1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вода во белите дробови

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emily24, 5 ноември 2011.

  1. emily24

    emily24 Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Драги девојки дали некој знае нешто повеќе за вода во белите дробови ? и како тоа се лекува? Ако некој знае нека ми објасни подетално за оваа болест однапред благодарам ;)
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    вода на белите дробови !?

    Јас колку се разбирам, водата на белите дробови не е само по себе болест, туку последица. Најчесто поради срце оштетено на левата преткомора и комора, од висок притисок и блокирани артерии, но поретко од други работи како инфекции, болести на бубрези, вдишување на отровни гасови, голема надморска висина, кои сепак можат да придонесат до срцева слабост, а со тоа и вода на белите дробови.
    Примарно мора да се најде причината и да се дејствува врз неа.
     
  3. angelat

    angelat Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    Течност во белите дробови

    Здраво
    Сакам да прашам што знаете за прогноза на течност во белите дробови и тоа во двата бели дроба кои се речиси целосно исполнети со течност. Станува збор за стара жена од 79 години која има проблем и со срцето па поради тоа докторот рече дека има многу слабо срце и не може да се направи пункција . И препишаа само Lasix фуросемид апчиња да пие и рече дека не се знае дали ќе и биде подобро. Сега сепак е подобра ама има постојано проблем и со висок крвен притисок . Ве молам доколку некој знае што може да се очекува и дали со апчињата ќе се санира некако течноста. Поздрав
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Рецепт: Исчистете ги вашите бели дробови за само 3 дена

    Никој од нас нема време да ги примени комплицираните режими на исхрана кои се неопходни за чистење на организмот. Затоа, ви го донесуваме методот кој ќе ви помогне да ги исчистите белитре дробови за само три дена.


    Многу луѓе никогаш во животот не запалиле цигара и имаат проблем со белите дробови, додека други се пушачи и по 30-40 години, а ги немаат тие проблеми.

    Се чини дека сè е индивидуално, но цигарите сигурно допринесуваат за лошата состојба на белите дробови. Поради тоа, овој метод им е повеќе потребен на пушачите, но без разлика дали сте пушач или непушач, сигурно ќе ви годи да ги исчистите белите дробови од токсини.

    Еве како да го направите тоа за само три дена.

    Два дена пред овој процес би требало да престанете да конзумирате млечни производи, а вечерта пред првиот ден од режимот, испијте шолја билен чај пред спиење.

    Тоа ќе помогне за вашите црева да се ослободат од токсините, што е значајно за белите дробови да не бидат преоптоварени во текот на процесот на детоксикација.

    Постапка:

    Исцедете два лимони во 300 милилитри вода и испијте ја пред појадок.

    Испијте 300 милилитри сок од грејпфрут или ананас. Овие сокови содржат природни антиоксиданси кои се важни за здравјето на белите дробови.

    Измеѓу појадокот и ручекот испијте 300 милилитри чист сок од моркови. Тоа ќе помогне за да се зголеми алкалноста на крвта.

    Во текот на ручекот треба да испиете 400 милилитри сок богат со калиум. Калиумот е клучен елемент за чистење на белите дробови. Рецептот за овој сок следува во продолжение.

    Рецепт:

    Во соковник исцедете 350 грама пашканат, 350 грама зелени пиперки, 200 грама крес и 350 грама краставици. Тоа би требало да биде мерата за околу 400 милилитри сок.

    На крајот, пред спиење треба да испиете 400 милилитри сок од брусница.

    Покрај овие сокови, треба да водите сметка и да вежбате во текот на тие денови, доволно да спиете, а можете да направите и топла бања барем 20 минути дневно за да ја зголемите детоксикацијата.

    Овој режим можеби ви изгледа малку напорно, но за само три дена ќе почувствувате неверојатни резултати.
     
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    фуросемидот не помага многу, јас ги пијам со години ама нема многу ефекти, дури и редовно да го пиеш е џабе, јас го пиев цел месец секој ден од 40мг. и од 45кг. се напраив 30 :tmi: лицето ми беше многу бледо едвај се опраив, сеа го пијам преку еден ден од истите 40мг и пак стомакот ми е ко да сум 5 месец бремена :(
    колку пати некои непознати ме прашале какво бебче очекувам :|
    Јас имам вода во белите дробови поради срцеви болести. т.е како што кажа Имелда последица од срцеви заболувања.