1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на државно тестирање наместо екстерно

Дискусија во 'Образование' започната од t.a.m, 13 февруари 2021.

?

Дали сте за воведување на државен испит наместо екстерно во основно и средно образование?

  1. За

    7 глас(а)
    33,3%
  2. Против

    12 глас(а)
    57,1%
  3. Сеедно

    4 глас(а)
    19,0%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Здраво на сите.
    Ја отворив оваа тема бидејќи како што разбрав според новата концепција за образование која ја предлагаат од МОН, на местото од екстерното тестирање се воведува државно тестирање и тоа од најмалите одделенија.Е сега како што разбрав тестирањето ќе биде на пример во 3-то одд , 5-то , 7,мо,9-то , и т.н.
    Доколку некој е запознаен повеќе добро е да образложи дали е така или не.Секој коментар е добредојден.
    А и впрочем нели сите бевме против екстерно, кое се укина ама еве пак воведуваат некој си друг тип на тестирање само со друго име...

    Се надевам има засегнати лица на форумов, наставнички или професорки кои работаат во училишта.Па ако се запознаени со новиот начин на тестирање нека повелат со коментари.:)
     
    Последна измена од модератор: 13 февруари 2021
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Не гледам вести, читам тука. Ако е ова вистина, тогаш децата ќе немаат асално детство туку ќе се потресуваат за глупости. Ко да не се доволни стандардните тестови. Ако веќе се воведува некакво тестирање, мислам дека е редно да имаме само тестирање за македонскиот јазик за сите. Оти не си го цениме нашето, затоа и треба.

    Едит: екстерното беше глупост. Го фатив сите четири години. Ми се паднаа релативно тешки комбинации сите години, а на некои лесни. И тоа не беше фер. Уствари, ништо не е фер, ама да не ја ширам темава во офф топик.
     
    На Just_a_kid, edna_malecka и t.a.m им се допаѓа ова.
  3. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Искрено јас дознав вчера вечер и тоа лично од луѓе кои се длабоко против новата концепција за образование,па така и беше кажано, дека ќе имало повторно тестирање во основно и средно образование.Ако е така тогаш не е исправно се укина екстерно , зашто да се воведува државно тестирање :(
     
    На edna_malecka и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    @t.a.m види, екстерното не беше фер. Што и да донесат - нема да е фер. Пошто рачунај некој седнал и научил, а ги гледаш сите со мобилни. За матура па да не пишувам. Се осеќаш бедно оти си научила.

    И сега ќе е вака со мобилни, само на поголемо.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    @eliesaab Искрено сум против било какво тестирање,бидејќи повторно ќе се јави онаа иста ситуација како со екстерното.Притисок врз децата,родителите наставниците,професорите и пак што викаш телефоните ќе работаат..
    А оној што учил ќе се чувствува како да не кажам....
     
    На oblace1, edna_malecka и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Буквално 3 дена пред тестирање ќе ги пуштеа прашањата и ќе си ги разменувавме одговорите, за да добиеш единица требаше да си стварно глуп. И професори/наставници ни помагаа при полагање, зошто и они самите беа на ризик платите да не им се намалат, бар така ни камуваа. :?:
    Имаше и цели групи на Фејсбук и тука има теми колку што памтам. Да, беше тотална заебанција, носеше стресови непотребни, но не беше толку лошо како што некои го одсликуваат.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Демек нешто од ова ќе биде со фер оценување?
    Во нашава држава скоро никогаш.
    Кога полагав беше жив хаос. Се разбира, тие малкумина што си учевме се отепавме со денови од стресови и нервози, останативе со врски полагаа граѓанско и некој сличен небитен предмет. Си кулираа, идеа со рацeте во џеб и професорите да им ги решат прашањата. Не можам да опишам колку е болно и разочарувачко тоа на таа возраст да го гледаш пред твои очи.
     
    На mode-kristina, Just_a_kid, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Што им е со глупостиве шо запнале да ги воведат ко реформи во училиштава? Се побизарно и побизарно. |(
     
    На oblace1, Just_a_kid, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Тоа е секоја реформа полоша од претходната.
    Ако се прашувам јас програмата за основно образование до 1998 год беше многу подобра него сега оваа модерната :(
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Навистина не знам нешто повеќе околу ова, доколку некој добие повеќе информации нека сподели овде. Иако ми се чини дека е same shit ко екстерното, само различно пакување. Непотребни стресови само, а не дека тоа ќе биде некоја реална оценка. И другарка ми има кажувано кога беше средно дека класната и се има дерено како можела она да добие по нејзиниот предмет петка на екстерно, а она и ставила 3ка, демек ја брукала, па и се заканувала нешто... Страшно. Јас не се сеќавам многу на сето ова, само знам дека ми се имаше еднаш паднато ликовно или музичко за екстерно, а ние немавме ни учебник по тој предмет, ликовно ќе да беше и мислам цртавме само и ептен стрес ми беше и не знам ни како се снајдов после. Понатака мислам дека полабаво почнав да ги сфаќам тие работи и не се замарав веќе толку што прават. Во средно исто мојата генерација куп реформи ја фатија, па последната година и протести имаше за да нема математика на матура и за екстерното мислам да се укине и мислев дека we got it bad, ама како што гледам од генерација во генерација се полошо оди, и само воведуваат тотално беспотребни работи место да се посветат на нешта од суштинско значење...

    Сепак, мислам дека колку толку јас бев една од последните генерации во кои се учеше поокеј, и во однос на материјали и начин на предавање, иако и кај нас пробуваа да вметнат некои ноу сенс новитети, ама ова сега е ужас, веќе мислам дека ни самите не знаат што прават и што воведуваат. Брат ми заврши средно во 2007, разликата меѓу неговите учебници, тетратки и начин на предавање беше небо и земја со ова сега што се случува. Забегав малку од темата, ама стварно не знам која им е поентава на бесмислениве реформи и чуда...
     
    На mode-kristina, edna_malecka и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Тој што не учел цела година нит за екстерно нема да научи.
    Знам по мене.
    Отидов со "колку знам толку".
    Ги прелистав дали 3 пати прашањата.
    Во училиште пред тестирањето неколку дена, наставничката со тие деца што имаа инспечатени прашања ги вежбаше со нив. Чат пат нас послабите ќе не прашеше.
    Можда и она им ги испечатила на омилените ученици.

    За време на тестирањето доаѓаа наставници и од дете на дете демек "проверуваат", а сама знам дека им викаа "ај размисли, не е тоа, погоре, подолу, тоа".

    Јас сум да се врати, ама и против сум.
    Неопределен граѓанин, каде сите таму и јас. :rofl::rofl:
     
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    5.289
    Пол:
    Женски
    Екстерното и не беше толку страшно, како што кажа злоба, ама малите деца од основно, знам дека многу се стресираа, некои дури и плачеа.

    Според мене е чиста глупост, и доколку овој нов „предлог“ е нешто слично како екстерното, воопшто нема да го поддржам. Колку што памтам, имаше прашања со повеќе точни одговори, па со ни еден точен одговор. Катастрофа организација.

    Последно полагав во прва средно, наредна година се укина. Добив една 5ка, и една 4ка, и баш поради таа 4ка од екстерно, изгубив поени при упис на факултет, и само за неколку места, не успеав да влезам во првите 10 студенти, и да бидам ослободена од партиципација во прва година.

    Безпотребно малтретирање и стресирање е, и онака има државна матура на крај на средно, мислам дека нема потреба од вакви работи, особено за дечиња под 5то одделение.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Првпат слушам за ова. Не знам како ќе се спроведе, најверојатно лошо, ама потребна е контрола на образованието и тоа како. Како нација немаме знаења од општа култура и тоа е факт. Без разлика дали децата ни се под стресови или не, неписмени се. А имаат петки. Тоа е проблем. Коренот е во корупцијата.

    На индивидуи им се ставаат петки од икс причини, па оваа незаслужена петка станува стандардот за сите други. Наставникот си вика е ако на овој ставив петка нема смисла на овој пониска оценка. Ајде и на овој петка. Тројките се резервирани за оние што се под стандардот на корумпираната петка, а двојките за повтарачите. Единици како концепт се непостоечка работа, особено во основно. И така. Битно се едуцираме ние.

    За редовно тестирање, секако сум. Да не влијае на оценки, да служи како контрола и набљудување на ситуацијата. Децата ќе се стресирале. Ќе се стресираат бидејќи постои притисокот на бидат со сите петки, без разлика колку знаат. Бидејќи во нашиов мизерен стандард нешто помалку од петка е срам за сите, иако оценката е само број, а вистинскиот срам е што сме на дното на ПИСА-резултатите. Ама битно сите сме со сите петки, паметни на мама.

    Реформите во образованието се потребни. Не сум на ставот дека ,,само воведуваат глупости". На големо несогласување на 50+ годишните, ни југословенскиот начин на учење не е идеален, а доказ за тоа ми е фактот што рандом примерок на 50 годишни луѓе, нема да бидат толку поразлични во знаењата од денешните средношколци.

    Зборот ми е, во теорија реформите се во ред, ама кој ќе ги спроведе? Технолошки неписмените наставници? Наставници што уште имаат стапови во рака и удираат по газ? Наставници што веруваат дека земјата е рамна? Не зборам на памет, ова ми е од луѓе кои мене ми предавале, а лани завршив средно.

    Нека тестираат, мора од некаде да се почне. Да се уверат наставниците дека уствари за украс седат во училниците нивни.
     
    На Bezimenka90, mode-kristina, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  14. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    @Lella Ти убаво си кажа се Али ако се прашаме од овие 30 год. осамостојување на Македонија кој период за нас е најприфатлив јас би избрал периодот до 2000 год.или да речеме до 2006/07
    Ама мислам дека после 2000 год се е експеримент, бидејќи се што се воведе се е тапа.Сметам дека на образованието му е потребно реформи ,али тие да бидат издржани и целосни.Не за месец дена да се направи некој концепт и тој насила да се протурка сакале нејќеле.
     
  15. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Овие па демек ќе укинеме екстерно, ќе им ги намалиме часовите на малите дечиња, ќе ги реновираме студентски домови....испадна дека се е исто само сеа имаат различни називи :drunk:
     
    На edna_malecka, tinka-mace и t.a.m им се допаѓа ова.