1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ме инспирира темата со ист наслов, ама за мажи со брада.
    Па ми текна дека и некои од жените имаат брада... јас на пример... последица од полицистични јајници.

    И?
    Би биле ли со жена која има брада?
    ... и мустаќи.
     
    На EvAngelos, cavalli, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.757
    Пол:
    Машки
    Не.
     
    На _beautyy_, simonna.a, NAJROBI и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    8.267
    Пол:
    Машки
    Многу добра тема :rofl:
    не сум размислувал за брада...за мустаќ сум размислувал ама за брада не ми текнало
    :D а многу од актерките у Холивуд се бричат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Јок.
    Ни кај жена ни кај маж не ми изгледа привлечно.
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    И кај нас има многу што се бричат... дури и такви што немаат брада.
    Мовта ја бричат, оти пудрата поубо стоела на бричено лице |(
     
    На cavalli, christinnn и Ajronmen им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Што е со темава Вајлд?!? Едно време почнаа и влакна под мишка да пуштаат жените, па демек и нозе не си бричат.
    Прво е гадно, второ нехигиенски. Што знам можеби мажи со чудни фетиши би сакале брада и општо влакна по женско тело, ама и за себе не е пријатно.
    Полицистичните јајници не се нешто што не се третира, а уште помалку длакавоста.
    Не сум сигурна како брада и бркови кај жена е воопшто привлечно.
    Али ако се гледаш во огледало и се чуствуваш убаво со брада, чувај си ја.
     
    На Nana1156, LoLa96, Роберт 7 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Doncic

    Doncic Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Машки
  8. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Кога ја видов темата и кој ја креирал веднаш помислив на интимната брада кај жената.Ама после се изненадив :D Така да не не ми се допаѓа
     
    На LoLa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.543
    Пол:
    Женски
    Знам една жена со мустаќи и се прашувам зошто не ги отстранува. Разбирам да се има зголемена влакнивост поради некои нарушувања, ама да се остава така, зошто, кога не изгледа убаво?
     
    На oblace1, GrimTheReaper и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Јас ја депилирам.
    Сум била и на електролиза и на ласер, не ми помогнало.
    Полицистични јајници немам веќе 20 години, ама влакнатоста како проблем ми остана.

    Е сега... измеѓу едно и друго депилирање, мора да ги потпораснеш, оти нема да ги фати восокот.
    Едноставно, немам избор да бидам 100% од времето без влакна на лицето.
    Сум се бричела, помеѓу третмани на козметичар, ама во истиот ден се познаваат.
    Она 5 o'clock shadow.

    Што значи, ако некој ме гледа редовно (па и еднаш неделно да е), ќе ме види со подрастена брада.

    Не знам дали сите партнери заприметиле... оние што биле од 'еднаш' сигурно не, ама тие со кои сум подолго и тоа како знаеле дека имам брада.
     
    На 1Q84, Angelllla, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Ауу не, јас општо мразам влакна и гадно ми е, претходно цело време се средував по целото тело, сега со дете баш и немам време за толку често да се средувам и сама себе не се сакам кога сум обрасната со влакна, на мм не му смета бар до сега не ми кажал дека му смета кога ми се обраснати нозете или интимата.
    На лицето мов никогаш не сум отстранувала и немам ни намера, бркови си имам ама често си ги депилирам.

    А брада кај мажи сакам ама убава и средена брада.
     
    На simonna.a, Traveler91 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    Hold on miss. :)

    Те читам и почитувам, но, преку овој пост негативно ме изненади.
    Во двеве реченици ти лежи цела артилерска поддршка кон патријархатот.

    Прво - Жената има право да прави што сака. Буквално.
    Друго - Недепилација нема допирна точка со хигиена.
    Веќе сме го дискутирале ова на форумот, ама ајде уште еднаш...
    Значи општествениот beauty програм, на чело со модната педерска индустрија ни наметна вакви нереални стандарди.

    Не натераа да се отуѓиме од природата на своите тела, и да го ставиме фокусот кон небитни работи од типот на: комбинирање облека, депилација, шминка и сите други неприродни и нехумани третмани кои секојдневно си ги правиме сами на себе во име на естетската општествена стигма.
    А зошто?

    Зошто Пепе од Gucci - cucci рекол така.
    Иако тој Пепе подалеку од пенисот на дечко му не видел, а женска убавина му е еквивалент на Трнорушка.

    Трето - фетишизам.
    Од кога имањето влакна на телото која е природна појава, може да биде нечиј фетиш?
    Никогаш.

    Значи пази, мора да правиш разлика.
    Едно е да пишеш не ми се допаѓа на око заради тоа што сум така научена, како што јас пишав горе на пример, а друго е да кажеш дека недепилација по дифолт значи лична нехигиена.

    Темата си е скрос на место. Мада одговориве знам каде водат и знам што ќе прерасне од целава дискусија.
     
    Последна измена: 18 април 2021
    На Angie1432, 1Q84, Victorian и 50 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Леле, колкава згрозеност мислиш станува збор за некакви грозни лишаи, красти, пликови по тело кои е одвратно да се гледаат и можно е да се заразни. Мое тело, ако сакам ќе одам и со брада, на кој му пречи не мора да гледа, не мора да се дружи со мене и толку. Толку се вкорени ова жените да се мазни како новороденчиња што тоа е малку језивкото, а не дали се имало негде некое влакно.
    Многу ми се промени мислењето на оваа тема последниве години, многу. Сметам дека треба да се тргне целиот притисок врз жените и едноставно малку да се остават слободно да дишат. Излегла нечупана, who cares, нема да се сруши светот, имала влакна на брадата, голема работа, не создала природата такви.

    И сега кога не можам, немам време, не сакам, што и да е, не ги средувам, си одам така, не дека имам некоја страшна брада сега, ама имам влакна. И не ме интересира. Како што реков, мое тело и каква сакам ќе одам. Така што, останатите може да си прават што сакаат.
     
    На 1Q84, Victorian, TJ101 и 47 други им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Не мора толку дрски коментари. И тие жени не сакаат влакна на лицето но ете од некоја причина го имаат тој проблем.
    Сум зборувала со девојка која се мачеше со влакна на брадата. Не и беше сеедно, само поради дрски коментари и сожалувачки погледи.
    На крај, сите имаме влакна, по цело тело.
    Пострашни се површните коментари, ауу девојка е како така со влакна. Ако сака, никаде нема да ги отстранува. Не му дава тоа право на некој да разделува омаложувачки коментари.
    Влакната се природна работа, дали некој ќе се придржува до стандардите и да ги отстранува, е негова работа, исто како што е и да не ги отстранува.

    Преференции се едно, недолични коментари се друго.
     
    На 1Q84, Victorian, TJ101 и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.543
    Пол:
    Женски
    И сега, наместо машките да одговорат на темава, дали им се допаѓа брада или не, за што е отворена воопшто, ќе се пишува општо дали треба или не да се отстрануваат влакната и ќе се оправдуваме дека кој како сака ќе тера. Затоа пријавив барем насловот да се смени. Ако остане ист, некои дискусии ќе се оф топик.
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не е и до насловот само, во врски е темава, ама форумот е женски, па нормално женските ќе се изјаснат пак.
    Ќе најдеме решение.
     
  17. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    @GrimTheReaper, дали и за влакна по тело кај мажи мислиш дека е нехигиенски?
     
    На 1Q84, Victorian, TJ101 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    А што ако имате партнека и развие отпосле PCOS?
    Дали е за вас deal-breaker влакнатост на лице?
     
    На 1Q84, jarec6 и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    @Nigredo Odor @Ketchup Гадно и нехигиенски се однесуваше на влакна на нозе и под мишка. И да нехигиенски е затоа што кога има присутво на влакна пример под мишка, самиот мирис е поинтензивен. Општо не сакам длакавост кај двата пола. Бричење, депилирање на мишка is a must за мене во двата случаи.
    Што се однесува до брада, не ми е нехигиенски туку неубаво за гледање. На сите ни растат по неколку, по многу. Не е тешко да се извадат. Всушност природата не направила нас жените да бидеме без влакна на лице, така да не знам како се оддалечуваме од неа. Тоа што растат е од други фактори.
    Ама секако немам против некоја да се шета со брада, што побуди ќе предизвика тоа кај мене е знак прашалник, но дека ќе ми измами насмевка во смисла на убавина, тешко. Да бидеме реални, по брада замислувам машка брада на женско лице. Што природно и убаво има тука?!?!
     
    На Suhan, Traveler91 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    maxresdefault.jpg
    Една од жените кои гордо ги истакнуваат своите недостатоци. Мислам браво за неа, мило ми е што ги надминала предрасудите и се чувствува добро во своја кожа. Но, јас не би си дозволила на себе си да пуштам брада. Едноставно нема убаво да се чувствувам. Ама темава не е за мене, ниту пак за жените, на крајот од денот. Но, дека маж би рекол дека нема да му пречи ваква брада, чисто се сомневам. Темава повеќе е за на кајгана, каде преовладува машка популација. Таму ќе се добијат поверодостојни мислења. Бидејќи се однесува на избор на партнерка. А што ние жените мислиме, мање битно.