1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на веронаука во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од gingerchild, 17 април 2012.

?

Дали да се воведе веронаука во училиштата?

  1. Да

    11 глас(а)
    17,7%
  2. Да, но само како изборен предмет

    17 глас(а)
    27,4%
  3. Не, никако

    34 глас(а)
    54,8%
  4. Немам мислење

    0 глас(а)
    0,0%
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    На една од утринскиве програми на телевизија имаше дискусија за воведување на веронаука во образованието, со анкета околу тоа дали граѓаните се согласуваат да се воведе. Сите граѓани што се јавија беа за воведување веронаука. Што мислите вие? Дали треба да се воведе веронаука?

    Според мене, сметам дека не треба. Луѓево се утепаа од кажување дека веронауката учи на мир, дека може да ги реши овие инциденти, тепачки и војни. Дали некој ќе верува во Господ или не, тоа е работа која самиот треба да ја процени без да му се наметнува вака. :)

    Секоја почит и до верниците, се надевам темава не е за во канта, и нема да предизвика несакани препукувања. :)

    п.с. овој водителов на утринскава на канал пет е ултра антипатичен :rofl:
     
    На Bezimenka90 и Anabelle им се допаѓа ова.
  2. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Јас сум и за, и против.

    Сум за, но ако се изучуваат повеќето поголеми религии, и предавањата да не се пристрасни, туку стрикно за изучување на историјата, историското значење и развитокот на религиите.

    Секоја личност треба сама да си одреди дали ќе биде следбеник на некоја религија или не, а не некој да му ја наметнува истата.

    Против сум поради тоа што прво кај нас не верувам дека има стручен кадар кој би ја одржувал наставата, сигурно планираат да пратат некој поп да им проповеда на децата како Господ е семоќен??? И знаејќи го нашиов народ, и младина, сето ова ќе предизвика само поголема тензија и нетолеранција :fubar: .
     
  3. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    тие што предаваат вероНАУКА, воглавном, немаат појма за науката и нејзините врвни модерни достигнувања, не ја разбираат ниту се интересираат, и не веруваат во науката.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Искрено, не сум за веронаука во училиштата. Од проста причина што на младите можеш лесно да влијаеш, а тоа некој може да го искористи за своја цел. Опасен е фанатизмот во името на религијата - се докажало тоа многупати, а верувам и допрва ќе се докажува. Јас верувам во Господ, ама не сум за да се учи веронаука од мали нозе. Е сега, можеби и би прошло кај мене, ако се работи за предмет од типот на проучување на светските религии, нивното настанување, ширење и застапеност, потоа обичаите, сфаќањата и верувањата на истите. Што му доаѓа повеќе некако како историја на религијата. Ама во тој случај, нема да предава свештено лице, туку ќе предава историчар кому специјалност му се токму религиите. Кој сака да учи веронаука, нека има неделни училишта каде што ќе одат оние деца кои сакаат да учат за тоа, впрочем и оние кои сакаат да станат свештени лица. Ако не сум грешка, во муслиманските земји постојат и такви училишта во кои се учи за религијата, наречени медреси.

    Ако се воведе како задолжителен предмет, и притоа предава свештено лице, јас нема да дозволам мои деца да го учат тој предмет. Макар добивале укори и неоправдани изостаноци за тоа.
    Сметам дека не е во ред деца да бидат изложени на такви влијанија, посебно на возраст кога се' уште немаат изградено свои ставови и размислувања, кога не знаат што е вистина, а што прикаска. Мислам дека родителите можат да им објаснат доволно на своите деца за да можат самите да сфатат и да изградат свое мислење околу тоа, дали им се допаѓа или не. Само без притисоци. А воведувањето на веронаука во училиштата ќе го сфатам како притисок.

    И (ова можеби нема врска со темава) повеќе сум за воведување на сексуално образование. Тоа е многу потребно во денешно време, кога младите прерано созреваат и почнуваат со експерименти без да бидат доволно информирани. Тоа многу повеќе ќе помогне отколку веронауката, затоа што религијата нема да им помогне да одолеат на искушенијата кои кај младите се јавуваат во пубертетот. Без разлика што религијата проповеда дека сексот пред брак е грев ;)
     
    На Bezimenka90 и Anabelle им се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Сабајлево на Канал 5, на утринската програма со Милена и јас ја слушав дискусијата за воведување на веронаука во училиштата и за неполни 15 минути бев приморана да го сменам каналот поради глупостите што ги слушнав од одредени јавувачи.

    Јас сум против веронаука во училиштата.
    Е сега се поставува прашањето Зошто?
    Затоа што според мене учењето на вероауката првенствено би поттикнувало меѓуверска омраза, што посебно во овој период не ни е ни малку тоа потребно, ,,доволно'' е се' она што моментално се случува.
    Друго јасно е дека во сите училишта низ земјава учат деца не само од македонска националност туку и други, што дополнително ќе ги истакне нивните различитости и спротиставености во ставови.
    Со воведудувањето на веронауката би се отворил само еден контрапродуктивен ефект.

    Постојат свети места каде што децата/луѓето кои се заинтересирани повеќе за војата религија би можеле да појдат и да дознаат некои работи, иако сето тоа можеме и на интернет денеска да го дознаеме.
    А веронауката според мене не би требало да се меша во образованиот систем.
    Кој во што сака ќе верува, без да му бидат наметнати некои работи.
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам со сите вас. :)

    Во врска со тоа дека треба да се изучува историја на религиите, тоа е сосема исправно, дури мислам дека и у некои учебници по историја од петто до втора додека учев јас историја, имаше една тема Историја на религија. Тоа е сосема исправно.
    А во црква секоја недела си има литургии, па може да си ги носат децата ако сакаат да ги учат.

    А во врска со офтопикот за сексуално образование, потполно се сложувам! Сметам дека треба да се воведе во образованието како предмет, бидејќи младиве неинформирани прават неповратни грешки.

    Не е воопшто фино некој да ти го учи детето на вера и такви работи, па и ако се третира како прав предмет да го оценува за тоа. Што ќе прават? Ќе рецитираат молитви за петка? |(
     
  7. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Јас не сум за изучување на веронаука..сметам дека нема потреба ...во историјата си има посебни лекции за појавата на христијанството и исламот и од нив може доволно да се научи.
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Предметот веронаука е веќе воведен како факултативен предмет во некои училишта. Јас сум за воведување на веронауката во училиштата ама како факултативен предмет, многу малку знаеме за нашата вера, а уште помалку за другите вери. Нека се изучува, но нека се изучува за сите вери не само христијанството така децата ќе анучат повеќе и за дугите.

    Имаме нешани одделнија каде што децата не се само христијани православни, ги има и муслимани и католици со тие деца го поминуваме секој ден, се дружиме а незнаеме ништо за нивната вера. Така да јас сум за воведување на веронаука, но како факултативен предмет кој може да го посетуваат само оние кои што сакаат да го изучуваат, но не и задолжителен.
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    Сега да се воведува?
    Па зарем нема?
    Јас сега сум седмо одд. и во петто учев за религиите и предметот ми се викаше Религија. :^)
     
  10. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Веронаука учев во 5-то одделение.
     
  11. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Има доволно лекции во учебниците по историја и во основно и во средно, а и по македонски се спомнува. Доколку некој сака, има места каде може повеќе да се информира. Сепак, треба да им се остави простор на децата да веруваат во она што тие мислат дека треба, а не да им се наметнува од родителите, општеството, образованието и сл.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла да има веронаука но како изборен предмет. Би сакала да го учев јас тоа, ме интересира таа наука, но ете...
     
  13. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Што мислите, дали веронаука како предмет е нешто што треба да биде вклучено во образованието? Мојот став е да, религијата ги анализира најдлабоките прашања на човековото постоење и генерално смислата на животот, под ова не мислам да се форсира една религија како вистина, туку да се објаснат различни религиски концепти.
     
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Не, затоа има предмети како филозофија и социологија за тоа.
     
    На Mazegin, S.W.A.G, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    НИ-КА-КО

    Ако сака некој, нека отвори приватно религиозно школо и таму нека учат што сакаат.

    Во секуларна држава, нема место за изучување религија.
    Освен, како компаративна анализа меѓу сите постоечки релгии.
    Госпели во државни школи, по Устав не смее.
     
    На Tiktaalik, lovestoneddd, S.W.A.G и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Нека ја има, но како изборен предмет. Ко задолжителен мислам дека не може да се протурка во 21. век, ‎постои ‎релативно ‎голем ‎отпор.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    И историја.... и литература....

    Гилгамеш ...пример
     
    На daylight и Mikha4 им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Убаво е да се учи веронаука, но најприфатливо би било како изборен предмет.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Па тоа и викам, да се изучуваат религиските концепти, не да се учат молитви. Прашањето е дали има корист од тоа? Реалноста е дека многу луѓе наоѓаат морален водич во религијата, настрана од славење празници и слично, зборувам само за личното (интимно) користење на религијата, читање Библија, Куран, што и да е, барање смисла на постоењето и сл. Јас лично сметам дека нема ништо лошо во тоа да се учат работи како трпение, помагање и не осудување, НЕ пропагирање на една религија како вистинска, а другите како лажни.
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Во кои не е вклучена религијата воопшто, колку што јас знам.