1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Да ме гледаш како паркирам т.е. како пробувам да паркирам, мислам дека ни К-15 нема толку да те насмеат. Хахахахахха.
    Имате ли некоја идеа како на најдобар начин да научам да паркирам, освен практично. Како да ја научам колата како оди коа вртам лево и десно ( рикверц) , како се вртат тогаш предните, а како задните тркала.. КАКО ДА СФАТАМ за да можам да научам????? :( Немам талент за паркирањееее ;(
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Ех и јас го имав истиот проблем до скоро. Но што повеќе имаш пралса, толку по брзо ќе си го совладаш проблемот. И јас не знаев да се пракирам до пред некоја недела, иако со години си возам, сега последниве две недели активно сум зад воланот и се научив да се паркирам.
    Освен пракса, друг лек нема.
     
  3. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Паркирање најдобро се учи само со вежбање. Најди некој послободен паркинг и научи се таму. Пробај неколку пати предно паркирање, и со враќање назад. Има неколку правила кои важат за секоја кола, можеш да најдеш на нет, ама најдобро ти е со вежбање. А за да научиш како колата се однесува кога возиш во рикверц, пробај да се возиш во рикверц околу некоја кривина, каде што има мали шанси да се појави друга кола. Полека вози и ќе биде во ред :) Во секој случај не е срамота споро да паркираш, не обрнувај внимание на другите околу тебе и земи си време за размислување.
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Ај да си кажам , да ми олесни душичкава...паднав на градска. А бе тие од комисијата многу лоши биле, 100 маани ми најдоа, долго ми светел жмигавецот, ова-она.
    Ај втора среќа :)
     
  5. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    362
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    не се секирај,мене 3 пати ме паднаа ;)
    и сега падна снег,којзнае кога ќе полагам 4ти пат :worried:
     
  6. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Не се грижете, најголема грешка ќе направите ако се откажете.

    Сакам да ви дадам пример. (немој да го сфати некој како навреда, секој со своја среќа нели.. само сакам да ви укажам дека сите ќе успеете ако сакате)
    Еве пример, помислете на кои чичковци возењето им е професија. Повеќето од нив се само со завршено основно, или 2-3 години средно.

    Поентата ми е- Ако тие можат, зошто да не можете вие?
     
    На NEA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Таман работа да се откажам, возачкава ме кошта 500 евра, има да ме пуштат инаку :muscle:
    Туку им се може , па сега си собираат парички :)
     
  8. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Не мислев на класично откaжување, грешно се изразив. Сакав да кажам да не одолговлекувате - доколку сте материјално поткрепени веднаш за 10 дена повторно пријавете. Факт е дека паѓањето градска демотивира, но не дозволувајте да се одолговлекува процесот на полагање.. - како што јас на пример од прво паѓање до положување дозволив да помине година дена :))))
     
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Да ама они си имаат термини, јас сакав одма за два дена да преполагам , ама ми закажаа после три недели. Нема кога ти сакаш, кога они ќе ти закажат термин.
    Нема да дозволам цела година да помине, ќе гледам побргу да завршам.
    :)
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Колку го влечкаш толку полошо. Јас првиот пат кога паднав, паднав и во депресија и престанав да полагам. И така се влечкав една година. Пред рокот да ми помине ептен се напнав и тогаш дури положив.
    Ама кога ќе положиш леле најубаво чувство. Па рака ќе ти подадат ко демек ајде честито.
    Дека бев меѓу првите имаше повеќе народ, па почнаа и да плескаат :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Мојата најголема желба е да возаам :) Кога наполнив 18 год мајка ми збореше да полагам,ама јас смотана и викав има време да се запишам на факултет па после :doh: Татко ми одсекогаш бил против тоа да возам сум била паничарка и колата ќе требала само на сервиси да биде од мене :@ Секој ден му зборев и секогаш ми викал прво да сум научела да идам пешки па после :$ неможам да сватам зашто толку е против :^) Имам седнато во кола со една другарка ме учеше и добро ми иде,само првиот пат кога видов дека иде кола од спротивна лента ме фати паника и ги пуштив рацете од волан :fubar: после се опуштив гајле немав :wasntme: но никако татко ми да го убедам :punch: Сега веќе ја немам таа желба за возење како порано,дур го натерам татко ми ќе завршам факултет и сама ќе си уплатам и кола ќе си купам :P
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Што да ви кажам за себе појма немав.Инструкторот 100пати се препотуваше под мишките за да ми објасни како треба што да научам и сватам.Јас силна важна а глупост до глупост правев.За дваипол месеца земав возачка ама осет за возење немав многу.Често грешев со жмигавци место лев десен ке дадам и обратно.Трета брзина да убацам маки мачев.Буферот на југото го откорнав.Навика немав бензин да ставам па со кантичка до бензинските одев.Паркирав каде ке најдам широк простор за да можам после да излезам.Со еден збор возев на срека ама чувал ме господ мислам дека храброста и желбата преовладуваа во мене.Се е пракса се учи. :hai: :hai:
     
  13. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Уште кога наполнив 18 год. земав возачка.Додека научам,нормално ми требаше време,ама имав прекрасен инструктор кој мислам дека ме научи се што требаше.Само тешкотија ми претставуваше паркирањето,но со текот на времето кога возиш и тоа се извежбува и после немаш гајле :)
     
  14. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Јас земав возачка сега пред еден месец. Моите ме молеа уште летото после 4та година кога ми поминаа приемните испити, ама јас тогаш нешто бев фраерка и не полагав (детски памет, а после кога ми затреба ја немав, али ајде).Искрено уплатив да полагам повеќе од потреба, не дека пред тоа имав некој посебна желба, ама кога седнав зад воланот знаев дека тоа е тоа и дека јас уствари тоа го сакам.
    Тестови и полигон положив на прва, градска на втора.Кај нас после едно паѓање имаш право пак да полагаш после две недели. Искрено, првиот пат на градска не паднав од не знаење,туку имаше милион фактори кои како под заговор да беа (ужасен дожд, парно во кола кое уште повеќе ги замаглуваше прозорците кои и така веќе беа замаглени претходно, бидејќи дечкото од комисија ги избриша со една ултра нечиста крпа, досадно мрчало кое седеше напред и кое не заќута ни една секунда, неговите марлборо цигари кои ми ги пафкаше во фаца и нормално неговите блесави реакции на фаќање волан тогаш кога најмалку има потреба) и нормално јас веќе не знев кај терам, само чекав што побрзо да ме вратат на стартното место.Иначе,во глобала, не сум лош возач, не ме фаќа паника, а вожња на автопат ме опушта комплетно. Мене посебно ми е секси кога ќе видам добра цура, па уште подобра како возач, ма топ :D
     
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Лелее...јас немам положено, но коа ме возат, на пешачки кога поминувам, стално јадам трици. Ако свирне некој, ја коментирам да ти го свирнам, ако не ми застане на пешачки а ја сум излегла да пола улица пак кажувам, да ти се дупни гумата. А коа сум на сувозачко, знам и на свирка да се убацам(иако е мн лошо тоа знам). Сум си возела онака малце на диво, и ок е, ама во гужва не знам како ќе се снајдам. Живеам на ул. пекол бр 666 хахахаха.......и веќе звукот на кочење го препознавам, точно знам дали ќе се мавне сам или во кола, дали само онака кочи, дали е со мотор...Хорор
     
  16. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Овој (да го наречам благодет) го имам уште од 18 години. Си положив се на прва :P , ама таква сум јас како машка мома :D што велат во нашиот крај. Маж ми ми и купи кола и некаде не одам без неа, па ни продавница :D . Имам и јас некој мани но во глобала сум добар шофер
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.285
    Допаѓања:
    101.278
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Ич не се секирај, јас сум возач 14 години и пак ми е слаба страба паралелно паркирање. Ама не му се секирам, секогач се наоѓа добар џентлмен да ти помогне, а омшииве ми се злато па секогаш кога ќе видат дека имам проблем ме спасуваат. :)
     
  18. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Ја кога бев помала (средно школо кога сите другарки полагаа за кола ) не сакав да помислам да полагам...Воопшто немав желба да возам кола |( Дури сега пред 1 год положив ( од што морав не дека сакав или па имав желба да полагам) :rofl: Може да се каже и од досада положив, ми текна да полагам иако родителети едно 5 години уназад ми збореа :| ја не па не ( глупава ) :$
    А сега се каам што не положив порано :devil: Баш како во насловот на темата возачка дозвола и се е можно ( нит се малтретираш со такси и чекања, буквално губење време ) Седни си у кола и кај сакаш си иди! Нити молиш некого да те одвезе, па не можела имала обврска друг ден ај, итн..Сега гајле си немам, абе одвај чекам да си влезам и да си се одвезам кај сакам и кога сакам ја (во Македонија мислам, најдалеку до Ск :rofl: ама ќе биде и подалеку некогаш има време :P ) Сега ми е мерак да возам, да знаев дека е толку добро и убаво ќе си положев одамна :lol:
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Седнав зад волан на 16 години,татко ми ме учеше да возам(такви се правилата во државата каде што живеам нема потреба од авто школи)тестовите,симултантно возење и практично возење све положив од прва.На самиот ден кога полнев 18 години имав закажано за полагање и бев пресреќна истиот ден да си положам и да си ја ставам возачката во џеб.Веќе си имав бендисано кола си ја купив наредниот ден од кога положив,и после 3 дена тргнав кај другарка ми во друг град оддалечен 1200километри,сите мислеа дека сум луда.Инаку мислам дека сум сосема добар шофер имам за овие 12год само една казна за погрешно паркирање,надвор од град си дозволувам да возам брзо,ама во град си ги почитувам ограничувањето,ако не ги почитувам има камери на секое ќоше и отиде возачката :lol:
    За паркирање никогаш несум имала проблем освен кога ќе дојдам во Ск тука ми е смрт паркирањето,од проста причина е што немаш каде да се паркираш :devil: .Кога ќе дојдам во Ск ми треба малку време да се привикнам да седам зад волам на лева страна и возењето во обратен правец ама брзо се привикнувам,проблем малку ми е и возење со менувач зошто сум повеќе навикната на автоматик.
    Најдолгата релација што сум ја извозела е околу 4000километри.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Па тазе возач сум...Поточно од јули месец! Немам некое искуство па затоа и не можам да кажам дека возам професионално...Како викаат човек учи додека е жив! Па така и со колата, додека ги научиш цаките и додека стекнеш рутина ќе ти треба балку повеќе време! Сепак јас сум задоволна од себе, за разлика од тоа што никој не ме седнал зад воланот се додека не почнав да земам часовии! Најдолга релација Вевачани-Битола( за поченик како мене сосема доволно)! :) :)