Соочен сум со проблем што ме наведе на мислава.Дали на децата им се дава важност спрема тоа од какви родители потекнуваат,колку се способни и угледни?Дали на деца кои имаат посиромашни родители се гледа попреку,како деца од кои ништо нема да биде и не ги сметаат за способни?Дали едните секогаш полесно ги отвораат вратите за разлика од другите?Дали на децата им се припишуваат карактеристиките на родителите пример ако таткото е алкохоличар или насилник,сеирџиите да речат Е и од детето нема да биде ништо.Колку репутацијата на родителите има влијание влијание врз животот на децата и начинот на кој општеството ги третира?
Во држава како оваа има и изрази од типот - дете на комуњар итн. Партиската определба на родителите има удел и во образовниот сиситем , односно секаде има. Исто е точно дека деца на функционери, семејства со успешни бизниси ќе бидат третирани поинаку од просечните. Нема ни да зборувам за децата од социјално загрозени семејства. Иако во генералија предрасуди постојат, и во нашето општество е секогаш муабетот - " Од каква фамилија е ?" ,јас лично немам такви предрасуди, иако верувам семејното опкружување има големо влијаниe врз развојот и потенцијалот на една личност. Познавам луѓе кои потекнуваат од нефункционални заедници, со родители алкохоличари и склони на пороци од разен вид, па самите тие израснале во индивидуа која избрала поинаков, поправилен пат. Нашле солидна работа, оформиле свое семејство. Ме растажува што родителите се толку свирепи од типот забрани за дружење на едни со други, заради наводен ( замисли ! ) пад на углед и репутација. Рурално. Толку.
Јас доаѓам од семејство коешто живеело мизерно, живеело и пријатно ама никогаш луксузно. Никогаш во животов не сум била исклучена од дружба со пријатели чиишто родители имале повеќе или биле на угледна позиција. Истотака и јас не сум се тргала од некои затоа што биле сиромашни. Ама искрено, не би се дружела со некој што е сиромашен и не води грижа за хигиена или со богат кој е материјалист и се му се врти околу пари и углед. Најважни се културата и размислувањето. Единствени дискриминации во однос на фамилија од која што потекнува некој биле на основа на националност, вера итн. Многу повеќе се имам сретнато со родители коишто забраниле на детето да биде во врска со муслиман отколку со некој што е дете на партиски активист. Сум се дружела со деца на политичари, деца на да не речам мафијаши, деца на закржлавени вмровци итн. Се дружам сеуште само со оние со коишто сум кликнала, а нивното семејство нема никаква улога освен начинот на којшто ги воспитале.
темава е на место, многу пати сум размислувала баш за ова и многу сум се плашела од тоа каков печат ке оставам јас врз моите деца . делумно колку има семејството влијание врз развитокот на личноста на една мала особа, толку има и самата посветеност во воспитувањето ,а делумно има и самото општество. Секако дека не мора да значи од лошо влијание на семејството дека 100% се гради лоша индивидуа, имам примери каде што конкретно се сличувало сосема спротивното еве ја сум конкретен пример каде од туѓите грешки извлеков само поука
Моите одговори се : 1.Да во времето на моето школовање беше вака уште од првиот школски ден кога ќе почнеше наставничката да бара телефон од работа на едниот родител а по пат и се распрашуваше и едниот и другиот што работат и каде. 2.Се гледа попреку не во смисла нема ништо да биде од нив дека се деца на сиромашни туку се гледа попреку од аспект нема никој никава финансиска корист од нив, а за кај треба магаре тие секогаш се тука на располагање, сиромашни се па се ќе прифатат да помагаат/работат било што. 3.Да, иако тоа е огромна неправда. 4.Да, иако често тоа е голема грешка, а понекогаш и точно е дека крушата под круша паѓа, па тоа е. 5. Во Македонија премногу додека во странство е друга приказна сите работат од 16 а од 18 натаму срамота е да се живее со родители и секој сам си го отвара патот.
Во мое време кога бев ученик (а сум генерација постара од сопствената држава 1989 ) сеуште немаше ваков режим. На 4 години заодев во градинка (1993) таму немаше делење сите бевме облечени ко "ѓупци" оти таква беше модата и за женско и за машко исто. Не бевме третирани како деца од директори или деца од продавачи. Немаше случаи некој богат да помине на школо а при тоа да не научил да чита. Сите бевме исто. И на школо не смееше да се носиме според "мода" во спротивно богатиот кој е модерен ќе си седи дома. Имаше и бркања од часови зради непристојно облекување. Не смеее да иде со притеснети и залепени хеланки па после на муабетите као од директор е ќерката од доктор од не знам кој.... Дома нека е од таков родител. се имаше правила и почитување. Завршив и средно (200 едно девојче не дојде нашминкано на школо во 4та год. За на кафе после часови се шминкаше во вц пред да излеземе. Што се стори со сегашниве генерции не знам. Одам носам дете во градинка и тоа а и уште 10 други се жалат од еден соученик кој уште на 5 години е непристоен пцуе им се соблака во вц не почитува учителки... И на тоа од воспитувачките добиваме одговор па деца се. Ма какви деца? И ние сме била ама вакво однесување не сме помислиле. На факултет се утепував од учење еден предмет со години го учев и не поминував и никогаш не ми стана јасно зошто кога знам дека знам за разлика од оние кои ставаа евра во индекс за потпис и оцена додека јас чекав дополнитело усно испрашување за повисока оцена. И јас сакам да завршам факултет,апсолвент сум ама мене ми е срам да појдам со пари а имам и да ургирам преку фамилии кои ми се прфесори на факултет. За мене лично школото и работната функција не се мерило за успех во животот,трудот и културата е. Од богатите луѓе често произлегуваат невоспитани деца на кои не им е посветено доволно време за да се научат на човечка вредност. За мене попочитувани се децата на луѓе од поскромната класа зашто знаат да се луѓе и испаѓаат пообразовани од оние богатите
Уште има вакви labels. Од типот на ако мајка ти и татко ти се директори или поуважени личности тогаш си на ,,повисок ранг” од типот на повеќе те поштуваат ти се лижат ако им треба нешто итн. Уствари нема таква драстична поделба колку ние што ја правиме.Стратификација има, имало и ќе има.Имало напори за создавање безкласни општества но секогаш ќе има маса на луѓе кои ќе се издвојуваат по нешто. Мене лично не ми е битно какви се родителите на моите другари/другарки јас нив ги гледам ко личности.Дали имаме исти афинитети,исти гледишта,исти размислувања. Не ми е битно материјалното.Стварно ништо не ми менува дали зима мајката на Петкана 10 или 15,000 плата или не знам што не знам како. Побитна ми е искрено интелектуалната страна на луѓето.Парите доаѓаат и си одат, интелектот останува. Баш сега го учам ова во школо.Репутацијата/угледот е она што околината го мисли за нас.Не самите за себе.Јас може и во маичка од 200-300 денари ќе се осеќам паметно и фенси и кул а некои можеби така ќе ме гледаат ако имам ставено Прада од 2000 долари. Сè е до психа.
Доаѓам од сиромашно семејство на самохран родител, никогаш не сме биле богати, а сум се дружела и со деца на богати и со деца на сиромашни, кај мене постојат добри и лоши луѓе, не кој од кое семејство потекнува. Сум се дстанцирала од материјалисти и деликвенти, во смисла учество во кражби, тепачки Иако доаѓав од сиромашно семејство секогаш уживавме почит. Се зависи од тоа какво лице и однесување си покажал
Репутацијата има влијание се уште,секаде во свет.Не го поддржувам тоа.Моите комшии имаат близначиња,на школо,учителката,повеќе внимание посветува на децата на некои кои се на висока позиција,а овие на обичните луѓе,не толку. Не дека секогаш е така,ама постои.Жално е,и срамно е.Посебно кај деца,па зошто да се делат? Татко ми почнал од 0,и се изборил.Низ годините репутацијата се менуваше,а и третманот со тоа.Ама јас не сакам некој мене да ми биде потрчко оти татко ми е тој и тој.Во Скопје ми е многу полесно,никој не го знае татко ми,и сама си градам репутација. Не сум бирала дали некој е сиромашен или богат,сум се дружела со секој кој ми одговара,и до ден денес е така.Утопија нема.Нема сите да бидеме исти,секогаш некоја група ќе се двои.Или убаво кажано: Сите сме еднакви пред закон,ама не сме исти.Треба да се надминат предрасудите дека ако родителите се сиромашни,од децата ништо нема да биде.Иако за жал,сиромашните деца се многу повеќе искористувани.А привилегиите одат кај оние чии родители се богати. Можам јас да бидам на висока позиција,да имам репутација,ама моето дете утре,пред се,сакам да биде човек.Почитувањето на другите е клучна слика што секоја личност ја остава за себе.Може да биде и дете од семејство со висока репутација,ама ако се однесува како идиот,сите ќе се дружат со него само заради користа.А може и дете од сосема непознати родители да биде супер кон другите,и навистина да го сакаат. Сепак,ова е слабост на општествата.Ако материјалното предводи над се,па каде ќе бидеме? Јас сум за еднаков треман на сите деца во училиште,во сите други институции,во дружбата.Дома можат да бидат кои сакаат,ама кога се со другите,треба да бидат еднакви.Репутацијата е добра,од една страна,ама и лоша,кога создава поделба.Децата треба да бидат деца,родителите нека се занимаваат со овие прашања.
Абе не сме луѓе на овие простори. Абе на друго место постојат луѓе кои не мислат само на себе, кои ќе видат потенцијал и ќе го поттурнат без разлика на кој е детето. Ќе изградат човек од него. И така градат држави и општества. Треба да се препознае потенцијал и способност, а не само да се гледа какви родители има - дали имаат пари или не, дали се угледни или не. Смачено ми е од овој народ. Најискрено. Не знам како е по други држави и места, но полесно успеваат сигурно. Сеуште верувам дека постојат добри луѓе кои немаат задни намери. Толку.
На сите прашања кои ги постави, одговорот е со ДА ! Трнлив и макотрпен е патот на децата кои потекнуваат од фамилија на алкохоличари или насилници како што велиш, додека успеат да ја одлепат лошата репутација која им е залепена од народот..додека , нели, децата на принцот Чарлс( тој ми дојде на ум..хахахха) цел живот ќе одат по црвен килим и цел живот ке јадат од златно лажиче.. Моабетот ми е дека децата, лошата репутација на своите родители ќе ја носат цел живот во душа и срце, цел живот ќе се борат за да го отфрлат тој терет, цел живот ќе се борат за да се докажат...додека другите ќе ги живеат сите привилегии и удобности од добрата репутација(дали заслужна или не, пак ке имаат благодет).
Уште јадат трици за тоа дека деца на никој и ништо се вработиле, а нивните деца уште дома седеле. Требало прво нивните, оти биле на градски луѓе а не ние на земјоделците децата да се вработуваме во познати фирми. Јас отрпнав. Тоа се луѓе со комплекс, јас сум човек кој сам прави се. Искрено, не ги ценам многу децата на големите оти знам дека се им било дадено оти биле на некој јак децата. И да се се били, пак се им е дадено. Гледам да не сум у друштво на такви. Ги почитувам нивните родители оти само отвориле а децата имбецили не. Јас ќе го оставам моето дете само да се бори. Секако у Скопје детето на една провинцијалка не значи ништо.
И ова е пример за дискриминација поради репутацијата и состојбата на родителите. Не мора сите деца на финансиски ситуирани и успешни луѓе да се неспособни паразити и арогантни снобови. Постојат и такви примери кои во животот се борат со таквата сенка на родителите, и верувањето дека сѐ постигнуваат поради нив. Just saying Инаку, не оправдувам обележување поради семејното потекло во никаква форма, ниту финансиска, ниту политичка или било каква. Посебно боли кај деца и тинејџери, а за жал се случува уште во училишните клупи. Децата не се одговорни за постапките на своите родители во кои немаат удел, само затоа што се нивна крв. И да, крушата не секогаш под круша паѓа
Влијае, и тоа многу! Иако е само предрасуда и дискриминација, уште долго ќе постои. Затоа што глобалното општество и економијата, се со таква динамика... Фак ит!
Овде мешате повеќе теми во една. Да, на богатите им се отворени сите врати, на сиромасите не. Некои богати семејства ги бие лош глас, што значи дека и богато дете може да биде дете на блудник, алкохоличар, наркоман, силеџија и слична црна овца. Дете на сиромашни родители да се снашло успешно не е лоша репутација, баш напротив. Повеќе симпатии придобива оној кој сам стекнал богатство, од оној кој го наследил. А дали биле дискриминирани децата од забегани фамилии... ретко се наоѓа денес нормален човек кој се грижи за углед, се е распуштено или има сосема поматена перцепција за вистинска вредност... така што, децата на забеганите не патат од средината воопшто. Единствено можат да пропатат директно од своите родители, но обично стануваат исти како нив.
A тие што се од такво семејство и се трудат да бидат различни од родителите, т.е си го подобруваат својот углед се многу ценети и никој не ги дискриминира поради тоа од кај доаѓаат. Мислам дека на некои луѓе им е полесно да се жалат дека немаат добар третман ради нивното потекло, а не се трудат сами да си створат репутација.
Потекнувам од многу сиромашно семејство. И во школо, на факултет, во фамилија, секаде се чувствував и бев како "таа небитна". Ќе дадам пример само за во фамилија. Бевме две другарки, воедно и втори братучетки. Јас од сиромашно семејство, таа од богато. И ден денес, на пример трета братучетка мене може да ме одмине или само да ми каже здраво, а на другата како Господ да го гледа. Затоа и мислам дека имам ниска самодоверба. Цел живот сум се чувствувала како неважна, како сиромашни не не викаа ни на родендени, крштевки, свадби. Еве баш пред некој месец една братучетка правеше свадба и ги покани само богатите. Они ќе се облечат убаво, ќе однесат пристоен поклон, они се вредни. А ние небитни. Одговорот на сите прашања е ДА. Јас секогаш се однесував пристојни и со почит спрема сите, бев одлична, на факултет со висок просек ама секогаш постоеше и еве и ден денес постои таа разлика. Прост пример е свадбава што ја правеше братучетка ми. Убаво е да е феминка па да си прочита колку е неубаво тоа.
Сум имала можност на 2 ситуации да бидам сведок, па ќе заклучам дека се зависи од родителите, од тоа што го зборат дома веројатно и какви ставови им пренесуваат. За мене конкретно ќе речам, ниту сум од премногу сиромашно семејство, ниту од премногу богато, златна средина, доволно за пристоен живот. Се што постигнувам наоколу сметам дека е поради мој труд, никогаш не сум имала потреба никој да ми помага и да ургира и бара врски за мене. Иако татко ми е професор таму каде што учам, но со тек на време кога ме запознаа сите, сфатија дека за мојот успех освен самата јас никој не е одговорен. Уште пред да се запишам, тато ме опомени на некој начин, дека ниту ќе ми поправал оцени, ниту ќе барал од некој колега нешто, што ќе си постигнам, се ќе си било од мене. Мило ми е што е така и што имал таков став, па јас си го сфатив сериозно образованието. И самиот бил секогаш против тие врски и секогаш ми викал дека знаењето што го носам никој не може да го земе и тоа ми било најголемото оружје наоколу. И според мене се е до родителот и до тоа како ќе се постави спрема детето, а јас на мојот татко сум најмногу благодарна за тоа што е таков и ме усмерил кон вистинскиот пат. Имав пред некое време таква “среќа“ да се запознаам со син на една од најпознатите докторки во Македонија. Во само 5 минути видов таква ароганција и потценување на се наоколу демек што е под него и неговата фамилија, што ми се згрози целата недела од све тоа. Па и уште едно од прашањата што ги добив беше дали и моите биле доктори или на некоја позиција таква затоа што сум учела и јас медицина. Па, кога прашав демек ако не се, да не не сум достојна за муабет со него, се изнасмеа и рече не сум личела на таква, иначе воопшто немало ни да збориме, на неговата фамилија само угледни луѓе одговарале. Не сакав да се спуштам на такво просто ниво, па на културен начин и со брзина на светлината си отидов побрзо од тоа друштво. Друг позитивен пример, комшија со кој одевме заедно на курс, татко му доста познат политичар, детето злато, а единец плус. Се дружевме многу, си одевме на гости, иако моите ниту се политичари, ниту ги има секој ден на ТВ како татко му. Никогаш не ја користеше репутацијата на татко му, учеше премногу и со труд и интелигенција постигнуваше добри резултати. А и неговите ептен културни и скромни луѓе. Колку и да имам еден ден ќе се потрудам на моето дете да го натерам да постигнува се со труд и да го научам на вистински вредности, а не на пари, врски, пикање насекаде и форсирање. Како родител би се гордеела ако само покаже афинитети кон нешто и успех, а не ако јас му помагам.
Многу влијае какви ти се родителите. Јас бев дете кое учи, но од сиромашни родители. Бев потценувана многу, во училиште од побогато девојче кое имаше се, ама не учеше туку оценки добиваше на углед на родители. Таа направи клан против мене со уште две девојчиња. Се случуваше да ми кријат ташна, да ме исмеваат, да ми кажува пример пред сите дека панталоните не ми биле убави, не ми биле модерни, не ми стоеле и не знам што. Тоа е една дрскост и безобразлук. Таква е до ден денес. Ја сретнав неодамна и ми се загледа, инаку немаше да ја препознаам. Станала како тетка, здебелена, грда. Бидете упорни, работете, ќе веднат глава кога ќе ве сретнат.
Што не му врати ти: И на мојата... - и заврти се драматично, замавни со косата и нека ти го гледа грбот додека чекориш со крената глава Многу ме нервират луѓе, шо мислат дека по дифолт им следи нешто