1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Водел двојна врска цела година

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од GreenEyedBabe, 4 јуни 2011.

  1. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Бевме заедно цела година, се сакавме- врска каква што сака секој. Се беше во најдобар ред се додека не го фатив во тесно што се вели и дознав дека ме изневерил со неговата најдобра другарка која е 12 години постара од него- жена(плус грда и никаква). На крај всушност се откри дека они спиеле пред да се фатиме- он нормално не ми кажал бидејќи сметал дека тоа нема никаква врска со нас, али затоа на крај се се откри, пред некое време спиеле пак а сега веќе дознавам дека всушност биле заедно цела година и ја сум му била само официјалната, а мани тоа што имавме сварно ок врска без кризи или слично, плус ми беше и прв (иако не придавам многу значајност). Има веќе месец и една недела како не сме заедно а он дури почна и официјално да иде со неа пред сите (не знам со кој образ), дури му се случи да ја донесе на место каде што он знаеше дека ќе бидам и јас. Да сумирам- бил животно кој одговарал само на своите инстинкти и не знам што му се случувало во тоа главата цела година, бидејќи на некој начин он мене ме искористувал а сета таа љубов уствари не ни постоела, ме чуди како се лажира сето тоа! Криво ми е што не можам да го повредам бидејќи наводно бил среќен со неа и дека му е ок, иако кога ставив крај на врската он беше скршениот, тој што липаше по мене- во смисла он бил лошиот дека требал да гори во пеколот и упорно не ми кажувашер се, морав се јас да ископам. Јас сум моментално во шок, не знам што да правам, знам дека треба да сум силна и на крај краева си има Господ па дури и кармата да проработи и ќе го мавне толку јако што нема да е свесен.

    Ми треба многу поддршка, ми требаат јаки совети од вас девојки за да не пропаднам ради идиотов.

    Ве молам.
     
  2. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    И извинете ако има веќе ваква тема, навистина гледав прво да напишам...
     
  3. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    најлесно е да лажираат и јас имав таква врска..значи го сакав ептен..коа ми кажаа паднав на дно..со денови не излегував од дома..ме немаше..
    сватив дека не вреди да тагувам по него..ти си била официјалната а она била играчка..:)
    остај го батали го..после неколку месеци ќе свати што напраил бидејќи како што кажа била постара од нејзе нема корист освен матријална..сеа е среќен после ќе пати.
    пред него биди среќна не го забележувај и така не те заслушува некој таков..а тоа него ќе го убие.
    само напред.:)
     
  4. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Не ми е јасно што мислел цела година! навистина не знам што му мислела тоа главата, како не го убила совеста не ми е јасно...
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Кога започнуваме врска со неко може само да се надеваме дека е нормална личност, со нормално однесување и потреби. Кога ќе се замешаат и емоциите стануваме ранливи, кревки, и нашата емотивна среќа зависи од однесувањето на саканиот. За жал, така е. Сигурно нема да ти е голема утеха, ама секој некогаш во животот бил повреден од партнерот, на овој или оној начин. Мора да сфатиш, да прифатиш и да си повторуваш ако треба дека не е во тебе грешката, проблемот (или како сакаш наречи го), дека тоа што бил доволно расипан да има паралелна врска не значи дека ти не вредиш. Жените/девојките често се самообвинуваат како не забележале што се случува, како можеле да му веруваат, зарем не му биле доволни, зарем не се доволно добри... Факт е дека тоа може секому да се случи, ако е доволно баксуз да налета на таков идиот. Види, и Ева Лонгорија ја изневерувал мажот, а милиони ја сметаат за привлечна и пожелна. Видов дел од нејзинот интервју каде што вели дека нема потреба од огорченост, може секому да му се случи и животот оди понатаму. Ете ти совет од неа :) . Да не набројувам стотици примери на прекрасни жени кои биле измамени и изневерени. Мој совет ти е батали минатото, било, поминало, да не се повтори :) . Извлечи поука, намонтирај насмевка и продолжи со животот. Не се мачи со мисли како да го повредиш, веројатно има кожа-ѓон штом бил способен за такво нешто. Според мене, него најголема казна му е што е таков каков што е :). А ти мило, кога и да помислиш нанего, насочи ги мислите кон нешто поубаво и повредно. Не дозволувај да ти земе уште време од животот покрај таа година :) . Заборави го сосема, ете му ја казната. ;)
     
    На Elennaa, marama, poizon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    За жал постојат и такви луѓе, кои немаат совест. И уште пожално е што тие се баш совршени дечковци, какви секоја девојка би посакала, бидејќи се 100 % посветени на девојката, отворени за нивните чувства дури, полни со муабети за иднината, кои секогаш те разбираат како се чувствуваш итн. итн пуни со муабети, комплименти и понашање кое те врзува за нив прилично силно. Добри актери и ништо повеќе.
    Таквите си живеат во свој свет. Кај нив во главата нивна се си е разграничено и тоа совршено разграничено, да кога се со тебе се изолираат тотално од мислата за другата личност и кога се со неа да не помислат на тебе. Тие си имаат љубов за две девојки, за три, за сто девојки.. и сте можат да ги сакат дури и подеднакво, ако е тоа воопшто љубов.
    Ама ти бидејќи си разбрала дека човекот е таков, се што ти треба сега е да го заборавиш. Не ти треба нити да му вратиш да го повредиш... таков не можеш да повредиш едноставно. Можеш да направиш да не му е убаво ден два, ама напразно е. Друг свет си е дечкото, различен од твојот и оној на останатите.
    Едноставно заборави го. Имаш доволно причини, доволно штета и болка ти нанел да немаш потреба да се навраќаш на него ниту во главата ниту да одиш таму каде што е за да го видиш, нити пак да ги слушаш муабетите за него. Доволно знаеш и радувај се што знаеш, што си разбрала за да сега од петни жили се потрудиш да станеш едноставно и да си продолжиш со животот како ништо да не било.
    Ова ти е само едно грдо и лошо искуство, кое секако ќе те измени, веќе и веројатно те изменило, ама биди ти паметната, бидејќи тој секако е без памет и гледај напред.
    Млада си, премногу млада животот е пред тебе, го имаш ти тоа, а тој и таа нека си се имаат.. сами ќе си пропаднат. Гледај ти да не пропаднеш заради такви двајца.
     
    На marama, julie77, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23

    колку само си во право, навистина најголема казна е тоа што он е таков и цел живот ќе биде таков, секогаш он ќе биде тој што навистина е сам... фала ви и на двете, прекрасни сте што веднаш ми пишавте
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    знам лесно е да се каже ова ама не е вреден да паѓаш во депресија ради некое ѓубре кое не те заслужува биди среќна што си открила на време.Jас исто имав премногу лошо искуство со последната врска и си реков леле сега ке паднам во депресија сега што како понатаму ама седнав размислив и си викам фала богу едно ѓубре помалку во мојот живот никој не е вреден да се трескам од земја ради некој еден ми е животот.Tака да мораш сама да си ги исконтролираш чуствата да бидеш јака а него батали го тотален игнор.Kе си ја најдеш среќата и ти ;) се најубаво и биди јака.
     
    На GreenEyedBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Мислам дека и самата си свесна дека тој е обична џукела која не те заслужува.
    Девојко можеш ти подобро од него да имаш, не те заслужува!
    Знам дека ти е тешко но, сепак мораш да бидеш јака, со крената глава да продолжиш напред, да најдеш некого кој заслужува да го сакаш!
    Се најубаво!
     
    На GreenEyedBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Селјак-е тоа ти е човек погрешно воспитан или воопшто невоспитан ! Извини вака,ама вакви машки нервот ми го кинат :puke: ..Срцка,несакам да се повторувам убаво ти напишаа девојките,послушај ги нивните совети.И јас едно време бев жедна за одмазда,да го повредам,да осети на своја кожа она што јас го осеќав но подоцна сватив дека со банални и невоспотани луѓе нема да се замарам.Сигурна сум дека ќе најдеш некој што те заслужува и ќе те почитува !
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Гадота одвратно, ниско створење како не му е страм без скрупулозно да повредува некого, знам и други вакви луѓе посебно женети кои воделе двоен живот но на крајот тие биле кој останаа со прстот во уста и скршени.
    Не се грижи мажите како него ако можам да го наречам маж :puke: мислат дека се некој мачомени дека можат да вртат 2 и дека му нема рамен,немој ти се молам а уствари сељаците само си ги лечат комплексите кои ги имаат врз други луѓе за жал како во овај случај ни крив ни должен некој ќе пати...
    Не се грижи све се враќа све се плаќа порано или подоцна велиш дека ти е прв,па нема да е последен и ти самата знаеш пробај да не се замараш со вакви гниди како него и неа и да не мислиш многу на целата ситуација знам дека не е сеедно,но колку повеќе навлегуваш во целата работа толку полошо си правиш
    посветиси повеќе внимание на самата себе лето иди излегувај уживај...
    НЕ Е ВРЕДЕН овај ниту една солза да пуштиш за него многу низок и подмолен човек не вреди...
    со среќа
     
  12. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Ептен боље се осеќам! Ме изнасмеа миме87 :)))
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ѓубре!Преварант! :devil: Колку само ми е познато ова... Не вреди поради него ни да се нервираш, ни да бараш кривица во себе, ни пак да трошиш мисла за него или за тоа зошто, па како итн ....
    Едноставно сврти нов лист ... отпиши го и продолжи напред. Верувај само ќе станеш посилна, но и многу по резервирана ... А тој нека си ја очекува кармата дома на врата!
    Сега е важно да си со опкружена позитивни луѓе, да се дружиш, да се занимаваш со било што само за полесно да почнеш да забораваш на него. И на крај верувај има да осетиш такво ослободување што ќе си благодарна што ова се случило со време.
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Одвратно и многу ниско од негова страна. Дефинитивно нема совест, јас незнам како можел цела година да издржи така. За жал постојат такви луѓе, на кои не им е важно како се чувствуваат другите, само за себе си гледаат и упорно лажат, а како што сите знаеме на лагата и се кратки нозете, кога тогаш се се дознава, ништо не останува скриено. Тој не те заслужува, тоа е повеќе од јасно. Уживај, не мисли на мего, излегувај, дружи се. Верувај дека не е вреден за да се нервираш заради него. :)
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Само едно ќе кажам, од искуство, од една таква двојна врска што ја водеше еден со мене и со една дотична курва.
    КОј седи на два стола-паѓаа!
     
    На GreenEyedBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Хех. Идиот. И јас сум моментално во слична ситуација. Што да ти кажам, што да си кажам.. знам како ти е. Јас секој ден си велам КОЛКУ СРЕЌА СУМ ИМАЛА ШТО МУ РАСКИНАВ ЗА ДА СИ ГО ПОКАЖЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ. Секој ден си повторувам колку сум среќна што не сум повеќе со него, ама џабе, секој ден плачам - не затоа што го сакам назад, не фала, нека крши глава - не сакам очи да му видам, туку затоа што се чувствувам предадено, изиграно, согазено, осамено... И не само од него, туку од сите околу мене.. Која совест - да ме гледаат во очи и НИКОЈ НИШТО да не ми каже... Кога прашував за совет дека го чувствувам ладен - дали да му раскинам, сите да ми велат те сака, не си играј со неговите чувства.. Се недели се мислев како да му раскинам, а да не го повредам, се мразев себеси, се чувствував како најголемо ѓубре што не знае да сака.. и на крај за што? За да дознаам дека имал друга? Сега им е официјална врската, заедно излегуваат, со нашето друштво... Целосно те сфакам.. само храбро. И.. не се сите исти - јас секој ден се убедувам, да не почнам да мислам дека сите машки се исти... Искрено јас не знам како понатаму, само знам дека треба да бидеме храбри, и да сме благодарни што откривме. Подобро доцна отколку никогаш. ;)
     
  17. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Жал ми е сварно што си се нашла во таква ситуација само кај мене е малце така поразлично, неговото друштво не ја прифаќа неа и мн ги осудуваат и двајцата- што е ептен добра работа у целово сивило. Изгледа ќе треба се да преплачам and then to move on али мислам дека сум ок и сега, и самата велиш полошо е тоа што се осеќам изиграно него др...

    ајде силни сме, жени сме! :) :*
     
    На Astrid и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23

    Што не е поминало да ова да не помине. Искористи го убаво тоа што друштвото е покрај тебе, излегувај забавувај се, уживај :rock: :rock: Мене предност ми е што не ги гледам повеќе тие лица секој ден околу мене. А појма немам како ќе изреагирам следниот пат кога ќе му ја видам фацата! Се надевам дека нема да биде во скоро време!
    Еих, стварно не ми се верува дека не е само еден, дека има и други такви идиоти.. Сè се враќа, сè се плаќа, без гајле, ќе им дојде и на таквите редот. 8)
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Тоа го прават само суетни личности, кои имаат потреба да се докажуваат одново и одново и одново. Којзнае колку му се дигнало егото, уау, вртам две истовремено. УАУ. Ебате мажот. |(

    Ти не се секирај грин ајд, твоето време ќе си дојде. Биди среќна што навреме си го открила. Немој воопшто да се замараш и да се преокупираш. Прво ќе ти биде тешко, ама после се ќе си дојде на свое место. И немаш никаква потреба да се одмаздуваш, тој човек не вреди ни да помислиш на него, а камоли да смислуваш одмазда. Главата ниско и не дозволувај желбата за одмазда да те однесе на негово ниво. ;)
     
  20. marchy15

    marchy15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Тој не те варал тебе, туку се варал самиот себе, со што докажува дека незнае што сака вистински!
    Биди јака и силна, и не потпаѓај на ова. Ова е само дел од сето она што не чека во целиот живот. :)