1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влатко Лозаноски

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од BI-44, 4 јануари 2012.

  1. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    484
    Влатко Лозаноски - Лозано е роден 27.06.1985 година во Кичево, Република Македонија. Основно училиште завршува во родното Кичево, а потоа се запишува во средно музичко училиште во Битола, теоретски отсек. Образованието го продолжува во Скопје на факултетот за музичка уметност. Уште како дете знаел дека музиката ќе биде неговата најголема љубов и животна определба. Свири на пијано, хармоника и гитара.
    Со широка популарност се здоби по учеството во ТВ шоуто „Мак Ѕвезди“ (септември 2007 – мај 2008) во кое на крајот го освои третото место, а публиката имаше можност да го запознае неговиот раскошен глас и неверојатен талент.
    Во јуни 2008 г. првиот сингл „Врати ме“ му донесе убедлива победа и награда Гран При на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен „Ѕвездена ноќ“. Потоа следеше хитот „Обичен без тебе“, а октомври 2008 г. го одбележа огромен успех, победа на еден од најпрестижните музички фестивали во Македонија, „Макфест“ со „Времето да застане“. Оваа песна му ја донесе на Лозано и наградата за најдобар дебитант од стручното жири.
    Следниот сингл на Лозано „Сонце не ме грее“ станува негов најголем хит, кој беше и официјално прогласен за македонски радио хит на годината освојувајќи го првото место на Македонскиот Радиски фестивал во ноември 2008. Долго време беше на врвот на радио и телевизиските топ листи. Видео записот за „Сонце не ме грее“ е еден од најгледаните на интернет порталите, а песната е препеана и од популарни пеачи во Грузија и Бразил.
    Во февруари 2009 Лозано учествуваше на фестивалот Скопје – национален избор за Песна на Евровизија. Песната „Блиску до мене“, која се пласираше на четвртото место, стана уште еден голем хит кој на крајот на годината ја освои наградата за трета најслушана песна во Македонија за 2009 г. на Македонскиот Радиски Фестивал.
    Летото помина во знакот на интернационални музички фестивали. Лозано ја восхити публиката со извонредната интерпретација на баладата „Душо варљива“ на фестивалот „Пјесме Медитерана“ во Будва, Црна Гора. Во јули 2009 г. блесна на реномираниот фестивал „Славјански Базар“ во Витебск, Белорусија и во силна конкуренција на пеачи од повеќе европски држави го освои второто место. Истата година на фестивалот „Златни крилја“ во Молдавија настапува во дует со Магдалена Цветковска и ја освојуваат втората награда, додека Лозано е прогласен за најдобар машки вокал. На радост на бројните фанови, во почетокот на 2010 г. е издаден првиот албум „Лозано“ на кој се најдоа хитовите како „Сонце не ме грее“, “Блиску до мене“, „Нема да е крај на свет“, но и четири нови песни. Лозано се јавува како автор на две од нив („Очи што тајни кријат“ и „За кого ти е срцето“).
    Лозано ја продолжува успешната соработка со Лазар Цветкоски, кој ја потпишува како композитор и аранжер романтичната „Летам кон тебе“. Оваа песна го освои четвртото место на фестивалот Скопје 2010. и многу брзо го најде патот до широката публика и вон границите на нашата земја. Во јули 2010 г. Лозано настапуваше на интернационалниот телевизиски фестивал „Песни на морето“ во Севастопол, Украина заедно со најдобрите млади пеачи од 17 држави. По изведбата на „Летам кон тебе“ и “This Love”се пласираше меѓу најдобрите пет изведувачи, за во финалната вечер да го освои четвртото место. Со исклучителниот музички талент и интерпретација Лозано ги воодушевува и публиката и критиката. Интересно е што тој е познат и по одличната изведба на стари македонски народни песни кои многу ги цени како дел од нашата традиција и културно наследство.
    2008– “Ѕвездена Ноќ” радиски Фестивал – Охрид – Гранд При
    2008– “Макфест” – Штип – Гранд При и Најдобар Дебитант
    2009- Скопски Фестивал(избор за Песна за Евровизија) – 4то место
    2009- “Pjesma Mediterana” – Budva, Crna Gora
    2009– “Славјански Базар” – Vitebsk, Belorusija – 2ро место
    2009– “Златни Крилја” – Kisinjev, Moldavija – 2ро место и Најдобар машки вокал
    2009– “Марс” Радиски Фестивал – Скопје – Најслушана песна на радиостаниците и трета најслушана песна од публиката во Македонија
    2010- Skopski Festival (izbor za Pesna za Evrovizija) – 4to mesto
    2010- “Pesni na Moreto” – Sevastopol, Ukraina – 4то место
     
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
  3. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не дека ми е сограѓанин, но е еден од најдобрите пејачи во Македонија. Ако не и најдобар. Убав глас, насмевка..
    Повеќето песни му се убави, а омилена ми е "Блиску до мене" и "Кога мене ќе ме немаш".
     
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    одвратен, wanna be Тоше.
    не рипајте одма, мое мислење. ;)



    и до кога за се што се ќе се појави на нашава ``сцена`` ќе отвораме теми ?
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Па поарно за нашиве пеачи да се отвараат теми неголи за некои порно ѕвезди што немаат никаква улога во општеството и што со секс се пробиле во јавниот живот.

    Влатче го обожавам. Од порано многу повеќе го слушав, сега не толку. Убави песни има и ќе кажам дека моментално е еден од најдобрите пеачи во земјава.
    Ама, ние сме научени се’ што е наше да го плукаме. Македонска работа.
     
    На bal0n43, Hipster и LittleDevil им се допаѓа ова.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Многу го сакам Влатче.
    Никогаш не сум имала мислење дека го имитира Тоше.
    Ете уште од почетокот, кога почна во Мак ѕвезди кај Вучиќ, што му беше доста глупа опција, но така се проби, важеше за некои луѓе - имитација на Тоше.
    Океј, нивно или ваше право сеедно, не ме занима, за мене никогаш не важел за таков.


    Радо би платила карта за негов концерт, и тој е еден од ретките на македонскава поп сцена за кој вреди да се издвои денар за концерт затоа што знам дека ќе си поминам многу убаво, и не, нема да ми биде срам ако кажам дека сум платила карта за концерт на Влатко Лозаноски!
    Некои дури и се срамат да кажат дека воопшто биле на концерт на некој X мак. изведувач, макар и гратиси биле. Па побогу, одиш на концерт за после да се срамиш дека другарчињата ќе се шегуваат со тебе оти не бил на Таламаска, Гета, Шабан и остали за мене срања.


    И да, се дур плукаме по се што е наше, дури и квалитетно, ќе тоне и музиката, и спортот, и се што нас не претставува во светот!
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Не е којзнае што ама е чекор понапред од останатите млади пеачи на сцената.
    Скоро сите негови песни ми се допаѓаат, има убав глас, скромен е. Посебно ми се допаѓа спотот за Кога мене ке ме немаш а и песната е многу добра.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа, не дека ми е земјак(имам потекло од Кичево) пее прекрасно, ми е претерано скромен, мил, тотално различен од сегашниве Мaкедонски ''ѕвезди''. |(
    И најбитно од се, има прекрасни песни, незнам дали има навистина некоја која не ми се свија.
    Go on! :up:
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
  10. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Ги слушам песните на Влатче. Сите до една ги знам..тој е еден од ретките на нашава естрада шо не пеат песни за Кеш, кеш,..менаџери..блабла.
    Кога мене ќе ме немаш, Очи што тајни кријат, Биди тоа што си ти, Обичен без тебе ми се омилени.
    Му пишав неколку пати на тоа фејзбукот од чиста досада, ама паѓав во несевест кога ќе ми вратеше. Детски радости :lol:
     
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Песните на Влатче се како за на Златно Славејче.
     
  12. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Од сите, според мене само Влатко е приземјен и не прави глупости како другиве наши "елитни" пејачи. Го почитувам како пејач, а има и уште еден додатен плус од мене дека е од Кичевската околија :)
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Мене па ептен испозанесен ми делува |(
    Инаку, вокално е супер дечково, ок му се песничките, си фура еден исти стил, си држи темпо. Има повеќе што ми се допаѓаат:
    http://www.youtube.com/watch?v=HGpkJZ4sRoU
    http://www.youtube.com/watch?v=2St8E4yr ... re=related
    Да, би си купила/спуштила :lol: албум од дечково.
    http://www.youtube.com/watch?v=aOKKgvtQ ... re=related
    На почетокот кога се појави се чинеше дека Тоше го имитира. Дури и јас кога прв пат го слушнав во живо го помислив истото затоа што бојата на гласот проклето слична беше. Среќа, не ја разви кариерата во тој правец. Арен си е вака.
    И оваа ми е омилена. Каков лежечки тон се фаќа на рефренот :mm:
    http://www.youtube.com/watch?v=c_knGQZ3gdY
     
  14. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Мене баш ми се свиѓат Влатче...Супер си е дечкото, а и песните не се до толку лоши
     
  15. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    Влатче е супер има многу убави песни, една од поомилените ми е кога мене ќе ме немаш :D
     
  16. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    484
  17. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Добар машки вокал, не се фолира толку многу како што знаат другиве македонски машки вокали да се исфолираат :) Има и добри песни мене така подобра негова ми е

    http://www.youtube.com/watch?v=lo82QhlbFYA
     
  18. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Еден од омилените вокали заедно со нексттајм :) Сите песни му се убави а го издвојувам текстот на Обичен без тебе
    http://www.youtube.com/watch?v=TPOlrSx1qCA
     
  19. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
  20. Lozanoska

    Lozanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    133
    Најдобар и најубав е....
     
    На skorpija123 му/ѝ се допаѓа ова.