Не знам дали некој од феминките ја гледа оваа серија. Мене ми е ново откритие Се работи за Мери, кралицата на Шкотите кога доаѓа во Франција на дворот на францускиот крал. Полна со дворски сплетки, нешто како Тјудори. Меѓутоа има некој тинејџерски шмек, наликува на филмот на Софија Копола за Марија Антоанета со Кирстен Данст. Серијата е релативно нова, досега се излезени 8 епизоди. Топло им ја препорачувам на сите оние кои сакаат филмови и серии со дворски заткулисни игри.
Јас ја следам серијава и сега за сега ми се допаѓа. Мери доаѓа на францускиот двор за да се омажи со следниот француски крал, но во меѓувреме многу интриги и сплетки се случуваат. Вреди да се погледне
Да,да една од омилените серии! ја обожавам серијата,но посебно Францис! Се топам кога го гледам ...јас оваа серија си ја следам на ХРТ1 секоја сабота околу 10 саатот навечер И како шо гледам нема да биди серијата како шо беше во историјата,то ест најавија дека Францис нема да умре и ќе направат демек да остане жив ова-она... Баш е интересен начинот како историската Мери Стјуарт умре...кога и јас сечеа главата под нејзиниот фустан имаше куче и кога отиде главата излезе кучето од фустанот на Мери... Не,не...не можам повеќе оваа серија е врв многу си ја засакав а гледам Хрватите почнаа со историски филмови и серии,баш интересно Филмови за Елизабета Прва,за Борџиите серија,па сега и за братучетката на Елизабета Прва-Мери...
Јас ја изгледав целата сезона.Серијата не е лоша за тепање време,иако не гледам многу серии поврзани со историски настани оваа како промена добро ми дојде
серијата е преубава,добра содржина што ќе те привлече да гледаш,поточно историска содржина,добр група на актери и мислам дека од сезона во сезона е подобра и подобра.ви ја препорачувам да ја погледнете
Па не би кажала дека е подобра од сезона во сезона...Се разочарав многу од последнава епизода мислам знаев дека Францис ке умре ама нема да ми е тоа тоа серијава без Тоби.Плачев како луда и не верувам дека ќе продолжам со гледање...
Те разбирам и мене нема да ми биди исто без Францис,но ко што рече знаевме дека Францис ќе умре,серијата е направена повеќе за животот на Мери одколку за Францис.Сепак секој со свој вкус,јас баш мислам дека сега ќе биди уште поинтересна со повеќе интригии
Да секако,секој со свој вкус.Не дека и мене не ме интересира што натаму ќе се случува и знам дека Мери е таа околу која се врти целото дејство,но мене Францис ми беше омилен лик и веројатно затоа не верувам дека до толку ќе е интересно натаму..Можеби грешам не знам..
Сега се зависи од продуцентот на серијата дали серијата е според вистинскиот живот на Мери или пак прави подруго сценарио,сепак јас мислам по тоа што имам читано (учено) ќе биде поинтересно но сепак ќе види што ќе се случува.
Ете помина неколку епизоди откога Францис умре...ама мене ми недостига така да си речам..па се решив една слика да направам специјално за Францис и Мери
Следна епизода ќе има дури на 25 Април, не разбарав баш зашто. од CW така ја префрлиле. Иначе предобра е, ги изгледав сите епизоди, мене од почетокот не ми беа омилени Мери и Франсис заедно, многу ми се лигавеа, јас повеќе сакав со Баш да заврши ама ете кога се омажи Лејди Кена, ми станаа они двајца омилени. Во серијава мислам дека ниеден пар не издржува подолго време, ама ниеден, сите се разделуваа за кратко време и тоа е многу глупо. Моментално, најомилени ми се Лејнт и Клоуд и како пар и како личности, оваа Гриер многу го зезаше и го маткаше 2 сезони веќе. Интересно е сега и со Елизабет, кој ќе биде следниот маж на Мери и многу се смеам кога ќе се здружат Кетрин и Мери заедно. Го одолговлекуваат заминувањето на Мери во Шкотска затоа што историски после нејзиното враќање ќе биде убиена од својот народ.
Елизабета ќе ја отепа историски.Таа потпиша нешто пто би рекле ние ферман и со таа дозвола на Мери Стјуарт,кралицата на Шкотите му е отсечена главата.За оваа одлука Елизабета се има покаено.И власта подоцна полека преминува во рацете на Англија,а во власта влезе и Џон мислам дека се викаше Стјуарт,синот на Мери...војната на братучетките беше прилично интересна.Мери две години тераше со Францис,после наводно бегала во Шпанија,па се омажила со нејзиниот братучед...а јас сум баш љубопитна што ќе прават во следната епизода,како девицата Елизабета и Мери ќе го продолжат конфликтот и дали ќе направат кога ќе дојде денот за крајот на серијава,Мери да е погубена на гилотина.Има интересна легенда кога ја погубуваа Мери...кога и ја секоа главата,од под фустанот излегла нејзината мачка...хахах ова ми беше баш интересен факт шо го имам читнато...интересна област е историјава