Инспирирана од една дискусија на тема Гринџ, се прележав да ја отворам темава. Дали мислите дека Холивуд влијае врз нашите религиозни/ традиционални празници и до која мера? Дали ликовите како Дедо Мраз (познат како таков во источното европско крило) или Санта Клаус, во западното , се автохтони прифатливи ликови? Дали Гринџ е антипод на Божиќ и зошто да или не? Дали набрзо и Велигденскиот зајак ќе стане дел од нашата традиција или зошто не?
Да на се погоре наведено, освен Гринч Почетоците на Дедо Мраз или Santa се поврзува со Св. Никола, кој живеел во 4 век и бил познат по дарувањето и помагањето на сиромашните. Сепак Дедо Мраз со црвен костум и бела брада како што го знаеме сега е продукт на “маркетинг” тимот на Кока Кола во 1930. Од тогаш па до денес не само што го прифативме таквиот изглед на Дедо Мраз туку е и речиси незаменлив дел од Божиќ и како го славиме празникот, се тоа благодарение на глобализацијата (Холивуд, самите фирми, па дури и музичката индустрија…). Од филмовите сме научени дека Дедо Мраз носи подароци, но само на умните деца… ако не си умен нема пакетче од Дедо Мраз. Бидејќи децата најчесто се умни, тие добиваат пакетче кое благодарение на прекувремената работа на џуџињата на Дедо Мраз веќе се распространети и достапни во сите маркети и продавници. А Дедо Мраз (како и БЦ) бидејќи е само еден и не може да стигне секаде, преку родителите ја доставува пратката спакувана од продавница до дома. За тоа секако се плаќа одредена цена која Дедо Мраз поради инфлација не може да ја покрие… па останува притисокот на родителите да се снајдат и да ја платат “доставата” за секое умно дете да добе пакетче Во крајна линија се работи за консумеризам. Американците трошат над 1000 долари за поклони “од Дедо Мраз”, верувам дека оваа мода ќе не стигне и нас. Реалноста е дека ако нешто доволно долго се пласира почнуваш да го прифаќаш тоа и да ти станува нормално, така и ние со Дедо Мраз. Гринч од друга страна: За мене значењето на Божиќ е семејството, што сме сите заедно тоа ми е најголем подарок. Целата атмосфера со елката, светилките … Хаосот додека спремаме вечера за Бадник, исчекувањето на “паричката” , убавата трпеза и “дотерани” заедно каде и да сме. Во тоа сум доста послична на Гринч отколку на Дедо Мраз.
Не мислам дека на некој му е гајле да ни наметнува нови традиции колку шо му е да се троши производот. Традициите дел ги наследваме, дел ги модифицираме како шо ни одговарат и дел креираме скроз нови. На крај важно е со кој ги прајме. Така да, за мене, не е толку длабоко да видам, да бендисам, да напрам. Е сега шо Холивуд става како значајно за традиција е чист конзумеризам и продавање на производ. Баш и околу празниците имав спомнато за културата на давање поклони, чак и нешто симболично, за Божиќ и НГ и дали уствари за 5-10 години од сега ќе сме презаситени со Божиќен џанк дома со она шо конзумеризмот рече дека е слатко дадената година? Гринч и мене ми е приказна шо не е критика на самиот празник, туку баш ко шо рече @Victorian на конзумеризмот шо можи да се речи дека е најголем околу тој празник. Башка е дел од ugly sweaters, никогаш не експлориравме та тема. Зајачето мислам дека "помина" од редот. Се сеќавам ко дете сегде беше. But it never hit good enough како Дедо Мраз па во последни години скоро и ич да не го забележвам кај нас. Не мислам дека има иднина. Додуша Божиќ и Велигден скроз непропорционално се застапени во филови. А, баш ме интересира са зошто. За Дедо Мраз секој дел од светот си има своја приказна пред нели да се комерцијализира. Веќе "постои" па полесно се прифаќа. Зајчето ваљда го нема сегде и евентуално некој ќе праша "зошто" и ко ќе види ќе речи "лол не". Којзнае.
Мие Валентајн го славимо зашо да не и Зајко за Велигден Влијае не само Холивуд туку и рилсојте на тик ток, фб, инста… Младинава све појќе сака да биде у тек со западот таќе да не би ме чудело и св. Патрик и чуркете за тенксгивинг да почна да се слава. Хеловин одамна е прифатен
Не сме го прифатиле Халовин целосно. Само делот со маските. Баш подобра временска рамка има од Коледе, не рано од сабајле.
Санта е симбол кој се пакува како популарен производ. Инаку е познат приказ на добрина, Св.Никола, како што е познат низ Источна Европа. Секако дека сме го прифатиле како Санта, оти, кој би му одолеал на дедото со поклони? Гринч потсетува на тоа дека празниците не се или барем не треба да бидат за материјализмот. Гринч има добра поента, за конфликтот меѓу љубовта, алчноста и трансформацијата. Иако заработува повеќе отколку што краде за поклони. Иначе е создаден пред холивудската адаптација. Само што со истава, стана популарен и влијателен. Што се однесува до Велигденското зајче, важи скроз истото. Зависи колку сме подложни на глобализацијата на празничната индустрија. Сакам да кажам, дека ова се прифатени и глобализирани симболи, кои го претставуваат современиот дух на празнувањето, често ослободени од нивните религиозни и/или културни контексти. Дали треба да биде така, би рекла, на кого како му е убаво. Секој од нас треба да има слобода да носи одлуки и да се води според својот избор. Еве, на мене има ефект се што претставува магија, радост, убави спомени за децата и за семејството воопшто. Без разлика од кои култури произлегува. И истово нели, апсолутно не мора да вклучува религиозни и/или верски компоненти.
Да. Холивуд има значително влијание врз современите религиозни и традиционални празници, особено преку глобализацијата и поп-културата. Рекламите, сериите и филмовите често го прикажуваат Божиќ како настан со акцент на материјализмот, подарувањето и семејното натпреварување, намалувајќи ја религиозната компонента. Раѓањето на Исус е засенето од огромната желба за поседување на физички нешта. На пример, ликот на Дедо Мраз во современата култура често се поврзува повеќе со дарувањето отколку со свети Никола, неговата основа. Сите станаа посремни да добијат отколку да дадат. Во Источна Европа, ликот на Дедо Мраз е блиску поврзан со „Дед Мороз“, традиционален словенски лик кој носи подароци за време на новогодишните празници, често придружуван од Снегурочка. Овие ликови имаат подлабоки корени во фолклорот. На Запад, Санта Клаус е инспириран од свети Никола, но преку годините е трансформиран од комерцијалните медиуми, како што се Кока-Кола кампањите, кои го направија препознатлив со црвениот костум. Гринч е негативен лик, но од него може да се извлече поука. На почетокот на приказната, Гринч го мрази Божиќ бидејќи смета дека празникот е станат како поткрепа на материјализмот. Потоа сфаќа Божиќ е за славење на заедништвото, љубовта и радоста. Велигденскиот зајак може да стане дел од нашата традиција, но тоа зависи од културната отвореност и медиумската изложеност. Во денешно време, преку глобализацијата, многу западни обичаи се прифаќаат, особено ако имаат елементи кои привлекуваат деца, како лов на велигденски јајца или украсување.
Вака исечено ко ќе го прочитам, излегува дека Санта е лошиот комерцијален лик, Гринчов антикомерцијален херој. Вака во мојата глава, пошто конзумеризам=лошо Инаку, секоја генерација со своите херои и демони. Оти не растеме во саксија општествено, ниту во временска капсула. Јас, како дете од бивша Византија (посоодветен термин не ми текнува) ...па, за нас постоеше Дедо мраз за Нова година. Носеше пакетчиња кај мајка ми на работа. Бадник и Божиќ беа за дома, оти ,,комунизам,, верата беше за дома. И искрено ама никаква врска ми немаше Дедо мраз со Божиќ. Тоа што мене сеуште ми е тешко да го сфатам е моментот со подароците. Ок, Дедо мраз/ Свети Никола, им дава слатко-благо на децата. И во католицизам и во православие, Свети Никола е многу пред Божиќ. Каква точно Врска има со Божиќ, и има ли некаква воопшто ми е животна мистерија. Ако некој знае да објасни, би била ... со една животна мистерија помалку
Гринч (без разлика на неговата намера) е подеднакво дел од културната и комерцијалната машина, бидејќи приказната за него секако го полни истото тоа празнично тркало. Иако критикува материјализам, на крајот станува подеднакво комерцијализиран. Ова е баш пример дека дури и антикомерцијалниот наратив може да биде дел од празничниот маркетинг. Санта е еволуирана верзија на Св. Никола, симбол на дарежливост и добрина, но е преформулиран низ времето за да се вклопи во современите традиции и комерцијалниот дух на празниците. И твоето искуство совршено покажува како празничните симболи се адаптираат на времето и културните околности. Свети Никола, со својата историска улога како заштитник на сиромашните и децата, многу порано од Божиќ, носел мали подароци за деца. Али, со тек на време, комерцијалниот свет го споил овој симбол со Божиќ за да се создаде еден глобален лик кој е удобен за сите култури, Санта Клаус. Лик кој носи подароци токму во срцето на празничната сезона. Врската меѓу Свети Никола и Божиќ е повеќе резултат на историски и културни адаптации, отколку реална или не знам длабока теолошка врска. Симболите како Санта и Гринч не мора неминовно да се гледаат низ призмата на добро или лошо. Тие се дел од глобалната празнична приказна, а на нас како генерации, останува дали и како ќе ги прифатиме во нашите традиции.
Ама јас сериозно, не ги гледам измислените ликови како добро или лошо. Измислени, мислам Санта и Гринч. Мене традициите ми се таман, со Свети Никола да дава слаткиши. И токму тоа го кажав, дека теолошка врска мене не ми е позната. Има еден друг, веројатно релативно анонимен цртан филм на темата https://en.m.wikipedia.org/wiki/The_Star_(2017_film) Нешто малку као дава смисла околу подароците, дека трите кралеви му даваат дарови на новородениот Исус. Е сега, тоа што 3 кралеви е 12 дена по христовото раѓање, или на 6ти јануари е друга ствар, филмот тоа го сместува во истиот ден/вечер на Божиќ. Ок, spending justified
А јас сериозно не реков дека ти така гледаш, само се обидов да направам поширока паралела за тоа како традициите и симболите се редефинираат и прилагодуваат во контекст на денешницата. Ова е од вчера, сега да си продолжам. Д стар ми е непознат искрено, ама ме мрзи сега да гуглам. Претпоставувам дека се работи за комбинација на христијански, историски и културни фактори. Веројатно дава смисла на традициите преку религиозен контекст. Ради драматичен ефект и симболиката на подароците со раѓањето на Исус како најголемиот дар. Не знам дали има хронолошки разлики со Библијата, али идејата за подарување се врзува за моментите на радост. Како и да е, магијата на традициите, е тоа што можеме да ги адаптираме на начин што има смисла за нас, без разлика дали потекнуваат од религиозен, културен или секуларен контекст. Секој може да ја најде својата приказна во тие симболи и на крајот, се се сведува на убавината на споделувањето и љубовта. Spending justified, е само ако фокусот на трошењето не ги засенува семејните и/или духовните вредности на празниците. Спротивното е материјализам, наместо суштина. Навика што ги поддржува интересите на маркетингот. Точно е дека конзумеризмот и празниците се поврзани и тоа преку трансформација на традиционалните обичаи во современи, комерцијализирани ритуали. Иако во суштина имаат духовна или семејна димензија, комерцијализмот ги користи овие моменти како одлична можност за стимулирање на купувањето.
Празни флоскули како „Нашите мисли се со...„ или „Нашите молитви одат кон...„ - зборови кои во последниве години ги слушам во изјавите на балкански политичари а како формулации се превземени од американскиот свет кој се пропагира себе си претежно преку холивудските филмови. Не ме чуди што Холивуд сега им е во пламен. За велигденскиот зајак одамна го печатат на кесичките од фарбите за јајца, но и околу Велигден врие од чоколадни зајаци, што не е толку страшно додека не почнат да се организираат во македонски училишта на час по македонски јазик (или турски, српски, албански) барање на велигденскиот зајак и јајца како во американските филмови. Во склоп на час по англиски, или во американско училиште (има во Скопје) тоа е веќе друго - запознавање на странска култура, и тоа е во ред. За Халоуин јас долгов време мислев дека тоа е само филм во повеќе продолжениа. Интересно како индијските филмови и серии немале некое влијание врз религиските традиции во Македонија.
Па влијанието е големо не само преку филмови туку и преку музика, продукти кои се поврзуваат со празнувањето ко Кока кола а особено и нивните реклами кои што и нашиве пробуваат во исти стил (манипулативно емотивен) да ги прават со цел поголема продажба. Ја пошто сум свесен за тоа суптилно влијание, свесно го игнорирам. Премалку се застапени кај нас. Од серија имаше една порано "Малечката невеста" и тоа. Инаку Индиските филмови се многу интересни и уникатни и немаат врска со Холивудските. Препорака до сите да побараат на интернет Индиски филмови и да изгледаат неколку. Ќе видите нов свет кој не сте го знаеле до сега како затруени од Холивудската режија
Легендата за Дедо Мраз се поврзува со Свети Никола. Но секоја земја неговиот лик и дело ги адаптирала и прилагодила на домашните наративи, уште повеќе на домашните убедувања. Па така во Германија на пример Николаус доаѓа на свети Никола и остава подароци за децата во нивните чизмички, додека пак Вајнахтман или груб превод ќе му дојде како Божиќен човек, односно Дедо Мраз доаѓа на Божиќ и остава подароци за децата под елката. Во Македонија е Дедо Мраз, како посткомунистичка земја, доаѓа ноќта на Нова Година, не поврзан за светец конкретно туку како некој кој носи радост и подароци за децата. Како дел од традицијата. Кока кола нема идеја да го популаризира Дедо Мраз, туку својот производ. До тогаш Кока Кола се сметала за летен пијалак кој се конзумирал во лето и побарувачката драстично паѓала во останатите месеци од годината. Во обид да го пласира и продаде својот производ и во зима, го користи ликот на Дедо Мраз кој веќе е популарен на зима, како некој што носи радост па така ја носи и Кока Кола на нашите трпези и во зима. Од друга страна, додека во светот Дедо Мраз се поврзува со Свети Никола кој бил грчки свештеник од 4ти век и ги дарувал и помагал на сиромашните, во Грција, Дедо Мраз е Свети Васил, кој се слави на први Јануар. Кој доаѓа ноќта на Нова Година и остава подароци на децата. Свети Васил давал златни парички по луѓето кои ги криел во леб, па од таму на Василица се меси Василопита со паричка. Во суштина, Дедо Мраз, под кое име и да доаѓа, доаѓа околу Божиќните празници кои се слават воглавно од христијани. Гринч доби нов филм тек сеа скоро. Стана популарен последниве години пред Холивуд да почне да ја користи неговата популарност и да му направи нова верзија. Го преставува ликот на сите нас во обид Божиќ да го направиме совршен. Оној притисок да се испланира се околу Божиќ, да се купат подароци уште повеќе да се совршено спакувани, да се испланираат менија, да се накити се по замисла итн итн. Оној Гринч кој сака да се скрие од целата таа хистерија, милион жени во светот се поистоветуваа со неговиот лик и го направија популарен. Па така, станува популарен за Божиќ, го нема во остатокот од годината. Фиктивни ликови или не, поврзани религиозно или не, кога станува збор за ликови кои што се појавуваат конкретно за одредени денови во континуитет, тие стануваат и дел од традицијата како такви и се поврзуваат со конкретните денови. Така всушност настануваат традициите.
Огромно е влијанието на Холивуд и тоа не е од скоро време. И тоа не е само преку Холивуд, туку и преку други начини (музика, соц. мрежи, мода, реклами), ама веројатно преку филмовите е поголемо и побрзо. Лесно се „голта“ она што се сервира кога е запакувано на холивудски начин. Културните ефекти сме ги гледале и порано - еден мега хит и сите ќе почнеа да го инкорпорираат во својата култура. Филмот е и израз на културните и општествените норми во кои се ствара, ама не само што ги рефлектира, туку и влијае врз нивното менување. Што е вредно, што е морално, посакуван животен стил и животна филозофија.. Ова не е нов тренд. Холивудски филмови се гледале уште после втора светска војна во нашата земја, во кината па потоа и на телевизијата. Татко ми ми има кажувано како со нетрпение чекале да одат во кино, да гледаат нов вестерн филм во 50-те. Потоа низ маалски улици играле каубоици и индијанци. Од тие филмови во 80-те и 90-те учевме за американските празници, култура и обичаи, да не се лажеме. Тоа се прелеваше и во нашите секојдневија ама институционално не толку. Освен на часот по англиски католичките празници не беа толку спомнувани во училиштата. Како ги слават гледавме од некои деца кои беа католици од нашето школо или соседство. Е негде во последниве 20-15 години почна полека да се комерцијализира сето тоа. А некаде после 2010 г. почнаа и по училиштата, што искрено ме зачуди. Од еднаш почна халувин да се слави во школото кај ќерка ми - целосно украсно и со дозвола децата да доаѓаат со маски тој ден. И го покренав прашањето на родителска, зошто славиме католички празник и беа збунети од мојата реакција. Ме гледаа како да сум Керен некоја што им ја уништува забавата на децата. Престанав да прашувам повеќе. Ама дома беше објаснето дека ние не го славиме и дека маски носиме на 1ви април само. Во меѓувреме беа валентајн и додека другите купуваа срциња, јас и татко ми ги носевме децата за св. Трифун на лозје и започнавме традиција да садиме на тој ден дрвце. Во меѓувреме беа обичаите за матурски (со партнер и цвет на рака), sweet 16 - кој реално е повеќе од хиспанската субкултура во америка (и еден вид на иницијација на девојчињата) и сл. Божиќ и Велигден веќе се преочигледни. Од година во година стануваат се покомерцијализирани. Исти пижами, исти декорации на домот, милион поколони под елка, па мора да е на планина негде, додека нашиот Божиќ традиционално треба да е дома (добро ова може не е толку само од филмовите, ама е нова мода гледам). И така сега згора на нашите православни празници имаме плус трошок да ги прославиме и празниците од другите религии, со уште купување и трошење. Жена очекува за валентајн па пак на осми март нешто... Славиме Халовин со маски, ама одиме и на задушница на гробишта... Декорираме од почеток на декември (некои од ноември) ама елката ни стои до св. јован.. Блек фрајдеј? Тоа пак е цепки живи. Тотално подреден е на католичките празници и на купувачите од тие земји, на тој ред таму. После Thanksgiving се смета дека се што не се продало дотогаш за таа зимска сезона, дека ќе остане на полица ако не се намали. Затоа се прави таа распродажба. За да се истроши старата роба и да се остави простор за новата пролетна роба. Кој му е битно да е модерен ќе купи поскапо порано, на кој не му е, ќе купи на попуст подоцна и ќе носи last season. А кај нас немаат уште донесено зимски јакни и чизми во октовмри, ќе ги шиткаат до март (а може и април- мај), ама ќе направат вештачки попуст за еден викенд, откако ги рокнале цените претходно. И Велигденското зајаче ВЕЌЕ е дојдено кај нас и тоа на големо и тоа веќе одамна, заедно со Tooth Fairy, Grinch, Sandman и Jack Frost.