Форумџика на годината

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.320
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Како влијание на странска култура врз нашата? Колку влијае? Уште поважно е што прави поволност да влијае толку? Колку западната култура конкретно влијае, а колку културата на соседите (странска музика наспроти српска, кон што сме поотворени и зошто како "сликовит" пример)?

    Ако тргниме од тоа дека влијае, зошто влијае? Кои се позитивни и негативни страни од истата? Дали тоа што немаме поп култура влијае на тоа да "бараме" нешто туѓо? Колку влијае таа замена врз нашата традиција и култура? Што за нас значи да замениме одреден празник со друг (пр. Валентајн/Трифун, Божиќ на 25ти Декември и 7ми Јануари)?

    Што мислите за овој феномен кој многу често го гледаме во поново време, а особено е присутен на интернет просторот? Како интернетот и глобализацијата влијаат на лесното ширење "туѓи" трендови и култури? Дали до толку луѓето се со отворен ум и прифаќаат различности поради свое лично убедување или зад тоа сепак има друга поинаква позадина? Дали можеби се претставуваат како такви за да бидат полесно и подобро прифатени во ова потенцијално инклузивно општество и да се во тек со интернет трендовите кои се моментално популарни?

    До која мера треба да сме со отворен ум и дали треба да правиме јасна дистинкција помеѓу она што е општествено пожелно и прифатливо и сосема спротивното, преку кое ни се сервираат трендови кои општествено негативно ни влијаат на сите ама упорно сакаме слепо да ги следиме?

    И за крај, што значи за нас ако правиме вакви замени? Што значи за нас ако не земаме ништо од другите?
     
    На Momichka, SunnyGirl2, Directioner005 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Го поддржувам влијанието на западната култура 100%.
    Западните вредности се базирани на почитување на различностите помеѓу луѓето, нешто што нам очајно ни треба.

    Не знам за кој дел од нашата вековна традиција збориш што мислиш дека го снемува?
     
    На ane.bella, 1209, FriendOfDorothy и 8 други им се допаѓа ова.
  3. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Машки
    традицијата е врснички притисок од мртвите!!

    За каква традиција, жената само во кујна, да рага деца? Кој сака може вака да живее, ама да не наметнува на друг!! Слободно биди си традионален човек, ама ако некој сака да живее поразличен живот- да се жени на 30 години -СКАНДАЛОЗНО СТАР ЕРГЕН, не па нешто друго...
     
    На КикиМаус, ane.bella, RainbowButterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    23.503
    Пол:
    Женски
    Затоа што нивниот начин очигледно подобро функционира. Не велам дека западната култура е совршена, треба кон се да пристапиме критички и да не идеализираме. Но, запрашај се каде е квалитетниот живот? Добро здравство, квалитетно образование, чиста средина, функционални државни органи. Тоа се одлики на западни држави.

    Од средно ми остана една лекција по социјологија во глава, која тогаш ми беше една нова перспектива. На нашите простори кај што владее колективизам, значи потенцирање на националниот идентитет, семејството на прво место, блиски друштвени односи, традиција, сето тоа придонесува кон корупција, таа потреба да помогнеш на свој наместо да си ја извршиш работата како треба. На западот кај што е индивидуализмот, секој си го тера своето гајле, но се работохоличари, се повеќе се одлучуваат да немаат деца и во Америка е ужасен конзумеризмот. Ама им функционираат државите, и плус секој си има право на живот каков што сака, што е многу битно право за човековата среќа. Да не ти се никој меша.

    Така да, не иде баш да си ја сакаме културата и какви сме, а да бараме квалитетен живот како на западот. Не знам на што точно мислиш со воведот, ама ќе погаѓам на слепо дека се во голема мера однесува на "ЛГБТ влијанието". :D За среќа, не можеме да бираме по желба што ни се нам допаѓа да го прифатиме, што не, да го одбациме. Има системи што функционираат и системи што не функционираат. Не е толку лошо влијанието на ѓаволската западна култура. :devil:
     
    На ane.bella, CameliaMiller, Ace_kelaviot и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.569
    Пол:
    Женски
    Кои се тие трендови и влијанија кои ни се штетни? Немаш прецизирано а темава е многу широка.
     
    На Ajronmen, Zavisnaodblago, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.136
    Велат во Сингапур :D, со повеќе детали ќе се обратам подоцна(tumbleweed)
     
    На SV1911, MarijaMi90, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    25.382
    Пол:
    Машки
    Не само што сметам дека е добро што се „свртуваме кон западните вредности“, сметам дека не сме свртени ни блиску до доволно!

    Кога станува збор за човекови права и слободи, традиции и слични концепти не треба да играат никаква улога.
     
    На Zavisnaodblago, bicycle, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    40.067
    Пол:
    Машки
    Еве најсвеж е примерот што се случи во Музејот на современа уметност во Скопје, каде малолетни деца од основно училиште ги изложуваа на ЛЏБТ порнографска содржина.

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]


    Претходно имаше исто оваков скандал со тој сексуалниот камп кој што беше спонзориран од град Скопје, и од разно разни НВО организации. Секако, се тоа се стави под тепих и веќе никогаш не се спомна. Секое чудо за 3 дена. Одговорност, не превзема никој. Веќе видено. А, се турка баш таа инклузивност на најраните категории, на децата. :)
     
    Последна измена: 19 февруари 2024
    На Cinnamon Bun, Snowflake97, Directioner005 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    25.382
    Пол:
    Машки
    Абе Били бе... Знаеш да се избациш често со непроверени информации за да истуркаш поента, ама не очекував дека лесно ќе подлегнеш на лажни вести, или полошо, блатантно ќе шириш лажни вести знаејќи дека се лажни.

    Сликата со децата ама баш апсолутно е неповрзана со првата слика, „порнографијата“.
    Не само што малолетни деца од основно не биле изложени на било каква порнографска содржина, изложбата била означена како 16+.

    Прашање до тебе, дали ти пречи што „малолетни деца биле изложени на порнографска содржина“ или ти пречи што биле изложени на ЛџБТ порнографска содржина? :D (Впрочем, ни на првата ни на втората не биле изложени).
     
    На 1209, KateKane, FriendOfDorothy и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.569
    Пол:
    Женски
    Не знам како е ова западно влијание, ова се изолирани случаи на лошо осмислена програма и некој што не знае да си ја работи работата и не смее да биде близу деца.
    Не сум баш запознаена со случајот во музејот ама повторно, нема логика да биде вметнато во категорија на некаква присилна пропаганда кога вината е во тој што го организирал(ако е вистина).
     
    На CameliaMiller, Polyincognito, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.107
    Допаѓања:
    12.842
    Ако порано сметав дека странците, односно западњаците се страшни самотници, себични, ладни, сега поинаку гледам на работите. Тие не живеат во општествени стеги, си живеат како што сакаат. И посреќни се од нас. Со самото тоа што имаш подобро здравство, образование, дишеш почист воздух, ќе најдеш работа ако сакаш да работиш, ти си среќен. Имаш повеќе можности. Овдека што и да правиш е џабе. Не е дека ништо нема да направиш, ама не е тоа тоа. И кои се нашите вредности? Неработење, пиење кафе, пушење цигари од 12 години, алкохол, се храниме нездраво? Кои се нашите вредности? Да се мажам и да раѓам деца и да земам маж според критериумот на комшивката, тетката, бабата? Нема вредности, имаме некултура на тони, а се преценуваме со некаква традиција, односно славење слави каде мажите само се прејадуваат, препиваат и зборуваат за политика. На колку селски слави, одат на крстови, па после веселење, пиење и на крај тепање и пријави во полиција? Која е таа традиција? Насилство е тоа. Буквално личиме на дивјаци, а се однесуваме како светот и веков да почнуваат со нас и дека сме нешто во центарот на вниманието.
     
    На Еlinas23, Ace_kelaviot, staycalm и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    40.067
    Пол:
    Машки
    Повели, сподели информации кои го негираат ова. Како што гледаш објавата е од музејот, сликите се од музејот. Горе пишува на каква изложба ги носеле децата.

    Правото прашање е дали осудуваш изложување на деца на порнографска содржина само ако е стрејт. Ако е геј, тогаш ти е океј и е во знак на "инклузивноста"?

    А од каде е ова влијание? Од исток? Од север и од југ? Кој го финансира и од кои кругови доаѓа, и јавно, и транспарентно, и прикриено?
    Не мора да бидеш запознаена со некој случај, за истиот кога ќе се пласираат детали да го осудиш. Ова е, како што нагласив само последен пример, имаше случај со сексуалниот камп на извидници.
    Имаше и други случаи, како и официјални ставови на странски амбасади, НВО организации, и секако, на една наша поранешна министерска која пробуваше тоа да го протне со закон.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    23.503
    Пол:
    Женски
    Многу безобразно ваква манипулација да правите со сликите. За толку контроверзна и традиционална држава, некако премногу учители/ки и професори имаме кои се согласуваат ентузијастично да објаснуваат ЛГБТ пропаганда на деца, како на сликите. Нема логика нели? :) Очигледно нешто друго се дешава во музејот.

    Плус, не знам зошто ви е западна култура = се ЛГБТ. И од сите работи, се фокусирате само на тоа едно нешто што ви боде очи.
     
    На 1209, staycalm, KateKane и 7 други им се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    25.382
    Пол:
    Машки
    Били, споделуваш постови и коментари кои тврдат дека деца од основно биле носени на геј порно у музеј. Прво дали сам сфаќаш колку дебилно звучи ова?

    Десетте деца за кои тврдиш дека биле носени да гледаат геј порно, биле носени на изложбата ,,Горчлив шеќер" која изгледа вака:
    [​IMG]
    Овде порнографија не гледам.

    Скриншатот од „порнографијата“ е од анимиран филм базиран на нечиј расказ, неповрзан со причината зошто децата биле носени таму, а притоа со ознака +16.

    Ти ми го избегна прашањето кое ти го поставив јасно и гласно, јас директно ќе ти го одговорам она што ти си го изврти.
    Осудувам мали деца да се носат на порнографија, стрејт, геј или било каква друга.

    Исто така осудувам кога пробувате да туркате хомофобија со одвратни лажни вести, а масата се пали на неповрзани сликички и неписмено напишан текст на фејсбук. Срамота!
     
    На 1209, KateKane, FriendOfDorothy и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.136
    Што да протне со закон?
     
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    40.067
    Пол:
    Машки
    Ете ја горе сликата на каква изложба биле децата. Гледаш дека не соодветствува со таа која си ја објавил ти? А не може да се најде повеќе и објавата од музејот. Зошто е избришана?
    Зошто никаде нема да излезе било кое овластено лице од музејот и да негира ако не се случило такво нешто?

    Човекот бил во музејот, во дадениот момент и документирал со слики. На неговиот профил и повеќе можеш да видиш, секако, нема да ги споделувам на форум.
    Ако не поддржуваш изложување на деца на порнографски содржини, нема потреба толку ревносно да ги браниш и да ме напаѓаш мене кој само споделува она што веќе кружи низ социјалните мрежи со денови.

    Полека малку пред да се расфрлаш со термини како "хомофоби" и слично. Се работи за деца, и се работи за порнографска содржина.

    Сексуалното образование во основните училишта, од 2 одд, кое беше еден еклатантен пример за наметнување на западното влијание над нашата култура. Потоа, секако дека не помина и имавме "пу пу не важи момент", каде се тоа се заборави, освен муабетите за родител 1 и родител 2.
    Како награда за не спроведувањето на законот, после министерката беше "тргната" од функцијата. :)
     
    На ArabellaStarfall, quattro и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.544
    Допаѓања:
    23.120
    Пол:
    Женски
    На нас ни треба западна култура и тоа под итно!
     
    На staycalm, FriendOfDorothy, MakeDamnSure и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.569
    Пол:
    Женски
    Значи сакаш да кажеш дека на западот постои колективно мислење дека педофилија е ок? Французите одат наоколу пропагирајќи дека треба да им се прикажува јавно геј порно на деца? Англичаните прикажуваат геј порно во школо?

    Го спомнуваш истокот како позитивен пример, ајде да зборуваме за колективното прикривање на педофилија на истокот и во земји како нашите, може? За нормализираниот груминг и виктим блејминг како и никаква поддршка за истите жртви поради традиција/религија?

    Нормално дека овие два случаи се за осуда, ама не се причина за тој алармот што ви се вклучува секогаш кога ќе се спомнат четирите контроверзни букви и уште да ги поврзувате со некаква скриена агенда позади маска на загриженост.
     
    Последна измена: 19 февруари 2024
    На Annath, KateKane, FriendOfDorothy и 11 други им се допаѓа ова.
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    25.382
    Пол:
    Машки
    Ти тролаш или што? На која слика се повикуваш за тоа дека се гледа на каква изложба биле децата? На првата каде има деца и на инстаграм е додаден скриншат од анимираниот филм КОЈ Е +16 А НЕ ЗА ДЕЦАТА од прво до петто одделение кои биле водени на посета на музејот, а изложбата изгледа како сликата што ја постирав горе...

    [​IMG]
    upload_2024-2-19_20-49-19.png


    Ова што го трубиш ти, а го започнаа неписмени хомофоби на фејсбук да беше вистина, до сега ќе беше главна тема на социјални мрежи, телевизии, вести, медиуми, пошто меѓу родителите на тие деца ама 100% постојат хомофоби што први ќе разгласат ако детето од трето одделение им било носено да гледа порно, особено па ГЕЈ порно!

    "децата немале никаков контакт со содржини кои не одговараат на нивната возраст. Оттаму најавуваат и тужби за сите кои шират лажни вести и манипулираат со изменети објави со цел да предизвикаат вознемиреност во јавноста. Содржината која се оспорува во објавите на Фејсбук е во склоп на изложбата „Горчлив шеќер“, но јасно е нагласено дека таа не е за лица под 16 години и истата во никој случај не им се прикажува на деца од 1 до 5 одделение"
     
    На CameliaMiller, KateKane, FriendOfDorothy и 6 други им се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    25.382
    Пол:
    Машки
    На деца не им била прикажувана порнографска содржина во Музејот на современа уметност-Скопје

    Деца од 4 одделение од СОС „Детско село“ и од ООУ „Дане Крапчев“ биле во посета на Музејот на современа уметност во Скопје, но таму не им била прикажувана порнографска содржина или содржина која не е соодветна за нивната возраст. Во склоп на трите изложби децата имале можност да видат дела посветени на постземјотресно Скопје. Од Музејот во изјава за Вистиномер велат дека децата немале никаков контакт со содржини кои не одговараат на нивната возраст. Оттаму најавуваат и тужби за сите кои шират лажни вести и манипулираат со изменети објави со цел да предизвикаат вознемиреност во јавноста. Содржината која се оспорува во објавите на Фејсбук е во склоп на изложбата „Горчлив шеќер“, но јасно е нагласено дека таа не е за лица под 16 години и истата во никој случај не им се прикажува на деца од 1 до 5 одделение
     
    На RespectAndObey, crimson и Polyincognito им се допаѓа ова.