1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Немам возачка, немам желба да полагам, од дома запнаа неколку пати, но безуспешно. Едноставно не можам да се видам себеси како возач и точка. Што да кажам - сакам повеќе да ме возат :D

    Како објективен набљудувач во сообраќајот можам да кажам дека Скопје е во тотален хаос. Огромна сообраќајна џунгла. И да имам возачка, не знам како би се снашла низ Скопје. Па да барам место за паркинг, а сум излегла дотерана за во град, аха секако! ;) И онака сум си живчана и нетрпелива по природа, да не ја предизвикувам судбината :D

    Според мене не може да вози секој. Треба да се има талент, па потоа желба. Не викам дека е квантна физика, имам другарки кои имаат возачки, но што дека ги имаат? :^)
    Морам да додадам дека не ја сфаќам поентата на тие што упорно сакаат да се здобијат со возачка дозвола, а немаат ниту едно возило по дома. "Да си ја имам". Добро, чувај си ја, има возачка, а се нема качено во автомобил 3 години.

    Мене најмногу ме нервираат мажи возачи кои урлаат, пцујат и се некултурни, и немаат никакво почитување за оние кои полагаат или земаат часови со авто школа, и жени кои навистина не знаат да возат, а упорно се пикаат во сообраќајот, по секоја цена.
    Мразам кога зборуваат на мобилен додека возат, а НАЈМНОГУ од се' - мразам кога некогаш насабајле ќе видам жена која со едната рака вози , а истовремено со другата се шминка за на работа на ретровизорот :@ :@ :@ Таквите ми доаѓа да ги убијам!
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.821
    Пол:
    Женски
    А бе некогаш е и потреба... и да немаш талент, ниту желба, мораш да знаеш да возиш. Еве јас на пример... за овде во Скопје морам да возам, колку и да не го сакам тоа. Ама не можам да чекам од другите да ме возат, а во такси скоро и да не се возам, заради едно непријатно искуство. Автобуси мразам... па затоа веројатно и немам друг избор.

    Е таквите се потенцијални предизвикувачи на несреќи. Искрено, треба полицијата да биде поактивна и да казнува за зборување на мобилен и шминкање при возење, а не само за брзо возење. Мислам дека кога ќе го удрат по џебот, нашиот човек сфаќа што направил. Од толку сообраќајки од невнимание, умот не им иде - па изгледа единствена опција е казната - и тоа што повисока казна.
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    возам ама немам дозвола :lol: никој ништо не ми може :D
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Фала твити :)
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Имам возено кола, ама без возачка дозвола, а за тоа каков возач сум нека кажат тие што беа со мене во кола, што ме учеа :D Мислам дека ќе бидам добар шофер, сакам да возам и сега ќе треба да почнам да земам часови, пред тоа летово ќе возам едно тиковче од еден познат, така му стои има 3 коли, па да го искористам да не стои за џабе. :D
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Никогаш не сум сакала да возам кола. Татко ми постојано ми вели да полагам, ама јас не сакам.
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    А еве мене што ми се случи денес... Типка од 20тина години, со долга плава коса, со огромни наочари седнала во црн џип голем колку камп приколка. И јас и другарка ми си одиме по тротоар, јас не видов дека оваа била паркирана и дека излегува на улица и ме удри! Ама немате поим како ме лупоса цела лева страна ми се искршена! И и удрив по стакло и викам полека, абе луѓе ниту да се извини, ниту да подзастане, како ништо да не се случило и како јас да не постојам! Ако јас не сум ја видела, она сигурно ме видела требало да ми свирне барем а не под тркала да ме собере! Страшно е какви се возачки има денес...

    Јас сеуште немам возачка, а кога ќе ги видам гужвиве во градов богами посакувам да отидам во некој помал град и таму да полагам. Да се вози низ Скопјево е ужас! Моите нон стоп ми викаат да земам часови, ама не стигнало тоа на ред од испити и милион обврски, само преку лето сум слободна мал период, ама па да се варам во кола и тоа не иде :)
     
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Јас малку се разочарав од сообраќајот во Скопјево. Значи да се нема основна култура ни кај возачи, ни кај пешаци. На Бит Пазар други правила важат, камикази се фрлаат под кола, иди свирни му на некого, одма со камења ќе почне да фрла. Пола центар е блокиран, каде се копа, каде се штрајкува. Ред никаков.
    Инаку желбата за возење ми е голема. :)
     
  9. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Ц ц ц .. Каква глупача божеееееее!!!! Па јас на твое место не да и удрам по стакло, ма ќе и го сомелам бе!!! Уф колку мразам такви снобови, уффффффффффф!!! Како не бев на твое место, нема да и текне следен пат да трга пред да прегледа дали од сите можни агли поминува некој!!! :@
     
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Имам возачка дозвола од својата 20та година и од тој ден па се до денес не можам да функционирам без својот афтомобил .Мојата кола е мојот живот ,моја потреба ,изум без кој едноставно не можам.
    Најдолга релација што ја имам поминато со мојот автомобил е Македонија- Германија и обратно.
    Едноставно седнувам,полнам гориво фул и одам каде што сакам јас.
    До сега се нема случено да направам посериозен прекршок -освен еднаш кога ме фетија под дејство на алкохол во мал процент се разбира ...и возачка молам ,се извинувам ,пријатна вожња госпоѓо и толку од случајот. :)
     
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Се уште немам возачка дозвола, а до сега не сум полагала. Го оставам за потака - сега ми е важно да се запишам на факс, а откако ќе се запишам прашање дали ќе идам дома и прашање дали ќе ми ја даваат колата.. едноставно немам време. А ако не се вежба, се заборава.
    Повеќе пати му имам речено на татко ми и брат ми да ме научат нешто, ама ми викаат најдобро е како што ќе ме научи инструкторот тогаш така да возам, барем до самото полагање (градска...).

    Браво за жените возачи на долги релации :y: :clap:
     
  12. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Одличен возач сум , барем на компјутер на оние игриците :rofl:
    Инаку сакам да почнам со часови овој период али слушнав на вести нешо како од септември ке било поевтино дека ке имало поише комисии, немало да биде само една ко сега па да полагаш најмалку 3 пати градска. Се бунеле авто школите зш прометот и на нив им бил намален, и се чека некој суд да пресече! ... Од друга страна па една другарка кажа дека ќе било поригорозно и поскапо, ќе се земало часови теорија, на автопат ќе се полагало :?:
    Ако знае некој нешто сигурно како стојат работите го молам да сподели :$ позз
     
  13. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    немам возачка. а кога ќе имам........................................ :)
     
  14. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    немам сеуште возачка дозвола. Малечка сум :P Ама ќе полагам и ќе бидам супер возач
     
  15. bibitri

    bibitri Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    19
    Драга пуфла,
    јас ќе те информирам околу возењето и можеш да ми веруваш 100% зошто имам Авто Школа. Овој период е најповолен за полагање зошто градот е празен и полесно се добива возачка. Од септември ќе се воведе теоретска настава која ќе чини околу 3000 денари и ќе трае 36 часа (мислам на школски часови, што би значело 9 дена најмалку, по 4 часа), што би значело дополнително оптоварување и со пари и губење на време, затоа велам сега е моментот, ако си решена, повели! :!:
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Возач сум веќе 8 години, и тоа доста активен и искусен, уште откако положив одма почнав сама да возам без никакви проблеми. Првата година имав едино проблем со паралелното паркирање, но сега све е рутина, немам никакви проблеми и доста совесен возач сум, пратам сообраќајни знаци. Од причини што сообраќајнава култура ни е заникаде, како во Скопје така и во другите градови, и ако треба преку ден да возам многу се нервирам и многу пцујам. Значи право мушко сум кога ќе седнам позади волан :D
    Според мене навистина е потреба да имаш и кола и возачка поготово во град како Скопје.
    Немам некоја посебно далечна дестинација до каде сум возела, бидејќи све се сведува во рамките на Македонијава, а искрено не би ни сакала на подолги релации бидејќи е пренапорно, концетрацијата треба да ти биде уклучена на 100ка :)
    И нешто што најмногу ме нервира е кога сум приморана да ме вози друга жена, не дека имам предрасуди, но ретко која жена вози со 100% сигурност и без страв. Единствено до сега сум сигурна само со една блиска другарка...со никоја друга! Многу сум посигурна и можам да се опуштам кога ме вози маж (нормално и тука има исклучоци).
     
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    2.734
    Значи од мала имав желба да возам автомобил и лани летото татко ми ме научи колку толку :D :lol: . Значи знам да возам, ама без возачка сум бидејќи не сакав сега да полагам кога наполнив 18. Ќе имаме сега трошкови за на факс, за сместување а плус тоа и нема да бидам дома да можам да возам постојано, затоа одлучив понатака да станам легален возач :lol: .... а сега само вежбам таму кај што нема да ме фати полиција :D
     
  18. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Јас возам активно 4 години, на почетокот нормално е дека малку си под притисок, ама после кога ќе се опуштиш немаш гајле веќе. Не можам да замислам сега без кола да искочам, кога немам кола како да ми се исечени нозете. Не сум од Скопје, меѓутоа возам до Скопје , и најголем проблем не ми е толку гужвата, бидејќи ја има во мојот град и тоа премногу, најголем проблем ми е што освен гужвата треба да се концентрирам и на правиот правец, не ги знам доволно улиците и малку ми претставува проблем тоа, и нормално паркинг место.. Паралелно паркирање уште ми е проблем,на почетокот еднаш малку ја закачив на тој начин, и сега имам страв од паралелно :D
    Инаку најдолга релација ми е значи со замени сега летово до Италија, се менувавме на 2 сати, возев низ Србија, Хрватска,Словенија е у Италија не се осудив, таму е прав хаос. Озбилна жена секоја чест за вожњата низ Германија, таму знам дека е лудница и возат по 220 па и повеќе, нема ограничување на брзината.
     
  19. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Добар возач сум,одлично се снаоѓам,но сеуште немам моја кола,ја возам колата на татко ми.Уште кога немав возачка дозвола во средно ја земав колата од дома кога е отсутен татко ми,и со друарките се возевме низ град...Мислам дека на некој начин можеби мажите стварно се нешто подобри шофери,но жените се каде каде попретпазливи,што ги прави исто така добри шофери...незнам некој мој потсвесен став ми е тоа...
     
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    По денешниов ден јас сум луд возач.Но облогот падна во моја корист. :lol: Предизвикот е моја мана .... но секогаш тој што ме предизвикува губи ,губи од жена. :lol:Имам возачка од мојата 20 та година и тоа од две држави и без мојот автомобил сум како без нозе. :D