1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    8.927
    Лесен е, знаци да пишуваш бројка во квадратче, раскрсници заокружување.
    Може и ве извадат надвор дека нема камера демек на пауза и на секој ќе му го покажат тестот и одговорите. После тие ќе ви ги даде.
    Оваа нашата имаше гума што брише пенкало и ни вика немој да претерате па вие со неточни одговори.

    Нема шанси да паднеш.
     
  2. Dark Queenn

    Dark Queenn Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Чаре за комисијава?
    Не се здрави
    Пари ли сакаат или што?
    буткање за ништо.
     
  3. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Испод 3-4 не пуштаат. Јас на 3 пат положив само од мене се омрсија 10.000 . Првиот пат на заебанција се возевме, вториот пат по сериозни ама пак ми најдоа рачка, Третиот пат комисијата од Битола беше и поминав супер ама од кога ме штавија 10.000.
    Само не се откаужвајте, пошто сте дошле до последната пречка. Комисијата прави онака како шо ќе му кажат од горе.
     
  4. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Нас тој шо ни предаваше теорија под тој шо требаше да го решаваме имаше уште еден со одговорени прашања. Само ни рече под закријајте се од камерата, само 2 прашања препишав од него другите ги решив. Така да, поракава дури сега ти ја гледам и се надевам почна со возење. :D:)
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Паднав вчера на полигон. За 2недели планирам да полагам пак. Во автошколава платив 1200ден за час дополнителен и нишо не ме научија, намерно, зашто планирале 5 дена да учиме "полека", а уствари финта да ми земат 6000денари. Јас толку пари за додатни часови не ни имам и си кажав фино лепо, па добив уште поарогантен однос, епа со 1 ден сигурно ќе паднеш, џабе сега и да вежбаме и само ме моткаше и бунеше низ полигон за вежбите. Вежбав со татко ми, но изгледа не беше доволно и паднав на полигон зошто таму само 2 пати сум правела вежбите и тоа речиси целосно необјаснети, се шо научив беше што татко ми ми кажа и тогаш уствари и сфатив колку ништо не знам во врска со вежбите...
    Паднав шо паднав, сега ми е како следен пат да положам. Има ли некаде кај да вежбам препорака, нешто на стариот полигон на Кале може ли да се оди натака или целосно е затворен и заграден? Навистина пари за толку дополнителни часови немам, ниту па за таков арогантен однос да трпам. Размислувам и за додатни часови поефтини во друга автошкола има ли нешто такво? Слушнав некаде по 600ден биле часовите? Ќе платев и тука за часови, но барем навистина да сакаа да ми објаснат и да ми помогнат, а не само за пари намерно вака да ми прават...
    Било какви совети ми се добредојдени...
     
    На senjorita-v и MrenaRiba им се допаѓа ова.
  6. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Оди почесто со татко ти под Кале, мене тоа многу ми помогна. Иако јас имав екстра инструктор и стварно се трудеше на полигон, а последните 2 часа од градска ме однесе на полигон да вежбаме. Плус, од самата автошкола бесплатно ми дадоа 15 минути пред полагање да извежбам.


    Полигонот е шема, учи го така. Со среќа нареден пат.
     
    На MrenaRiba, Yeeah и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  7. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    И јас планирам да идам на Кале утре, да вежбам. Сакам да ве прашам дали како шема ги учевте на памет? Дали треба со логика да го разрешиш или напамет кога треба лев пун кога десен? Инаку како што кажа погоре @Dream-Girl и јас кога му кажав на инструкторот дека ќе земам еден час само ми рече доволно ли ќе ти е? Два часа ако не земи и јас му реков немам пари за толку. Полагам во петок, па кажете некој начини како да го совладаме и ова. Ви благодарам.
     
    На MrenaRiba, candy.cane и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  8. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.244
    Како бе само двапати си ги правела вежбите на полигон? :x Јас пред да почнам низ град, неколку дена возев само на полигон, некогаш и комбинации полигон, па низ град, за да си ги повторам вежбите. Полигонот го знаев во сон, а и инструкторот ми кажа некои финти, цаки кои ми помогнаа. Каква смотана автошкола, пишувај ги секаде, никој да не им отиде! (n)

    Јас сум за да земеш уште некој час со инструктор, ама не од твојата автошкола. За градска можеш да вежбаш и со татко ти, на некој затворен пат, но за полигон има некои финти, до која црта да одиш, кога да се свртиш и слично што треба да ти ги каже инструктор. Не знам каде се часовите поевтини, одамна полагав, но гледај да најдеш некој добар инструктор, распрашај се, види кој е задоволен на темава, со таков и два часа ќе ти бидат доволни :)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.410
    @Dream-Girl како ти ги објасни вежбите инструкторот?
    Ти кажа ли пример на втората дека треба прво пун лев, па пун десен и назад враќање до пред линијата па пак пун лев и да искочиш?
    Неколку потези се што треба да ги научиш на памет и лесно се поминува.
     
    На Oxymoron и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Напишав се на лист, гледав од јт вежбите и плус тато ми ги кажуваше и на лист како шема ги имам и ги научив на памет. Паднав зошто ги немам вежбано таму на полигонот, а инструкторот еднаш ми ги кажа и беше као треба да ги знаеш чим 1 ден ти е доволно. Пробував да запамтам таму, но дома откако си направив шема научив се, ги знам тие работи. Утнав на 2 вежба зошто влегов прерано и кога требаше да одам накај 3та вежба ги згазив белите линии. Такви некои ситници ми требаат за да положам... Битните чекори ги знам.
     
    На MrenaRiba и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    @Dream-Girl на која вежба падна конкретно и што ти беше грешката?
    Јас ги имав неколку пати убаво извежбано прво и првиот пат паднав за глупост.
     
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Погоре напишав, на 2рата вежба. :( И моето беше глупост реално ама сама си бев крива шо прерано влегов и немав простор да излезам. :|
     
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Ај ќе биде следен пат ама мораш да вежбаш, уште минимум два пати. Втората барем се смета за лесна, паркингот и рачната се потешки. Јас паркингот при вежбање го имав усовршено. И на полагање влегов во паркинг прецизно ептен и на излегување од страв да не преминам линија, рано го свртев воланот и удрив столбче. На втотото полагање на рачната првиот пат ми угасна колата ама ако немаш негативни од претходно, имаш право на две шанси на рачна, и од втора ми успеа.:D
    Е тоа беше со АМСМ, овие сега слушав многу построги биле на полигон.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    Ве молам да ми кажете некој совет плус за 4тата вежба за под рачна на полигон и некој совет за 1вата. Денес бев на полигон и рачната ми се заглави никако неможев да ја спуштам и кога успеав заборавив да дадам гас и колата ми се врати наназад бајаги. Многу се исплашив. Секој совет ќе е добредојден.
     
  15. Bruce10

    Bruce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    Па за првата совет и неам некој, и мене ми беше тешка(цик цак рикверцот) ако е уште таа. Повторувај ја почесто, вози полека и гледај на ретровизорите. Повеќе е пракса, сега возам низ тесни улички со разминување со други коли во рикверц, тогаш да ми кажеше некој дека ќе можам ќе се смеев, пракса е.
    За четвртата имам совет, доаѓаш на угорнината, запираш и крева рачна. Ставаш во прва напоредно даваш малце појака гас, и да збучи колата без гајле, полека испуштај го кумплугот(квачило на македонски хаха) и колата ќе се спушти сама назад, ќе сака да повлече, се чувствува тоа. Е тој момент кога ќе дојде, со раката ќе ја фатиш рачната и кога ќе го притиснеш копчето за отпуштање малце нагоре ќе ја кренеш, значи ептен малце, ќе осетиш на раката дека е откочена и ќе ја спуштиш. Колата ќе повлече сама ако не влече доволно брзо малце отпушти на кумплугот. Битно ти е да ја чувствуваш колата што сака да прави, и не и се плаши, додека возиш ти инструкторот има напоредно педали и он пази :) Се е пракса и навика, кога ќе се научиш да возиш цитирај ми го пак постов да се изнасмееш на што си се плашела :)
     
  16. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    На 11.09 се сликав, тој таму шо слика ми речд дека ќе биди готова за месец дена. Утре сакам да појдам, 3недели од тогаш има и додуша нема месец дена како шо ми рече. Сакам да прашам, ако појдам утре ќе ми ја даат или да чекам како шо ми рече за месец дена. Сите шо положиле ја зеле за 2недели.
     
  17. vaterpro

    vaterpro Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    Прашај си порано многу се месец дена да чекаш, сите ги земат возачките за 2 недели.
    Поздрав.
     
  18. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    Да ве прашам, дали за градска е истата цена и истата уплатница како за полигон? 2100? :)
     
  19. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Хаха, за малце. Градска ќе те кошта 3000 денари со се колата. 1880 ден (така мислам беше или 1900) + 1200 возило. Испод 3000 секој пат нема да си.
     
  20. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    Муабетот ми беше дали за уплатницата е 2100. Поточно за во испитен центар колку плаќам, а не се вкупно. ;)