1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    моментално ја возам веспата и за 2 недели почнувам на вожња за кола жал ми е што не положив порано за кола ама све во свое време
    иако незнам кој би се качил да го возам знаејќи како ја возам веспата :D бегат и дуват од мене пафната сум ама немам воопшто страв ајде знам возачката е озбилна работа и добро треба да се понашам :geek:
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?


    Некам да навредувам ама до сеа само 5 % сум видел добри женски возачи да не спомнувам што вујна ми како возач сече две раскрсници на црвено светло и иде право на пазар ,

    и исто така имав две собракајки (точак - кола) каде на кривини ми излетаа со 40 км на саат и прекршија 3-4 закони .... ( на моја срека ме закачија не беше директен удар али има последици )

    а најмногу на ова што погледнете Youtube и ке видите насекаде Female drivers fail * наслови

    еве еден пример

    http://www.youtube.com/watch?v=4wT7zM8XgXQ

    http://www.youtube.com/watch?v=wck16i-tIdk



    А тие мажи кој ги гледате без фарови жмигавци и останато ако приметите најчесто се со регистарски таблички надвор од Скопје


    (Постот не е за провокација , само да се кажат фактите дека нема многу добри возачи од понежниот пол)
     
  3. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    веќе 5 години ја имам возачката, активно возам и секогаш внимавам многу од такт ме вадат кага јас сум во кружен тек и јас имам предност а тие си поминуваат како ништо
    па кога си во кружен тек секогаш си во предност,само кај нас тоа не се почитува исто така не ми се допаѓа кога некој ме претицува без да ми сигнализира, шо ако и јас забрзам и не го пуштам?
     
  4. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Факт е дека голем број жени се полоши возачи од мажите и притоа изгледаат многу смешно кога се залепени со глава до волан,но да не бидам погрешно сватена,зборувам во глобала. Јас на пример активно возам 3 години, не да се фалам ,ама сум одличен возач, и притоа сум женско Wow! Кога возам низ скопскиве улици се осеќам буквално како таксист, но не правам прекршоци. Многу луѓе ми имаат кажано дека возам многу брзо но внимателно и сигурно.
     
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Возачка дозвола имам 5 години ама во Скопје уште немам возено :) едно дека немам кола друго дека мислам дека ќе ми биде страв. А мислам дека на подолга релација надвор од гратските гужви возењето на отворено е далеку полесно (барем за мене)
     
  6. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Во потполност се сложувам. Колку помалку гужва, толку помалку луди возачи .. Кога ќе видам истумбана кола и откако ќе чујам дека причината е некоја пијаница или некојa будала којa на паркинг вози 100km на час |( , нормално дека ќе ми биде страв!!!
    Само Господ да не чува сите.. и памет да ни дава! :/ :?:
     
  7. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Немам возачка дозвола сеуште, ама имам возено на отворено.Не сум до толку искусна да возам во гужва, ќе испокршам се околу мене :lol: .
    Се ми оди добро освен тоа тргнување, почнува да ми сеца автото напред-назад едно 10 пати :rofl:
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Вака планирам да полагам за возачка но притоа не сум се распрашала уште што како, ај ако сака некој нека ми објасни малку и колку од прилика е цената :)
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Возам веќе 5 години.може да се каже дека сум добар возач,ама не во сите ситуации :lol: највеќе мразам кога треба да паркирам ако видам тесно место,ич не ни влегувам ,а кога ќе се паркирам секогаш ја паркирам на криво ,никогаш асално :( ама се надевам ќе биде.исто мразам и кога ќе се најдам на екстремна угорнина ,па да појдам под рачна :lol: иако ретко ми се враќа колата назад и од прва поаѓам,секогаш ме фаќа страв да не ми се врати колата па да чукнам некој позади мене :tmi:
    а онака почитувам знаци,правила и слично... ;)
     
  10. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Кажете ми ве молам како се справувавте со тремата пред комисијата? Јас иначе трет пат се пријавувам и многу ми е страв за испитот утре. Возам многу солидно и низ град и на полигон ги знам вежбите. Ама да не сум пред драгоцената комисија баш присебна :o Вие какво искуство сте имале на денот на иситувањето? Имавте трема или сигурни бевме во вашите шоферски способности?
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Мене на полигон толку ми се тресеше ногата на кумплугот што мислев ќе ми се откачи и ќе ми отшета.
    Среќа нели сами сме во колата, па успеав да се приберам некако. Си мислев, мирно само, ќе помине.
    А на градска ми беше кошмар. треба ужасна имав, ама се обидував да ја игнорирам комисијата и да се концентрирам на возењето. Како да не се тука.
     
    На imorena му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Еве јас само што завршив со часовите и се спремам да полагам. Ќе ти одговорам тебе и на другите заинтересирани.
    Пред да започнеш со часовите ти треба лекарско уверение кое чини 1200 ден.
    Часовите се 10800 (36 часа х 300 ден). Значи автошколите даваат да се плаќа и на рати, јас плаќам на три рати. Исто и пред да се почне со часови има пробен тест - 600 ден.
    Потоа треба да се полага Прва помош - 1350 ден.
    За пријавување за полагање ти требаат документот од автошколата, прва помош, лекарското и едно свидетелство заверено на нотар. И 6000 ден (по 2000 за тестови, полигон и градска).
    Вкупно 20 000 ден.
    Е сега има и некои поситни трошоци (заверка кај нотар, вежбањето на полигон се плаќа 80 ден).
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Уште немам полагано, здравје напролет, ама морам да раскажам една случка.
    Знам да возам, ме учи дечко ми, не којзнае како, ама не сум лоша.
    Еднаш, уште во почетоците на моето возење, ми даде да возам на обиколницата и нели автопат, си возам во 5та јас околу 120 и оддалеку се гледаше еден камион.Дечко ми кога срипа, кочи, кочи да не е сообраќајка, јас кога се испаничив даанг на кочница ни кумплунг ни лер, ништо.И...така држачите на моторот отидоа во неповрат.
    Неговата нервоза и како се враќавме дома поубаво да не рскажувам :lol:
     
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Положив се од прва.... :D на што сум многу горда :lol:
    За шофер, добар шофер сум...така ми викаат...
    Во тој поглед маж ми е многу критичар, и не комплиментира реда ради, ме критикуваше бајаги на почетокот и се каравме, затоа што ми зборуваше додека возев, ама се повеќе и повеќе признава дека сум многу добар шофер... :)
    За да се протнам низ тесно сум махер, прилично брзо возам, добро враќам рикверц и поприлично добро паркирам...не барам ширинка или посебно место, кај има место таму паркирам....значи добро е :rofl:
    Никогаш не сум сакала да бидам класичен ,,женски,, шофер, згужвана и стуткана, залепена за стакло со 30 во втора да возам, па друг да ми паркира, или неможам сега да возам гужва е во 4, па врне, па лизга....или возам или не возам...
    Фала богу....возам :rofl:
    Ех и морав да дополнам....со штикли возам...секогаш, неколку пати со патики и ич не ми е убаво...колку повисока штикла толку поубаво, а и многу ми е убаво женско со штикла кога излага од зад волан, а не преоблекува патичиња...ама јас така возев часови па ми е навика ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lady05

    lady05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    48
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Девојки да ви кажам едно искуство во врска со инструкторот и часовите, кога почнав да возам часови инструкторот беше фин и дружељубив но како завршуваа часовите се ближеше полагањето и тој почна да го врти муабетот околу секс и кажуваше како некои кандидатки сакале да легнат со него само да го положат возачкиот испит, тогаш се збунив и ме фати паника :o и наредниот ден почна да ми бара и ми вети дека ке положам од прва ако легнам со него, јас целата збунета одвај чекав да заврши часот и повеке не отидов таму се префрлив во друга автошкола и таму положив без никаков проблем бидејки знам многу добро да возам.
     
  16. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Немам возацка а возам усте од 13 години.како мали со другар ми ја крадевме колата од татко му и така се уцевме,пораснавме :) па ја крадевме колата од татко ми и на крај ко требасе да полагам направив сообракајка најзално со другарка која за срека не бесе многу повредена ама јас ептен,бев на суд и имав услов да не полагам две години море срека со само со тоа се измакнав како сто немав документација за возацка иц да не правам муабет туку и другарка ми немасе 18..од лосо полосо а јас па и на стикли...
    тоа бесе дозивуванје ама не сум лос софер стварно знам да возам ама тоа бесе карма ми врати за крадените коли добро де позајмени :lol: :rofl:
     
  17. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Возачката ми е од пред три ипол години. Ама не можам да кажам дека сум некое шофериште. Еве сега почнувам да возам интензивно, последниве неколку месеци. На татко ми коса му се крева, премногу паничи.

    Кога полагав, се беше поинаку бев сигурна во себе не чувствував паника или страв. На полигон и градска од прва поминав, дури и комплимент добив на полигон, дека сум возела како машко (да си се пофалам).
    Ама, тогаш за тогаш....
    Три години немав седнато позади волан и еве сега почнувам да се уходувам, ама некако не сум толку сигурна како тогаш и сама сум свесна за тоа.
    Како и да е, со пракса се’ ќе се среди. :)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Каков возач сум јас? Страшен. После секоја кривина помината со мене треба да се крстиш и да бидеш благодарен што си ја преживеал. Јас несакам да возам, а полагав затоа што моите многу напињаа дека сум им трошела пари за такси и ај некако прифатив со надеж дека ќе добијам желба за возење. Дури да положам си се помачив неколку пати на гратска и никогаш не научив поспоро да возам, се си мислам дека ќе ми згасне колата и затоа треба да ве известувам кога ќе возам да не излегувате надвор. :lol:
    Паркирањето ми е mission impossible, знам да паркирам само на празен паркинг или на полигон, а меѓу коли да се пикнам, нема шанси.
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Порано пишав дека ич не сакам да возам ама у последно време татко ми ме прашува дали сакам да полагам, ми дозволува и зошто да не. Еднаш се фалев во сдк дека возев и ептен ме фати мерак. За почеток бев добра, ме бидува, се надевам ќе си положам од прва а после татко ми ќе зажали што ми плаќал полагања :D
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Си возам неколку пати месечно почнав веќе од есенва, а од лето ќе земам часови.
    Добро ми оди, немам страв што е најважно и смирена сум, сконцентрирана значи и не паничам ко ќе седнам пред волан.