Вметнување ретинол во негата на лицето

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 6 декември 2022.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.857
    Допаѓања:
    81.098
    Пол:
    Женски
    Не верувам некоја од вас да не слушнала за ретинол, зашто во последно време сè повеќе читаме за него. :)

    И не само тоа - веќе има премногу серуми, креми, тоници и уште еден куп продукти кои во својот состав ја вклучуваат оваа состојка, па мислам дека не би било лошо овде да се споделат сите искуства на тема ретинол и негова употреба.

    За почеток, ретинолот всушност претставува една од формите на витаминот А (ретиноична киселина).

    Дерматолозите и стручните лица во оваа област велат дека употребата на ретинолот има широк спектар на влијанија врз кожата. Ретинолот всушност ги „буди“ клетките во кожата и ги стимулира да продолжат да создаваат колаген. Па така имаме низа ефекти врз кожата, почнувајќи од превенција и минимализирање на брчки (за што и најчесто се употребува), па сè до подобрување на структурата на површината од кожата, намалување на зголемените пори и сл.

    Добро е да се знае дека кај ретинолот важи тоа дека less is more.
    Во превод - пожелно е да не се мешаат премногу состојки паралелно со него и почетниците да не го форсираат со секојдневна употреба. Исто така, се користи исклучиво навечер и секако, задолжително треба да се користи крем со заштитен фактор.

    Ова е нешто најопшто што ми текна за ретинолот, колку да имаме некаков старт. Секако за зборување на темава има многу. Нема да наведам прашања за дискусија зашто не сакам да одиме по некој унифициран шаблон.

    Оставам на вас, заедно според ваша желба да ги дополнуваме сите други детали во врска со ретинолот и со тоа да пробаме да одговориме на сите прашања околу неговата употреба, вметнувањето во негата на лице и буквално сè друго што ќе ви падне на памет околу него. (highfive)
     
    На Bella__, senjorita-v и pdb123 им се допаѓа ова.
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Еве да го ставам ова овде наместо во претходната тема. Го ставив таму па го видов компетарот од модераторот и го избришав веднаш за да го префрлам овде.

    За ретинолот спремам цело видео со еден хемичар од Италија кој ми прати линкови од многубројни испитувања на ова тема. Сѐ што ќе ви приложам ќе биде соодветно поддржано со примери. Инаку лично не се согласувам со претходно кажаното од страна на pdb (не ја деградирам секако секој има право на свое мислење) меѓутоа ова е мое мислење и не мора да биде исто како и на другите (честопати и не е).
     
    На H.VAGA, Касија и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Јас го користам овој ретинол кој всушност има минимален процент на ретинол и мешавина од пептиди,ретиноид и алое вера. За разлика од тој во сквалан,овој е преодличен и поголем ефект има иако јас немам некои брчки ептен. Лицето,порите ми се мазни. Еве баш би сакала ако го најде @Biodevojka составот да ми каже што мисли, кутијата ја фрлив.
    2ED31B4A-D9C6-4395-AE9B-0FF858C0423D.jpeg
     
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    5.533
    Не можам да се одлучам дали би користела или не. Од една страна има голем хајп ап маркетинг за ретинол, против брчки, акни, од друга страна една сериозна кочница ми е тоа што не треба да се употребува во бременост.
    Тоа можеби зборува дека состојката и не е така наивна. Плус лично за мене како жена во репродуктивен период може било кога да останам бремена а ќе поминат најмалку 2 недели од зачнувањето до доцнењето на циклусот кога не знаеме сеуште дека сме бремени, а во тој период пример ќе користам ретинол. Не дека не е така и со лекови и алкохол, но некако не сум на чисто, односно не сум целосно без грижа за да вметам ретинол во рутината.
    Можеби сум параноична ама еве некомпатабилноста на ретинолот со бременост навистина ми е кочница.
     
    На H.VAGA и koritsaki им се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.295
    Допаѓања:
    3.690
    Јас почнав на почеток на годинава со ретинолот на Ordinary бидејќи сите останати имаа многу висок процент, овој некако ми се виде како најпогоден за почеток. Бидејќи имам сензитивна кожа, сакав постепено да изградам толерантност и да се префрлам на повисок процент.
    Таман почнав да гледам некој подобрувања останав трудна и го фрлив. Сеа се префрлив на mandelaic acid како посигурна варијанта за време на бременост, и искрено планирам одма после пораѓај без разлика дали ќе дојам или не да се вратам на ретинол.
    Дефинитивно треба да се воведе постепено, јас почнав со еднаш неделно, па зголемив на два пати, на крајот веќе го користев три пати неделно што можеби и беше премногу за мене, идеално е некаде меѓу 2-3 пати. Конкретно јас почнав да го користам за намалување на порите, и ми требаа некаде околу 7-8 месеци за да видам подобрување, значи не беше преку ноќ дефинитивно. Покрај намалувањето на порите приметив и подобра текстура на кожата. Исфрлив се останато, искрено за време на короната како и сите други користев секакви серуми и мислам дека претерав со тоа, посебно тие рутини со два чистачи и 5 серуми ми беа премногу. Користев само ретинол и хијалорунска од серуми, скромна рутина но за мене беше супер.

    Јас искрено би го препорачала, зависи што барате и очекувате од него може или да ве воодушеви или да ве разочара.
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    105.403
    Пол:
    Женски
    Од ретиноиди, јас користам бакучиол на Evolve од Белина, последно го купив и тој на La roche posay но се уште го немам отворено, иако сега по мислењата на @Biodevojka се замислив и мислам да го прекинам и да си продолжам со хијалуронската навечер. Баш очекувам подетални информации, видеа од @Biodevojka на темава :)
     
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.866
    Ќе го почнам одговорот со disclaimer (со цел да се избегнат беспотребни дискусии) дека не е ова терање или убедување дека МОРА да се користат ретиноиди. Апсолутно не мора :).

    „Забраната“ за употреба на ретиноиди за време на бременост потекнува од фактот дека биле забележани абнормалности кај фетуси на жени кои користеле орална форма на витаминот А - изотретиноин за лечење на акните. Поради неетичноста да се испитуваат ефекти кај фетуси од топична употреба на ретиноиди, се препорачува да се избегнуваат за време на бременост, затоа што не го знаеме влијанието.

    Е сега, безбедноста на некоја состојка треба да ја цениме од ситуација во ситуација, односно не можеме да утврдиме дека состојката е лоша во сите ситуации ако е лоша (или непозната во случајот) во една ситуација. Вие што сте биле или планирате да сте мајки веројатно повеќе знаете за тоа, односно сигурно постоела храна и слично која било препорачано да се избегнува во бременост, а инаку нема проблем со нејзина консумација. Или еве, ако вежбањето во бременост е лошо за одредена мајка во таа бременост (може во претходната или следната не би било), сигурно нема таа мајка да мисли дека вежбањето е лошо и надвор од бременоста...

    Поентата, апелот на некој начин, ми е да ги судиме работите од ситуација во ситуација, а не од страв, затоа што не може да се генерализира. Скоро сѐ е небезбедно и сѐ е безбедно во соодветна доза, ситуација и начин на употреба...

    Валиден ти е аргументот дека ти може подоцна да дознаеш дека си бремена, а може си користела ретиноид во меѓувреме. Во случај кога планираш бременост, може уште тогаш да го избегнуваш, слично како што би направила со алкохол, цигари и апчиња :).
     
    На jance, MilaSs12, Lavender13 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга ја мислам дека ти размислуваш навистина паметно. Ретки се тие како тебе кои не следат тренд, туку убаво се информираат за една состојка пред да ја внесат во рутината. Браво...

     
    На koritsaki, violetblue и Цунами им се допаѓа ова.
  9. bluepancakes

    bluepancakes Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Препорачајте добар ретинол а да не е толку скап?
     
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    11.637
    Пол:
    Машки
    NovAge
     
    На bluepancakes му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.397
    Допаѓања:
    16.944
    Почнаа да ми се познаваат првите брчки :doh:
    Па си мислам да почнам да користам ретинол, треба на цело лице или само таму каде што имам?:wasntme:
    Со што се комбинира, со што не и за почеток колку често да го користам?
    На ревoкс добар е?
     
  12. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски

    Јас го имам.

    Прозирен е, а треба да е малку како жолтеникав. Мислам дека тоа значи дека е со минимална концентрација, не сум сигурна дали пишуваше концентрација на амбалажата.

    Мене ако ме прашаш, фрлени пари. Јас имам длабоки назолабијални брчки и 11ка меѓу веѓи, касно упалив со скинкер, и само филери спасуваат такви длабоки бразди.

    Пробај види у Космо шо имаат од ретиноли, или Ordinary - нив ги ставаше мајка ми 0,5 и 0.5 и нема збор за ефектот. не купувај од препордавач, негде читав дека има страшно добри копии и на тоа, не знам колку е ова точно, најпаметно од вебстрана нивна да си нарачаш. Види со царина како е, моите нешо платија памтам.
     
    На Snowflake_62 и pamelche им се допаѓа ова.
  13. Nina 2014

    Nina 2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
  14. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Има ли некој користено од овие 2, да сподели на кратко мислење, кој е подобар.
    1. Neutrogena Retinol Boost

    NEUTROGENA-anti-age-retinol-boost-srum_0.jpg
    2. La Roche Posay Retinol
    La-Roche-Posay-Retinol-B3-Serum.png
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    105.403
    Пол:
    Женски

    Вториот го користам и сум многу задоволна , општо немам брчки ама кожата ми изгледа многу поубава од како го користам
     
    На MayDiamonds и Polyincognito им се допаѓа ова.
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @koritsaki Ти благодарам многу, баш ќе го пробам :f:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 17.06.'15

    17.06.'15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2015
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    44
    @koritsaki @buba4e89
    Зашто ретинол не на 21?
    Секој дерматолог дали кај нас или во странство препорачува вметнување на ретинол во својата рутина во 20тите години, плус е прв борец за акни покрај снти ејџ нега. Порано бил користен за третирање на скни
    А и колку девојчиња од многу по рсни години имаат вметнато ретиноиди само ради акни, не знам зашто сите имсте толкав страв од ретиноли :D
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    105.403
    Пол:
    Женски
    @17.06.'15
    Зошто во 20тите години кожата се регенерира нормално и немаш потреба. Ако почнеш од сега со тие анти ејџ состојки, на 30 и 40 год што ќе користиш :wasntme: Има јаки и слаби ретиноли - бакучиолот е природна алтернатива од ретинолот па ајде од 25тата да почнеш него да го користиш. Од 30тата веќе почнува кожата да "слабее" и може е потребно нешто додатно да се користи.
    За акни ако ти е, треба да си направиш др испитувања, на пр за хормонски ништо не ти помага само терапија препишана од лекар. На 21 год јас хијалуронска или вит Ц би ти препорачала повеќе.
     
    Последна измена: 16 март 2023
    На NoirSerpentine, Bella__ и buba4e89 им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Живеам во странство и прв пат слушам дерматолог да препорача ретинол на 20 годишно девојче.
     
    На Konfetka и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. 17.06.'15

    17.06.'15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2015
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    44
     

    Прикачени фајлови: