Моето мислење е дека секој треба да плаќа данок, па и верските институции. Но, тоа треба да значи да добијат и права во државата. Зашто оној што плаќа данок во секоја нормална држава треба да има и права, а не само обврски.
Во државава има многу работа што треба да се заврши, оданочување на верски институции не е една од нив. Во секуларна држава каде религијата е на страна од закони и државни работи, тогаш фер е да нема ни обврски за данок.
Кои права ги немаат поповите? Здравство, образование, гласање,? Ако е за мешање во закони.... буквално сите плаќаме даноци ама никој од нас нема таква моќ да воведува или оспорува закони, освен тие горе
Апсолутно да. Бидејќи вршат економски дејности. Донации се кога им кажуваш на верниците да донираат пари колку што мислат и сакаат. Моментот кога е воведена тарифа со однапред дефинирани цени за разни верски услуги веќе не може да биде класификувано како донација, туку вршење економска дејност и законски досега требаше да си плаќаат данок како и секој друг економски оператор во земјата. Други работи од кои имаат профит а треба да се оданочат црквите на пример се наплаќање за влез во верски објект, продавање икони, фрески, слики, накит... За градежниот бизнис и не навлегувам, ќе нема крај постов.
Данок можеби не во смисол на давачка на проценти бидејќи нема како да се знае колку точно примаат а и самите верски лица нема да кажуваат. Можеби треба да има некоја фиксна сума на надокнада на годишно ниво на верска заедница, за да нема мини заедници кои се само за избегнување данок (буквално обистинување на изговорот за правење црква - „ми се виде на сон“). И данок на имотот, возилата и сл., ама ако се лична своина за лични цели, иако тоа кај нас олеснувања за алатки потребни за работа баш и не е распространето.
Еве ние плаќаме 18% данок за влошки што ни се неопходни ама никој не нѐ прашува за закон за данок да се намали.
А у Арачиново плаќаат? Таква тема уствари не смее да има, удри по МПЦ. нигде не плаќаат скоро. Може у Америка. Сеа баш гуглаб
Да стават данок во приватното здравство. Не може плаќам за операција 2000евра, а данок нула. Се наполнија со пари. Данок треба да има за сите што прават промет.
Во Германија се плаќа црковен данок при пресметка на доход(плата)се одбива и овој данок ако си регистриран како христијанин.
Плаќа данок на заедницата на црквата, од таму се плаќат платите на поповите, се држат црквите, гробиштата, се финанцират школата за поповите. Ако не сака некој да плаќа треба да се пријави како неверник да „излезе“ од црквата. Во тој случај не можеш да се венчаш во црквата на пример.
И како е тоа различно или поврзано со твојава тема? Ако си верник одиш во црква, плаќаш пеење, венчавање, шо дае, 3 пати во годината, или во животот, ако не, никому ништо. Ко ќе размислам, па загреота е мпц ако зависи од вака непостојани приходи.
Плаќаат данок на добивка како и сите други. Ако мислиш на ДДВ, тогаш тој пак пациентите ќе го плаќаат, како и кај се друго што има данок на додадена вредност. Го плаќа крајниот корисник, а не операторот.
Мислам дека имаше ваква тема, или не? Како и да е, мислам дека треба да плаќаат данок доколку прават промет со услугите. На донации не мораат, но доколку се тоа навистина доброволни донации. Има доста дебата околу тоа затоа што независно од данокот кој верниците ѝ го плаќаат на црквата преку државата, државата додатно ја субвенционира католичката црква во Германија низ тнр. конкордати склучени со Ватикан. линк „Стоп за субвенционирање на Црквата - повеќе пари за граѓаните„ : https://stop-kirchensubventionen.de/
Во Швајцарија многу католици остануват да плаќат бидејќи сакат да ги пратат децата во католичките училишта (само за девојчиња или само за момчиња). Моја колешка рече дека добро што плаќала иначе би требала да плати 15000 да го прати синот во тоа училиште, а ако плаќаш црковен данок ништо не се плаќа.
Црквата треба да биде дом за сите кои во неа утеха, спас или мир бараат...како ли со пари ја поврзувате и влезници,даноци, еве не ми е јасно... Дали сиромашниот е осуден неверник да биде или како?