1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на родителите во изборот на идната професија

Дискусија во 'Образование' започната од butterfly992, 23 јануари 2011.

  1. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Што мислите колкаво е денес влијанието на родителите врз изборот на идната професија на своите деца? Дали во изборот на вашето понатамошно школување, имаа удел вашите родители? Или за тие кои сеуште се двоумат за запишување на факултет, дали родителите имаат влијание врз вашиот избор? :) ( доколку темата е дупла или не поттикнува дискусија, слободно нека биде избришана)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Најголема грешка е да се мешаат.Особено кога ќе слушнам дека настојуваат детето да ги наследи професионално, а овие неќат за жива глава.
    Моја другарка тоа ја кошташе цела пропуштена учебна година во странство.Ја присилија да студира тоа што неќе и дури во мај одлучи цврсто дека не го сака тоа и дека се враќа во Македонија.После два месеци расправии, сега си е на факултет кој што го сака и и е супер.
    Јас уште од средно си го имав ставот пред моите дека ќе учам тоа што сакам, не дозволив ни за средно да ми се мешаат и никогаш не сум ги оптоварувала со средношколски и факултетски проблеми.Секоја оценка ја заработив сама и ниеднаш не им се пожалив дали ми е тешко.На тоа си гледам како на моја работа и обврска и не сакам да ги нервирам, ниту па сакам да ми се мешаат, па ако не испадне како што сакам они да ми се криви.Вака, јас одлучувам, јас си сносам последици.
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Мене секогаш ми викаа дека нема да ми влијаат на изборот. Ама не испадна така. Индиректно пробаа т.е. татко ми проба. Му го направив меракот. Виде дека не иде, се отпишав од факултет уште во првиот семестар. Па работев наредната пола година. Кога дојдоа наредни уписи сама решив дека сакам да завршам факултет, дека не иде без образование. Ги мавна дома малце шок што воопшто сакав да се запишам, ама беа позитивно изненадени. Сега си го учам тоа што го сакам, а дома виделе-невиделе мора да ме поддржат, а гледам се гордеат дека ми иде.
    Виде татко ми дека згреши тогаш, па сега имам и најголема поддршка од него. Една година испуштив, ама не ја жалам, таа година видов дека МОРА да се учи.

    Не би влијаела врз своето дете никогаш, дури и да гледам дека греши, пак ќе ја има мојата поддршка. Најубава лекција во животот на секој е да учи од своите грешки.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    За жал, има такви родители кои на секој начин сакаат да ги остварат своите амбиции, т.е она што тие не го постигнале, му го наметнуваат на своето дете, и не ги прифаќаат неговите одлуки, сметајќи дека тие знаат подобро, а детето ништо не видело од животот (нема искуство), па не знае што сака. Сметам дека не треба така. Кога веќе имаме деца, ги учиме и воспитуваме да бидат свои личности, нормално дека треба да им дозволиме самите да одлучуваат што сакаат да бидат и да постигнат во животот. Макар и да донесат погрешна одлука, тоа е нивно право. Како инаку ќе учат од сопствените грешки?

    Кога јас се запишував на факултет, одлучив во последните неколку месеци пред приемниот испит. Иако моите ми даваа совети, ми кажаа дека ќе ја почитуваат мојата одлука, без оглед на се'. И бидна. Само што јас, ако можев да се вратам назад во времето, не би го одбрала пак истото. Не затоа што не ми се допаѓа, или дека не си ја сакам професијата, далеку од тоа. Причината е тоа што мојата професија нема перспектива во државава, ваква каква што е сега. Не' има премногу, деградирани сме до коска и како што ми се чини, уште повеќе ќе пропаѓаме. Но како и да е, се надевам за подобри времиња.
     
    На GeorGinnA, butterfly992 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Мене татко ми ме убедуваше да се запишам на земјоделски, затоа што бил полесен факултет. Идејата му беше дека ќе го завршам лесно и со висок просек, а потоа ќе се вработам како агроном или нешто слично :D Никогаш не му го сфатив сериозно овој предлог и секогаш се смеев на оваа идеа. Но морам да кажам дека тој ни малку не беше напорен ниту пак настојуваше по секоја цена да ме убеди. Само даде предлог кој јас не го прифатив :) Мајка ми имаше желба средно да се запишам фармација, а потоа да продолжам на сродниот факултет. Ни неа не ја послушав :) А кога дојде време за факултет, мајка ми немаше никаков предлог, ми рече: “Како сакаш ти“ Па еве, ова ми е последна година на факултет, до сега се ми е положено, останува уште последниот семестар. Заклучок: родителите може да даваат совети доколку детето не е одлучно што сака да учи, но по никоја цена не смеат да го присилуваат да студира нешто што не го сака. Крајната одлука треба да биде само негова.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    |(
    Јас немав поим што сакам да учам.
    Ми брмчеа милион идеи, ми се допаѓаа сите, и ниту една истовремено, едноставно на мои 18 јас немав кристално јасна претстава што сакам да студирам како некои.
    И така непосредно пред матурата, маестрално изјавив дека сакам да паузирам барем една година додека одлучам за посигурно, а во меѓувреме нема да седам дома, туку сакам да работам нешто.
    :o :o :o

    Замислете кој шок беше тоа!

    Апсолутно и категорично НЕ, добив лекција како тоа било срамота и после убедливо најсмешниот аргумент на сите времиња: Ама сине, ако паузираш сега, ќе изгубиш континуитет за учење |( |( и така ќе си останеш без факултет. :^)

    И така времето си минуваше, сите учеа како луди, јас немав поим што да почнам.
    Го разгледав весникот да видам што приемни се полагаат и - за македонски јазик се полагаше само литература и граматика.
    И така се решив да конкурирам на таа катедра, од проста причина што ги сакам книгите и сакам да пишувам и од најпрактичната - имав само 5 дена да се спремам за приемните, а тоа ми одеше најдобро.

    ДА, ми влијаеле родителите во изборот на професијата - просто не ме оставија да одберам, туку насила ме втурнаа, боље ишта него ништа.
    Да, секој ден им го кажувам тоа и им го извадив на нос и сега ја научија лекцијата и се мирни и умни.
    Во секој случај, да би го вратила времето назад, мислам дека не би направила драстично поразличен избор од овој на времето.
    Ама шанси за поправен има, што преку додипломските, што преку посдипломски, што преку курсот во Семос за кој си штедам парички. ;)
    Никогаш не е доцна да си ги исполните соништата.
    И НЕ - нема да изгубите континуитет од учење. :D
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    За жал моите му влијаеја на брат ми. Тој е едно многу интелигентно суштество со талент за математика што сакаше да се запише на драмски или филозофија, а моите упорно го советуваа да се запише на електро, што тој на крај го направи. Не го тераа со сила, но му влијаеја со совети: таму е најдобро, не троши го потенцијалот, ќе имаш добра иднина бла бла бла. Кога се студира нешто без љубов знаеме што се случува - залудно потрошени години.

    Ја научија лекцијата и мене не ми рекоа ни збор пред да се запишувам на факултет. Одбрав сама, но одбрав погрешно, од едноставна причина што не знаев што сакам. Најубаво ќе ми беше да паузирам, ама тоа е, како што кажа Трендафилка секогаш има поправен со постдипломски, насоката што ја сакам има допирни точки со тоа што го студирав и само да соберам пари (ќе биде некогаш |( ) , па ќе го научам тоа што го сакам.
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Моите никогаш не влијаеле врз мојот избор, но ми давале совети и ме насочувале. Мој беше изборот каде ќе се запишам во средно, мој беше изборот и за на факултет, а така ќе биде и за постдипломски, здравје Боже. Никогаш не настојувале да се запишам на факултет по нивна желба иако татко ми потајно сакаше да се запишам медицина за да го наследам. Јас му реков дека во тоа не се пронаоѓам и тоа беше крај на разговорот.

    Многу е лошо кога родителите ги форсираат децата, а јас имам еден куп примери околу себе за такво нешто. Синови, ќерки, внуци, внуки на професори, адвокати, судии, нотари ги запишуваат на правен факултет, а децава се гледа дека немаат желба за тоа. Убаво е да го насочат децата ако евентуално не знаат што сакаат да учат, ама со сила да се форсираат - не.
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.394
    И јас имав влијание, беше несвесно, ама дефинитивно изборот ми беше направен под влијание.
    Сакав да студирам нешто сосема поразлично од тоа што го избрав, ама советот на татко ми беше во насока на тоа дека многу полесно ќе најдам работа. А тогаш брат ми и девојка му имаа многу проблеми со барање работа, па кога размислив, донесов одлука дека џабе ќе студирам нешто што сакам, кога после никогаш нема да работам по струка.
    Така и беше, завршив факултет, најдов работа уште во 3та година, само додека студирав воопшто не се најдов, ниту во студиите, ниту во средината, се чувствував како да сум од друга планета. А со испитите воопшто немав проблеми, ми одеше како подмачкано :)

    Точно е дека најдов многу лесно работа благодарение на факултетот што го завршив, ама ни денес не сум среќна со изборот, а кога ќе ми прашаат што сум завршила имам кнедла во грло.
    И не секогаш постдипломските решаваат пробелем, јас не се запишав таму каде што сакав, не ме примија поради несроден факултет.
    А сега да учам додипломски - што знам. Веќе имам фатено некој пат. Сега се насочувам во област која ми е интересна, а можам да се насочам со факултетот што го имам. Ама не е тоа што најмногу ми лежеше. Значи сега работам на убалжување на штетата :D
     
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Татко ми се обиде да ми сугерира за изборот на средно образование, но само како предлог кој што веднаш го одбив. Од секогаш знаев што сакав, па така и направив ! Се запишав каде што сама сакав го завршив средното образование и сама го избрав факултетот.
    Сметам дека треба помош од родителите доколку децата немаат оформено свое мислење, но доколку имаат афинитет и љубов кон некоја професија треба да продолжат со усовршување на истата ;)
    Имам пример во мојата околина. Татко му му ја одбра професијата (факултетот) поради понатамошно раководење на нивната фирма :( . Жалосно е да се гледа како нема желба и заглавува со факултетот, уште е полошо што и покрај потрошеното време за тоа образование тој нема да биде способен да ја раководи фирмата успешно :^)
    Затоа усовршувајте ги своите афинитети и амбиции! ;)
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    татко ми ни по разно не влијаеше на изборот на моето школување. важно му беше да завршам средно какво такво затоа што верувале или не бев малку ѕверче и не ми се учеше и секогаш ми викаше заврши средно за факултет ако ти се иде иди. затоа ни за изборот на факултет не ми се мешаше а мое беше да му докажам дека сум направила правилен избор така да рекордно до јуни-јули чистев години и на време си завршив што беше просто изненаден, но се поради фактот што учев што сакам и моето правило кое му го изрецитирав на татко ми веднаш одкога бев примена беше не ми спомнувај глупи моабети како седи да учиш и фаќај книга, затоа што сама сум свесна кога и што треба да учам. така да човекот не ме ни знаеше ни кога полагам а јас си учев на мира и си полагав со радост на лице ;)
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Моите не ми се мешаа воопшто, напротив. Ми рекоа што и да одберам, знаат дека ќе биде паметна одлука. Е може ќе беше подобро малку да се вмешаа, зашто не направив баш паметен избор и сега нема бегање. Понекогаш е добро да дадат свое мислење, сепак мислам дека тие најдобро го знаат капацитетот на своето дете. Ама да остане на мислење само, а не на присилување и вршење на притисок.
     
  13. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Кога бев некаде седмо-осмо одделение моите сакаа да ме пратат да учам средно медицинско во Скопје. Нивниот избор беше фармација. Јас тогаш бев мала и сеуште не бев доволно одлучна. Меѓутоа, на крај пак си останав да учам во гимназијата во градот каде што живеам.
    За изборот на факултет не е истата приказна. На почетокот на учебнава година сакав да се запишам на електро или на ПМФ-информатика, но потоа го сменив мислењето и сакав да одам на фармација. Последната недела, кога требаше да ги предадеме листите за полагање сеуште немав одлучено. Моите не ми се мешаа туку ми даваа само совети за тоа кои се предностите на едниот, а кои на другиот факултет. Се разбира не ни сакаа да влијаат на мојот избор, затоа што веќе можам самата да одлучам. Ги предадов листите со предмети, но сеуште немам одлучено каде ќе одам. Се разбира има сеуште време и се надевам дека до август ќе го направам правилниот избор. :)
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Моите имаа влијание врз изборот на моето средно ... Јас поим немав што сакам и ајде со другарките гимназија.
    Моите беа цврсто решени да не ме пуштат да се запишам во гимназија пошто зашто поубаво било нешто стручно заради тоа што не знаеа дали ке имаат доволно средства да одам на факултет.
    И така јас се решив за медицината... Моите сакаа една струка ( забар ) меѓутоа јас имам страв од забари и не сакав да одам во таа струка па се одлучив за друга струка. Моите ме поддржаа ...
    За факултет немаа врз мене големо влијание ... Се додека јас сум среќна ме поддржуваат :D
    Не се каам воопшто што не отидов гимназија средно ниту што сум на овој факултет што го одбрав. Барем сега за сега.
    И да згрешиле и да ме терале нешто што не сум сакала не би им пререкла.Ќе сум се навикнела. Тие се родители и знаат со какви тешкотии се сноселе па се што сакаат е мојот живот да биде подобар од нивниот и без проблеми. :)
     
  15. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    за средното не ми влијаеа воопшто, не знаев што сакам да продолжам понатаму, и ај се запишав гимназија..
    во трета година средно кога веке почнуваат муабети за факултети, јас само знаев дека сакам да учам во Битола, а дека нема шанси да се запишам во Скопје.. и така јас си го најдов градот и почнав да барам факултети и се решив за Јавна администрација.. бев убедена дека тоа ке го учам, моите се согласија..
    кога почнаа да излегуваат конкурсите, јас видов дека оваа година го нема тој смер..плачев, вриштев дома, не знаев што да учам..
    и ај коа веке нема тоа ке се запишам на економски, врз оваа одлука некако индиректно влијаеше мама, бидејки она има тоа завршено и гледам како она убаво си работи во банка се и е супер.. и си викам ај и јас тоа ке учам.. коа не знам што друго.. :D :D
    само проблем беше градот каде да учам.. моите домашни сакаа и пробаа да ме убедат да се запишам во Скопје, ама јас нејкев и се одлучив да учам во Прилеп.. (таму еден куп имам роднини) + блиску до Битола, мојот омилен град, после Велес..
    нас дипломите ни ги даваа еден ден пред да бидат уписите, и си ја земав дипломата, си легнав си заспав, сабајлето требаше со мама и тато да одиме у ПП да се запишам..ама мене нешто ми штрекна во главата дека е многу далеку од дома.. и така се конечно се решив да се запишам во Штип :D :D
    и воопшто не се каам заради тоа.. :!:
     
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Иако ова не ми се допаѓа, сепак денес поголемиот дел од нас сме сведоци на вакви ситуации кога родителите влијаат врз изборот на професијата на нивните деца.
    Мене најмногу ме нервира кога сакаат децата да ја наследат нивната професија, а тие не се баш заинтересирани за тоа.
    Мислам дека најдобро е да се остави секој сам да одлучи, иако како родители може да дадат совет и да разговараат со децата, сепак крајната одлука треба да се остави на нас.
    Бидеjќи цел живот ќе треба со тоа да се занимаваш, а да работиш нешто што не сакаш....баш и не е препорачливо :) .
    Мене никогаш родителите не ми влијаеле врз изборот и така сама и средно и факултет се одлучив што ќе одам и задоволна сум сега :)
     
  17. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Според мене,родителите треба да имаат удел во информирањето на децата.Треба да им укажат што е перспективно и колку ќе им се исплати трудот во нашата држава.Но :!: треба само да ги информираат и да дадат мислење што е добро а што не,но доколку детето има голема желба за одредена насока тие треба да го поддржат а не да инстистираат да бидат послушани. ;)
    Инаку јас сакам да одам економско средно,а моите од секогаш ми зборувале дека најдобро е да одам гимназија,дека сега сме сеуште во лудите години и не знаеме што сакаме..денес едно,утре друго.. па можеби ќе сум се каела. :?: Меѓутоа од кога им кажав дека сум решена за таму,ми кажаа дека било каква одлука да донесам ќе ме поддржат,и се надеваат дека ќе успеам.Но,сепак ништо чудно и да се премислам па да ги послушам,арно велат дека сега не знаеме што сакаме самите :lol:
     
  18. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Мислам дека родителите имаат само право да ги посоветуваат децата за нивната идна професија, а не да ги запишуваат каде сакаат тие. Највообичаени се случаевите кога родителите настојуваат децата да ја наследат нивната професија. Мислат дека тоа воопшто не е во ред бидејќи, потоа децата се оние кои страдаат. На пр. татко и на братучетка ми е доктор и тие сосила ја запишаа во медицина, што воопшто не ја привлекува. Плачеше, молеше и на крај таму ја запишаа. Затоа сега воопшто не учи и и се многу слаби оценките. Моите родители секогаш ме подржуваат во скоро се, и не ми се мешаат нешто многу за мојата професија само ми даваат совети :D
     
  19. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    треба годинава да се запишувам,ама премногу ми дишат на нос за економски,демек да ја продолжам работата на фирмата,ама нејќум бре...еве како 2 дена не им зборувам,се испокаравме,јас си сакам филолошки и ќе си останам на мојот став...
     
  20. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Оваа тема ми беше за есејот по македонски на матура и незнам какви не глупости изнапишав хаха. Според мене некогаш родителите лечат комплекси преку своите деца. Ако бидат доктори и детето доктор, ако бидат правници и детето правник итн. Одлуката е сепак наша. Неможеш со сила убавина, да го тераш детето за нешто што не го бива. Потребени се сугестиите од родителите но во границите. Јас во поглед на средното и факултетот одлучив сама и мислам дека не погрешив. Единствено нешто за што имаше влијание од родителите е да не студирам во Скопје. Бил голем град, метеж, опасно било, големи трошоци итн. Ги послушав и не погрешив. Познавајќи се себеси неможам да бидам одвоена толку од дома и да водам сметка за себеси што треба сега да јадам или дали ќе бидам стоплена и колку треба да штедам а сега ја имам само најважната работа само да учам и ништо друго.