1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на модните трендови врз вашата самодоверба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од ToksycznaReakcja, 25 октомври 2017.

  1. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    1.809
    Сметам дека оваа тема има доста за дискутирање.
    Дали модните трендови влијаат на начинот на кои се гледате самите себе?
    Дали овие трендови ве принудуваат да го промените вашиот физички изглед?
    Дали ве прават да се чувствувате удобно во своето тело?
    Односно во едно прашање: Дали модните трендови ја зголемуваат или намалуваат вашата самодоверба?
    Се надевам темава ќе ве поттикне да споделите ваши мислења.
     
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Супер тема!
    Мислам дека модните трендови не беа застапени со толкава брзина кај нас пред да се распространи Инстаграм.
    Некако подоцна доаѓаше модата, но сега сме во можност одблиску и од прва рака да ги следиме трендовите кај сите дизајнери па и општо уличната мода насекаде низ светот.

    Би кажала онака општо дека почесто гледам како тоа ја намалува самодовербата кај девојките. Со оглед на тоа дека сме многу сиромашна држава а сме нација која што сака да е секогаш тип топ средена па не сите се во можност да ги испратат најновите трендови. Не зборам само за облека туку и фризури, накит, шминка.
    Имам другарка која што и покрај тоа што работи не и стигаат парите и често кога седиме знае да каже дека нема инстаграм од што не може да поднесува сите средени дотерани по најнова мода а она не може да си го дозволи тоа.
    Мислам дека за жал многу девојки ги фрустрира тоа, сите посакуваат живот и орман како на модни блогерки ама ретко која од нас е блиску до тоа.

    Мене лично сметам дека не ми ја намалува самодовербата. Трендови не пратам по секоја цена, ама сакам да гледам што се носи моментално и што е актуелно во областа на козметиката.
    Иако не секогаш можам да си дозволам да сум облечена по мој вкус или според моменталниот тренд, обожавам да гледам тип топ средени девојки и како комбинираат парчиња па ми помага и јас да си го изградам стилот.
    И кога ќе видам парче кое што го посакувам, гледам да најдам нешто слично или да сошијам ако толку ми се допаѓа.
    Имам машина дома, многу парчиња сама ги кројам и доправувам, им ставам монистра или ги украсувам, знам да купам некоја долга обична маица па ја украсувам и од една таква обична работа правам парче кое што ми станува омилено.

    Зборот ми беше дека не ми ја намалува самодовербата туку ме инспирира. За мене модата е задоволство, ама никогаш не би ја ставила како нешто примарно од кое ќе ми зависи расположението и нема да ми е причина за депресија. Може да ми подигне самодоверба и да се чувствувам пријатно а доколку ефектот е спротивен значи проблемот е во самиот човек и до неговата перцепција за едни такви обични и минливи работи.

    Глобално сметам дека трендовите од инстаграм посебно го уништија женскиот свет. Девојки се спремни на се за да живеат живот во тренд, депресија ги мава доколку не го достигнат тоа, и тука доаѓа до искривување на една реалност која ни ја презентираат социјалните мрежи.
    Само треба да се разграничи дека модата и трендовите треба да ни претставуваат задоволство и да не се гледа на ниту еден друг начин.
     
    На Carissa, Shery, Florenсе и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.545
    Пол:
    Женски
    Модните трендови воопшто не влијаат на мене. :D Ретко и ги следам, си носам она што јас го сакам независно од актуелниот моден тренд. Не гледам причина зошто мојата самодоверба би зависела од вакво нешто.
     
    На elimkd, Belgin1, blonde_supergirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Модните трендови се дел од секојдневието на сите нас. Модата е задоволство и инспирација како може некое парче да го искомбинираме без да го промениме стилот. Актуелните модели и бои сакам да ги гледам на нет и во реалноста, но не и да се идентификувам со модата.
    Се што е во граница на создавање свој стил и препознатливост не треба да биде причина за намалена самодоверба.
    Модните трендови подразбираат чувство, храброст и финансии.
     
    На oblace1, Someonespecial, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ништо не ми прават модните трендови. Сакам да сум средена, најчесто и да имам комоција (освен ако збориме сега за посвечени моменти каде комоцијата не оди во преден план) ама да одам да купам нешто само зашто е во мода а не ми се ни допаѓа а ниту ми е комотно тогаш НЕ. А и искрено не сум човек кој дава приоритет на облеката. Поамерички сум васпитана јас изгледа :D
     
    На Belgin1, joy1, ToksycznaReakcja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Искрено не влијае многу. Доколу некое парче облека или шминка ми се допаѓа, не ми е важно дали се носи тој период. Ниту купувам работи само затоа што се ,,ин''. Ги следам трендовите и така добивам инспирација за некоја комбинација на пр. Или да извадам некое старо парче облека како тексас јакна која не мислев дека некогаш пак ќе ја облечам. Од друга страна не ми се допаѓаа некои тренд работи како врвките околу врат, пресечените рамена на зимски блузи, везенитр апликации на фармерки и сл. Свесна сум што ми стои, а што не, па гледам да се придржувам и кон тоа. Така што не придавам големо значење за да ми ја зголемат или намалат самодовербата.
     
    На ToksycznaReakcja, blonde_supergirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    34.221
    Па кога ќе видам дека луѓе со милиони личат ко партали, а ја сиромава со штикли од 600 денари, фустан од 150 денари и цвикери од 200 денари, па изгледам ко милион долари...

    Да, ми ја зголемуваат самодовербата.:D
     
    На macka91, Carissa, referentka и 15 други им се допаѓа ова.
  8. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Дa се нaдoврзaм нa бoгaтите кoи нaвистинa личaт кaкo дa нoсaт пaртaли, зoштo тoгaш јaс дa се срaмaм oд тoa штo нoсaм евтини ствaри?
    Дa ми јa згoлемувaaт сaмoдoвербaтa зaштo скaпo или евтинo не е битнo иoнaкa ништo не трaе вечнo, пa aкo му стoи дoбрo нa чoвек зoштo дa не сме вo тренд?
     
  9. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Вистина дека на денешно време со користењето на социјалните мрежи, посебно инстаграм сите ги следиме модните трендови.
    Мене лично ми влијаат, но не целосно, до некој одреден степен.
    Обожувам да купувам облека која е во тренд, но истата мора да ми се допадне. Не би облекла парче облека кое не ми се допаѓа и не ми стои, па колку сака нека биде ултра модерно. Исто така не делам евтини и скапи ствари. Може да биде и евтино, но сепак убаво да се искомбинира. Се зависи до стилот и вкусот на личноста.
    Инаку ми ја зголемуваат самодовербата.
     
    На teressa и ToksycznaReakcja им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Немаат влијание на мојата самодоверба.
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.090
    Допаѓања:
    163.463
    Пол:
    Женски
    Лично никогаш не ми влијаеле никако и не дозволувам да ми влијаат.
    Од сè тоа што е актуелно и ново, си избирам само она што по личен вкус ми се допаѓа и го наоѓам по достапна цена, не сум опседната со брендови.
    Инаку во глобала, мислам дека од трендови - најсериозно на самодоверба (посебно на тинејџерки) негативно влијаат body standards, како и потребата од пренагласена шминка :)
     
    На parksey, ToksycznaReakcja и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Оваа денешна ретро мода ме плени и ми ги прави деновите поубави :) Се што ми стои добро, влијае позитивно врз мојата самодоверба, така и трендовите :?:
     
    На Arthur и ToksycznaReakcja им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.974
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека влијаат на мојата самодоверба но прават да се чуствувам поубаво бидејќи ги применувам само оние трендови кои ми прилегаат и ме прикажуваат во добро светло. Не следам тренд по секоја цена, ако ми се допаѓа и ми стои ок, ако ми е бесмислен секако дека нема да изигрувам кловн само колку да се рече дека следам мода.
     
    На blonde_supergirl и ToksycznaReakcja им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не следам некој актуелен тренд или слично но затоа кога носам маичка со некое лого кое ми значи или кога сум во војничка униформа се чувствувам посигурно. Не го правам тоа за да ме видат другите, најчесто во таква облека сум кога сум на прошетка низ шума, иако не ме гледа никој јас чувствувам повеќе самодоверба во таква облека. Облеката која ја носат другите исто така ми остава впечаток за луѓето... Не дека судам по облека но никогаш не сум се сложувал потполно и не сум имал исти ставови со човек кој носи далеку поразличен стил на облека од мојата.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Ниту ми ја намалуваат, ниту ми ја зголемуваат самодовербата бидејќи ниту ги следам, ниту имам намера да почнам.

    Најчесто си носам класични, безвременски парчиња во кои јас си се чувствувам убаво и удобно и немам проблем.
    Исто така ни на крај памет не ми доаѓа да се натпреварувам со некого на инстаграм и да фрлам незнаени пари на парчиња зашто биле во мода или бренд, па и да се туфкам оти јас немам такви.
    Не знам, мене посебно ми е глупаво кога ќе излезам на улица и сите ми се исти. Сите во иста боја облечени, исти фризури (две три се носат и сите мора такви, како во Северна Кореја да се наоѓаме), веѓите е модерно да ги цртаме, па ајде сеа која повеќе, да не знаеш дали е веѓа, дали крем банана.

    Мене ми е побитно да си се допаднам јас самата себеси, и тоа не зависи од никаков тренд.
    Битно е човек да се чувствува убаво, нема врска дали е бренд или омилената маичка од пред 10 години :)
    8e6ea8e2cfbc6b53bff47455d9f6772b.jpg
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас појма немам ни каде да ги следам тие „модни трендови“ :?: Ете колку ми влијаат... Не следам модни блогерки, а вака кога ќе размислам па и никогаш не сум отворила некоја од оние статии за тоа што е „ин“ оваа сезона, без разлика дали се работи за парчиња облека, бои, фризури, чевли или што и да е. Многу па и не ми менува дали бордо боја ќе биде „ин“ оваа есен. Ако имам нешто бордо - ќе го носам, ако ми се свиѓа нешто бордо - ќе си го купам. И тоа е тоа. Повеќе се раководам по тоа што можам да најдам по бутиците и продавниците, отколку по тоа што ќе прочитам на интернет дека било тренд сезонава.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.