtube.com/watch?v=6WXOkEWZbW0
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Дефинитивно еден од најмоќните гласови. Прекрасна е женава, извонредни вокални способности, едноставно те погаѓа во срце секој нејзин испеан стих. И се восхитувам на хитовите што ги има направено и успешната кариера што ја има постигнато исклучиво благодарение на нејзиниот глас. За проблемите со дрогата, славата си го прави своето и неуспешниот брак со Боби Браун, премногу лоши и стресни работи има претрпено со него, па така да не е чудно што имаше такви падови во животот. Сепак, настрана нејзиниот личен живот, како пејачка е извонредна.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Прекрасна пејачка,мислам дека нема некој друг со такви вокални способности,сметам дека според својата кариера што ја имала некогаш се истакнува повеќе за разлика од Селин Дион,Мараја Кери итн.Незнам што убавини видела во дрогата,но едно направи става лош крај на својата кариера,се уништи себе си,а покрај тоа тотално ги разочара нејзините обожаватели,меѓутоа ете парите и славата си го прават своето,нешта кои се проследени со секакви негативни последици меѓу кои и дрогата.Знам доста познати личности кои парите ги користеле за покорисни цели,како хуманитарни концерти и др.Знам имаше порано статија тука на фемина за Витни Хјустон и сето тоа што го напишав погоре е сосема слично со веќе постоечката статија на фемина,но сепак имам и прочитано на друго место за животот на Витни.Сепак човек треба да е свесен за парите,славата,за тоа до каде може да оди со тие две нешта,но не да се уништува себе си,треба да се разбере дека најважни сме ние самите себе си,да го цениме животот,а не да се упропастуваме,бидејки парите,славата или било што друго се само споредна работа,ништо повеќе.Незнам дали Витни сега со оглед на нејзината ситуација, ќе успее да го врати успехот што го имала некогаш.Еве една песна нејзина :) ;)

    [youtube]<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/3cjV5dTaE6U?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/3cjV5dTaE6U?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>[/youtube]
     
  4. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    75
    во потполност се согласувам со тебе
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.633
    Ете ја И Витни, еден добар вокал, со прекрасни песни. Многу ја сакам и често ја слушам. Ај вил олвејс лав ју и Ај хев нотинг ми се онака, на врвот на листата :D
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.257
    Допаѓања:
    24.799
    Мислам дека на планетата Земја нема подобар вокал од Витни Хјустон. Ги сакам нејзините песни, и ги знам сите, без исклучок.

    Омилена ми е песната која беше официјална нумера на олимпијадата '84, One moment in time. И не само омилена од Витни Хјустон, туку таа ми е омилена песна воошто, затоа што ми буди чувства како ниту една друга во светов. Не ме потсетува на ништо конкретно, туку ми се допаѓа динамиката и текстот. Особено текстот.

    One Moment in Time

    Each day I live
    I want to be
    A day to give
    The best of me
    I'm only one
    But not alone
    My finest day
    Is yet unknown

    I broke my heart
    Fought every gain
    To taste the sweet
    I face the pain
    I rise and fall
    Yet through it all
    This much remains

    I want one moment in time
    When I'm more than I thought I could be
    When all of my dreams are a heartbeat away
    And the answers are all up to me
    Give me one moment in time
    When I'm racing with destiny
    Then in that one moment of time
    I will feel
    I will feel eternity

    I've lived to be
    The very best
    I want it all
    No time for less
    I've laid the plans
    Now lay the chance
    Here in my hands

    Give me one moment in time
    When I'm more than I thought I could be
    When all of my dreams are a heartbeat away
    And the answers are all up to me
    Give me one moment in time
    When I'm racing with destiny
    Then in that one moment of time
    I will feel
    I will feel eternity

    You're a winner for a lifetime
    If you seize that one moment in time
    Make it shine

    Give me one moment in time
    When I'm more than I thought I could be
    When all of my dreams are a heartbeat away
    And the answers are all up to me
    Give me one moment in time
    When I'm racing with destiny
    Then in that one moment of time
    I will be
    I will be
    I will be free
    I will be
    I will be free


    Исклучително инспиративна песна. Веројатно ја сакам затоа што копнеам по некој таков момент. Кога ми е тешко од многу работа, учење, се по список, си ја пуштам, и ми помага да продолжам со тоа што сум го почнала. Кога ќе постигнам некој успех и сум горда на себе, и кога ќе ја слушнам станувам уште погорда.

    Снимката не е добра, ама 1984 беше одамна.

    http://www.youtube.com/watch?v=poaXgXQmdIo
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.708
    Вбројана меѓу најдобрите вокали што некогаш постоеле, не може човек да не се наежи на нејзина изведба, посебно кога е во живо, кога ја гледаш таа нејзина експресија, чувствата кои од уста и‘ се излеваат.
    Дефинитивно за мене најубава е...
    http://www.youtube.com/watch?v=FxYw0XPEoKE&ob=av2n
     
    На Gordana10 и Ariel им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    23.972
  9. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    6.799
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Ако се роди некој подобар вокал јас тогаш правам што сакате :D Дефинитвно најдобра,ја слушам и тоа како.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.690
    За гласот да не коментирам, само ќе се повторувам со Феминките пред мене. Дефинитивно најдобар и најмоќен вокал што сум го слушнала... Буквално да се наежи човек. Од песните ми е тешко да издвојам некоја посебно, но ајде ако веќе морам :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=FxYw0XPEoKE&amp;ob=av2n
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.727
    Почина Витни Хјустон

    Витни Хјустон, која беше кралица на поп музиката се додека дрогата не и го уништи гласот, почина. Причината за смртта е се уште непозната.
    http://www.cbc.ca/news/world/story/2012 ... -dies.html
    Ептен млада беше :/
     
  13. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    332
    [СДК] Сакам да кажам...

    починала Whitney Houston... RIP
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.394
    Пол:
    Женски
    Почина Витни Хјустон

    Убо си има кажано-"The biggest devil is me. I'm either my best friend or my worst enemy," ! Дрога и ариведерчи, сама си ја избрала судбата..

    http://www.usatoday.com/life/people/obi ... 53053070/1
     
    На Justinna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.727
    Почина Витни Хјустон

    Маж и ја запозна со дрогата, а пред него замина :/
     
  16. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.745
    Допаѓања:
    76.639
    Жалосно...Потоа е смешно кога ке чујам муабет,епа барем си живееше квалитетно и за сопствени задоволства. Борбата со себе е немилосрдна. РИП...
    http://www.youtube.com/watch?v=FxYw0XPEoKE&ob=av2n
    Прекрасно...фасцинантен глас.
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    6.797
    Допаѓања:
    29.264
    жално е да, ама па, сама си го направи тоа што си го направи!
    Hекој помлади од нејзе умираат, и не поради причитана од која таа почина!
    требаше да знае да си го цени животот...
    Kако и да е, нека почива во мир
     
  19. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Жално, а каков само вокал беше. Нека почива во мир.
     
  20. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    R.I.P. Whitney ... штета што некои луѓе не знаат да си го ценат животот, отиде уште еден незаменлив вокал