1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    8.920
    А4, а ја има и по фотокопирници.
     
  2. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Многу сум демотивирана за оваа проклета возачка дозвола.
    Многу се одолговлечи работата, додека стигнав да ги поминам часовите и теоријата дојде лето, па после тоа се зафатив со побитни работи и уште не се имам пријавено за полагање.
    Инструкторот имаш непрофесионален однос со мене. Психички ме малтретираше и вреѓаше. Толку глупави муабети, кожата да ти се наежи, не знам како од камерате не му беше срам. Ми викаше како тоа ќе сум била магистер, а не сум можела наеднаш да ги совладам вежбите. Човекот цело време ми се дереше и секогаш кога ќе се вратев дома и ќе го споделев тоа со моите ми викале да не се спуштам на негово ниво, дека ќе поминат часовите и ќе го заборавам дека постоел. Злобно момче, полно со фрустрации. Не знам како издржав, сега да сум мислам дека би му го раскрвраила носот со еден бокс.
    Веќе не ни имам желба да земам дополнителни часови и да се спремам да полагам.
    Дали некоја од вас имала непријатно искуство и како сте постапиле ?
     
  3. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Дополнителни часови воопшто не ти требаат и не троши си ги парите. Тестовите и полигонот од тебе зависи, за полигон можиш да земиш еден час колку да се потсетиш, за град не. И онака ќе те туркаат 3-4 пати ако немаш врски. Инструкторот е минато, ќе го гледаш уште во текот на полигонот и градската. Но можела да си го сменила или автошколата да ја промениш уште на почеток. Океј е и да се развика ама не да претерува. Мажите се можи подобри возачи, но жените подобри психолози. Имав инструктор жена додуша роднина, опасен шофер е ама мислам дека жена инструктор е подобро за разлика од маж, можеби нее толку проф. како маж или искрено нема фаца за кола жената, ама реков е подобар психолог. Штом си се фатила за оро скоро до крајот, Стегни заби и НЕ СЕ ОТЈАЖУВАЈ !!! .
     
  4. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ме фрустрира типот ! Не знам како издржав на замерки од типот зошто и како сум можела да живеам каде што живеам, подсмевање ако заборавам да свртам и дерење зошто не сум запаметила на каде оди главниот пат на кој нема знак, само стуб. Ќе размислам ако се решам да полагам дали да се пожалам за нестручноста и да си барам инструктор што ќе зборува само кога треба, а не цело време.
     
  5. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Нема што да бараш друг инструктор за пак часој т.е нова обука + нови 20.000ден. Инструкторот е минато, ќе го видиш уште само на полигон и градска.
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    Здраво. Вчера паднав 2 пат градска, возам реон Аеродром.
    Прашањето ми е дали да земам пак дополнителен кога ќе полагам? Искрено за 3тиот пат мислам да не зимам дополнителен,но се плашам ете да не подзаборавам нешто бидејќи мн. се чека и да се чуствувам сигурно, би сакала да слушнам и Ваше мислење.
    И кажете ако имате некој совет плус. Искрено првиот пат не ми беше нешто гајле (но мн поубаво возев, чуствував сигурност во себе) додека за вториов пат се растажив (многу чекав да дојдам јас на ред, се чуствував уморно) колку само бараат влакно во јајце.
     
    На BrightShadow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Не.Не мора.И јас за исто се консултирав во темава и @Волшебникот ми кажа да не земам,го послушав и поминав.
    Еден час баш и нема многу да помогне кога гледам вака ретроспективно.Тоа што си го совладала за тие 36часа ќе го покажеш и ќе биде.
    Со среќа :f:

    Туку јас си имам прашање.На лекарското пише дека за пет години пак ново треба да вадам,ради здраствен проблем.А,на возачката ми пишува до 2029.Да не е некоја грешка или во ред си е?
     
    На Волшебникот му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Честито, со здравје да си ја возиш и со УМ :D. За лекарското препрашај си или во МВР или во Испитен/Авто школа.

    @Yeeah не троши за џабе пари. Не си давај парите за дополнителни за на градска. Тоа е им политика, мора да падниш 3-4 пати.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.551
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    1ви пат со дополнителни паднав.
    2ри пат со дополнителни паднав.
    3ти пат со дополнителни паднав.
    4ти пат се немав качено во кола од кога паднав 3тиот пат и положив :D
     
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Смени ја автошколата :)

    Не ти треба дополнителни, ја појше рутина стекнав откако не возам со автошкола туку со тато, послободно се осеќам и ептен сум посигурна. Вежбај некаде, плус до сега рутина секако имаш, чим и полигон и се положи, мене ми фалеа тие делчиња, од автошкола ништо не научив. Ќе положиш, регуларно си е тука да те бутаат. :) За часови џабе пари ќе фрлаш. :)
     
    На BlackMistery му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Илина Дол

    Илина Дол Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2019
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Значи више нерви немам за возење и полагање. Полагав 3 пат и паднав. И 10 пати да полагам мислам дека пак ке правам грешки :( Сега на третово полагање ми се случи дури и да тргнам со 2ра (што никогаш до сеа немам направено таква грешка во толку возење ). Еве да ве прашам луѓе што сте положиле вие од 4-5 пат , Дали тогаш извозевте најперфектно или сепак правевте грешки па ве положувале ?
     
  12. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    Леле истово се прашувам!!! А кажи ми секој пат ли зимаше дополнителни?
     
  13. Илина Дол

    Илина Дол Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2019
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Секој пат по 3-4 дополнителни часа
     
  14. Ваљдрин.

    Ваљдрин. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    За "B" категорија : 18 год
    Тест од прва
    Полигон од прва
    Градско од втора
    За "C" категорија : 23 год
    Тест од прва
    Полигон од прва
    Градско од прва

    Мој совет: Возете ШКОЛСКИ, во возење бидете мирни, дајте предност, не се туркајте.
    Сообраќајот е систем во којшто има мал-милион учесници. Правилата се поставени да се почитуваат а не да се кршат.:)
     
    На Волшебникот и Yeeah им се допаѓа ова.
  15. Dark Queenn

    Dark Queenn Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Постои можност да положам од 4та?
    Да земам дополнителни (не осеќам дека ми требаат ама што знам)
    Дали носат на полесни релации?
    Искуство од тие што положиле ако може
     
  16. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Тука е проблемот постои секаква можност некој го пуштиле од втора некој 7 пати полагал ,мислам најчесто од 3 та или 4 та пуштаат.Ако сметаш дека не ти требаат дополнителни не ги земај
     
  17. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Potrebna e vozacka dozvola za elektricen motor kako ovoj na primer ??
    [​IMG]
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Јас сега да ви објаснам што се случи пред некој ден.
    Купивме елка со цимерот и на неколку метри од продавницата има споредна уличка и има знак СТОП.
    Фактички тој што доаѓа од мојата десна страна мора да застане.
    Јас тргнав да поминувам и погледнав немаше кола, зборував на телефон и само се вртам кога гледам кола со брзина иде, јас кревам рака да се заблагодарам за тоа што ќе застане да поминам понатака, тој уште толку се доближи, па закочи нагло и ми се дере "Глупачо едно", леле толку ми требаше кога му се свртев велам "Ти имаш знак стоп, треба да застанеш, ти си возач јас сум пешак јас имам предност."
    И како го виде знакот се извини дотичниот и си замина.
    А што ако не закочеше?!
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Малце глупо прашање, ама да си прашам и темава не е баш соодветна.
    Рикверц на фолцваген како се става?
    За на цитроен знам дека мењачот десно и назад.
    А, за ова некако треба надолу мењачот не ми е јасно.
     
  20. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Надолу менувачот, па потоа најдесно па наназад, исто како што кажа за цитроен, само што менувачот надолу го притискаш прво. Јас полагав со volkswagen и така беше.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.