1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијание на форумот во секојдневниот живот

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ladybug98, 6 август 2020.

  1. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.133
    Пол:
    Женски
    Во последно време станав зависна од форумот и си размислував какво влијание имаат коментарите и мислењата од сите членки. :)
    Колку реално ги применувате советите кога барате помош за одредена ситуација? Баш ми падна во очи скоро коментар на членка дека за џабе пишуваме и се трудиме да укажеме помош и решение кога потоа секој си прави како што тој мисли, а пишува и бара совети секојдневно.

    Јас самата се приметив дека добив некако сила од форумот и полесно се борам со тоа да бидам директна и отворено да кажувам што мислам без да се срамам и во секојдневието, а не само на форумов. Гледам како размислуваат поширока маса на луѓе, а не само на тие околу мене што ги знам и некако станав по open-minded :D А за тоа колку информации и нови нешта научив, да не зборувам. Мене ете ми влијае секое мислење на добро или лошо незнам :D

    Не најдов ваква тема, ако има слободно ставете клуч
     
    На kukla21, anelchylola, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Вежбаш здрава дискусија, учиш да го браниш својот став, сфаќаш дека треба да се погледне на нештата од друг агол, учиш да сочувствуваш и го намалуваш егото. Има паметни луѓе на форумов.
     
    На Ugly Duckling, cresa-jagoda и mesecar им се допаѓа ова.
  3. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    1.400
    Има влијание со тоа што овде луѓето тука си даваат поголема слобода во однос на искажување на мислењето. Подрастично се поставуваат во однос на своите ставови и позиции затоа што се анонимни, па дури и си даваат право да навредуваат. Нема дебатирање со аргументи туку само со навреди. Да не си во ситуација да побараш помош или мислење овде, може подолу од лајно да те направат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.408
    Пол:
    Женски
    Ако тука некој ми помогне за некоја дилема, ми разјасни нешто што имам да прашам, ако даде препорака за книга/филм/храна... Ако прочитам нови информации, ако дознаам или научам нешто ново... Тоа е влијанието врз животот кога ќе се одјавам.
     
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.635
    Допаѓања:
    116.252
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа каков е станат форумов, не треба да влијае на никој.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.064
    Допаѓања:
    11.208
    Нема некое влијание освен што се чудев колку млади се на антидепресиви. Никогаш не би помислила дека е таква ситуацијата во Македонија.