1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. girl2

    girl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Imaat tie kolku vozila denes treba da zaprat kolku kazni da pisat inace pravat kontroli sega ako nemas vozacka ili ako si pijan (naeba) gledas ne prasuvaat ni kaiš vrzano ni dali droga se nosi :D:lol: nemas gajle ...
     
    На Artlover му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Мал совет за сите што се мислат каде да земат часови или се во тек. Барајте си понова кола и полесна, остајте тоа што викаат научи се на постара на потешко, бидејќи никој не научил да вози за време на тие часови. Олеснете си ги околностите бидејќи пари се во прашање. На полагање да ви изгаси колата при тргање се 10 негативни поени, а може да ви изгаси само ако е постар бензинец со мала коњажа. Барајте си полесна и понова кола што и во 2ра трга без да изгаси. Исто така гледајте колата да биде помала. Инструкторот ако не ви се допаѓа сменете си го и активиракте се со прашања додека си возите. Олеснете си ги околностите максимално.
    Второ на полагање остајте впрчаток дека сте самоуверени и интелегенти и паметни да не кажам. Бидејќи до некаде ја оправдувам ккомисијата што бурно реагира на се и кочи. Управувате со возило и секакви лиѓе постојат. Постои грешка во системот бидејќи на лекарско некои луѓе што се со блага ретардација, ги пуштаат а не би требало. И замислете да сте комисија, да одговарате за возилото со кое управува некој почетник кој не го познавате. А не оправдувам недолично однесување од страна на комисијата. Јас 2пати полагав градска со разлижна комисија и однесувањето им беше на место, професионално, не се обраќаа нападно да не ми ствират паника во моментот, на грешките ми укажаа и ми ги објаснија и не не ме паднаа за глупости. 2риот пат кога положив направив 2 грешки. Нне се толку брутални како што раскажуваат сите, не зборувам само пд лично искуство.
    На полагање не одете со негативен став кон комисијата од приказни што раскажуваат луѓе, бидејќи се осеќа негативната енергија и одбивноста и не си правете тензија.
     
  3. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Нема врска тоа со колата. Јас полагав со 9-10 години понова кола од домашнава па сто пати ми беше потешка за возење, Peugeot 107 беше тоа. А дома имам Mazda 626 GE голема седан со 5врати е па полесна мие за возење. Бензинецот стар/нов без туража неможи да тргни освен во рикверц на пола куплунг. За напред, на пола куплунг не трга туку те држи во место за да не те врати назад.

    Дизелот е друго, само да го пуштиш куплунгот цел ќе тргни итоа без туража.

    За другото се согласувам (y)
     
    На Mell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.557
    Не. Ич не се жедни за пари комисијата. Затоа тражат софри и такви работи. Ако видат убаво возеш ќе те терат по сокаци и повеќе време, ќе ти викат "овај знак што го минавме што значи?"
     
    На Dream-Girl и Волшебникот им се допаѓа ова.
  5. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Ако си спремен и подготвен за да положиш и си сигурен во себе што е тешкото да им одговориш што значи знакот не разбирам. Има исклучоци секако не викам не. А не знам кој побарал ручек освен ако не знаеп да возиш и сакаш возачка. Тогаш само ручек ефтино ќе те фати
     
  6. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Тоа мислев . Понов дизел да трга и во втора. Барем такво ми е мене мислењето од искуството од возење различни коли.
     
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.557
    Прочитај ја темата убаво. 90% не се задоволни од комисијата. Дали тоа значи дека 90% се лоши возачи?
    Во секој регион во Македонија има различен испитен центар. А, сепак некако сите комисии се за едно- пари.
    И не, не ми е тешко да кажам кој знак е. Ама за тој дел- теоретски тестови сум дала 2000+ денара и сум положила така да не ја гледам работата зошто да и кажувам.
    До утре може да се лажеме дека комисијата се срцки.
     
  8. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Ние младите треба да возиме бензинчиња јас и си возам за да искусиме :D иако дизелчето е полесно за почетници :D
     
  9. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Јас не знам кој е екстра возач почетник, ама знам дека многу луѓе имаат преголемо его и не можат да си ја видат вината и грешката во себе. Исто така не верувам на секој. А од мое лично искуство и искуство од луѓе кои што се верододтојни и реални го напишав тоа погоре. Не можам да коментирам за цела Македонија, ама генерално моето мислење беше дека ако си супер подготвен и сигурен и возиш топ ќе положиш. А ако си така така и направиш некоја грешка минимална, може и ќе положиш ама зависи од комисијата, секоја ситуација е различна и не можат да се споредуваат. А не се согласувам со барање мито и слично. Тоа постои во сите сектори на државата. Исто така не се согласувам со цената на целата процедура. Само сакав да кажам дека како поединец не можеш ништо да смениш и место да се контриш, и да се правиш паметен, во своја корист да се спуштиш малку. Не можеш да го смениш од корен целиот систем. И ако се фаќаш за мали работи како знаци или зашто ме погледнал некој вака, не е во твоја корист. Тоа ми беше муабетот дека ваквата негативност се шири и се ствара одбивност. А тоа директно влијае до некаде како ќе извозиш.
    Многу мои другари положиле со мито од 4 5 пат дека комисијата намерно ги буткала. Па кога се качив со нив во кола ми стана јасно зошто не положувале.
    А и не 90%, туку 95% во Македонијава се катастрофа возачи.
     
    На T.e.d.d.y му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.557
    Фино што од два поста ми направи анализа на карактерот.
    Кажувам ти ја реалноста.
    Ни имам големо его ни па се правам супер мега возач. Поминала сум го патот со полагање. Скоро секој втор во моето опкружување е со возачка така да горе доле знам како е. Дали од дваесет души еден ќе положе од прва. Знам си ги грешките кога паднав. Ама, комисијата не ги кажува кои ти се нажалост.
    Дали можам да го сменам од корен системот? Не можам. Ама ни сум во план да мачкам очи на анонимни форуми дека само јас правам грешки на полагање, а комисијата немат удел во тоа. Баш напротив. Боцкат, префрлуват, а ти само како трупче вози си и свиркај си, така? Пред да полагаш те прашат "возеш ли овака со домашната кола?" Кој им го дава ова право жити се? Значи ја треба да и се смешкам на јаките вицови за да ме пуштат? За тоа се оденесуваше делот " да се спуштиш малку" . Ако е така, Боже ми помогни.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Не е мит дека од прв пат само со врски полагаат.
    Ние фамилијарно сме сите од прва. Без врски фала богу.
    Се сложувам со @Mell11 сите сте правеле грешки за кои што сте сметале дека не е биг дил. Се работи за сообраќај. Одговорноста е голема.
     
  12. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Кога возам дизел знам дека знам и можам да возам имам контрола над колата, на угорници само кумплуг газ без рачна. А нашата кола е бензинец и воопшто не можам да се справам постојано ми гасни, цело време под рачна многу ме страв да ја возам. Вие имате ли ваков проблем, само дизелче да можете?
     
  13. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    34.158
    Пол:
    Женски
    Тоа на времето инструкторот ми го правеше... а се со вел да види дали си тука и психички и физички дали пратиш знаци и слично Така да верувајми имаше позитива тој дел бидејки ако не ги пратиш мижеш банална грешкка да направиш при полагање
    Точно не е мит... јас што и самиот инструктор велеше од 1ва нема шанси но нека помине редот па ќе си полагаш пак гратска... но коцките се склопија и по 40мин што ги возев кога ми честитаа се изненадив не од што не очекував туку си мислев штом инструкторот така вика не се замарав дали ќе ичи нема да положам... за 2015год беше тоа
    Воопшто не се замарај каква е јес да дизел е "полесно" но ќе ја навикнеш воопшто не и се плаши Вози ја ти колата а не таа тебе ако ме разбираш што сакам да ти кажам и никако не се плаши...
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој има вадено лекарско по втор пат? Мене лекарското ми истече лани во август. Една година паузирав требаше да почнам со тестови ама нишо ги баталив. За еден месец планирам второ лекарско да вадам. Прашањето ми е дали кога по втор пат ќе извадам лекарско пак ќе треба да се заебавам со прва помош??? И дали картончето со извозени часови останува во автошколата, затоа што ја дома го немам...:^)
     
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Зошто да тргнеш со втора?
    Мене ми беше кажано дека ако застанеш и не ставиш прва да тргнеш ќе те паднат. Ништо не е комплицирано да ја смениш брзината па да тргнеш.

    Инаку, дали некој е запознаен каков проблем има периодов во однос на издавање на возачки. Ми кажаа дека Скопје имаат проблем со машината, ме интересира дали и на некој друг му го имаат кажано истото во однос на застојот?
     
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Комисијата не е за пофалби, ама не е само и за кудење. Не е дека не земаат вртоглави суми на пари кога ќе се сумира се', ама дека има некои одговорни, има. Го тврдам тоа.
    Исто, на прва се положува без врски. Треба да знаеш школски да возиш, само тоа.

    Јас возев низ улички во градот низ кои ретко возат, тој дел на градот никогаш не сум го минала со инструкторката, или со кој било пред тоа. Добив и големо браво на една раскрсница.
    Возев нешто повеќе од половина час, ме вртеа долго време, и положив со 5 негативни помалку од полигон. Ама полигон полагав со 15 мин. возење пола час пред полагањето, после 9 месеци седнување на кола со соединувач.

    Најголем хендикеп освен што возачката ја земам година и пол, е тоа што возев само со автошколата пред полагање.
    Не ми дозволија дома да ја возам колата, полошо ќе било. Што на крај излезе баш така, нашата кола е 3 пати поголема од таа со која полагав, и исто толку полесна за управување. И многу полсено ќе ми беше да се навикнам на неа.

    Сепак, уште не можам да решам дали е добро или лошо тоа што не возев повеќе. Но тоа беше моето искуство, не можам ништо да сменам сега.

    И до некаде сум согласна да си олесните кога бирате автошкола да гледате и колата, инструктор се подразбира, ама сепак не. Првите два часа ми беа со дизел, полсе до крај возев бензинец. Не знам колку пати колата ми гасела на сред пат. На крај за да полагам дизел, и тоа нова кола со која возев 15 мин. до тогаш првиот пат. Али тоа не битно, сега знам дека нема да имам проблем од типот на членка која пишала погоре дека не знае да управува ништо друго освен дизел.
    Оти јас ќе го возам повеќе бензинецот дома.
    Додека не стекнам мое возило, набрзо се надевам. Исто не толку битно у приказнава.

    Совет: Прво бидете психички спремни за предизвиков, за да можете лесно да научите да возите.
    Ова за бегинери левел 0 како мене, никогаш да не возеле пред автошколата.
    Ако се плашите и не сте опуштени, кад тад ќе влезете у серија.
     
  17. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    dali mozhe poligon i gratska vo isti den da se polagaat ?
    i odkako se polozi se dali ti davaat potvrda za da mozes da vozis dodeka ja cekash vozackata za edno 2 do 3 nedeli ?
     
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.038
    Пол:
    Женски
    Не можеш да ги полагаш во ист ден, а за другото не знам.
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Да, можеш, ако си ептен сигурен дека полигонот ќе го положиш. Сабајле полигон, попладне одма градска. Знам дека уплаќаа некои вака, дури и другар ми првиот пат. Сепак, да си прашаш таму каде што уплаќаш, за сигурно да ти потврдат, цело време се менуваат правила и слично, па најдобро прво прашај, па уплати. :)
    Иако јас не би те советувала така, прво ќе си уморен од полигонот, второ никој не ти гарантира дека ќе положиш полигон, мала грешка фали да се деси и толку е. Да не ти пропаднат парите за џабе. А и не се брзај, имаш 1г после полагањето на теоријата фора да си полагаш. :)
     
  20. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Најчесто тие што имаат "човек" уплаќаат така. :)

    Корумпирано било и ќе биде. А од што читам и слушам од познаници, со овој испитен центар било три пати полошо. (wtf)
    Живеам еден ден да има јак протест за ова. :muscle::punch:
    Еден испитен центар со толкав број кандидати да манипулира, страшно.|( Не може да очекуваат почетник да вози како искусен возач, па уште без ни една грешка.
    Поддршка за сите што полагаат, не се откажувајте :rock:
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.