1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Зошто не си задоволна, ако смеам да прашам? Од инструктор или?
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Полека бе *дечко* во населено место (и Скопје и Битола се населени места) брзината на возење е ограничена до 50 км на саат. Мене секогаш инструкторот ме советуваше да одржувам брзина околу 40 км на саат. Секако има знаци кои треба да се почитуваат, на пример во Скопје има и знак за возење и помалку од 30 на одредени локации. Јас не и реков да вози со 100 како да е на автопат. Сообраќајки се случуваат од невнимание, неприлагодена брзина на возење, и непочитување на знаците а не од возење со 50 на саат и со држење на растојание помеѓу колата што е пред тебе.
    Нормално во град во кој што има толку многу жители дека процентуално ќе има и повеќе сообраќајки.

    Максимум е до 3 брзина, за време на полагање. Притоа комисијата обрнува внимание и на тоа како се намалуват брзините, дали се користи моторно кочење кога се застанува на семафор или стоп знак и слично. Што значи дека не може да си возиш во втора брзина, мораш да смениш во трета. Исто така не смееш да ја оставиш колата во „лер“ и така да намалуваш брзина, туку мора да враќаш од трета во втора.
     
  3. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислев дека во населено место дозволена е онаа брзина што ја пишува на знакот на влезот од населеното место, еве не знам :wasntme:
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Ако нема знак, тогаш максимална брзина во населено место е 50км/ч, во спротивно се почитува брзината која е наведена на знакот, меѓутоа во населено место брзината не смее да биде поголема од 50 и ти како возач би требало да го знаеш тоа и без знаци.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Ова по стариот или новиот закон?
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    По новиот. Порано беше 60 дозволено.
     
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.966
    Пол:
    Женски
    Сакам само да прашам колку време трае полагањето на тестови и полигон? Пошто јас почнав со полагање тестови средина на ноември а сеуште немам положено, бидејќи три пати ме паѓаа, битола паѓаат како луди. Сеа имам фора до ноември да положам скроз без да ми пропаднат тестови и полигон така?
     
  8. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Мислам дека можиш да пријавуваш/полагаш се дури трај лекарското..Кога ке помини рокот тогаш мораш ново лекарско да вадиш па после то повторно можиш да пријавуваш полагање,,Јави се во автошколата кај што плаќаш за часови и ке ти кажат!
     
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Во сите градови 30 км на час се вози и со инструктор и кога се полага.
    Затоа има камери поставено по колите и во просториите кај што се изведува теоретска настава.
    Многу споро е и останатите учесници во сообраќајот немаат разбирање, ама ете таков е законот и држете се до тоа. Колку сакаат нека свират зад вас.

    Дури и да почнеш побрзо да возиш при полагање, човекот напред што седи од комисијата сам на педала кај него ќе кочи.
    А некогаш па ќе ти речат ајде можеш малку побрзо да возиш.

    Битно е да ги слушате нив и да се молите да бидат расположени тој ден.
     
    На PaLaVa и BeastceMK им се допаѓа ова.
  10. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Знае некој како да проверам на страната на мвр кои кандидати се положиле тестови??
     
  11. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Да..еве линк па кажи дали се гледаат резултатите..имаш и теоретски и практичен..во селектирањето на датумите гледај да не е во сабота или недела a можно е да ти напиши грешка кога ке го отвораш линкот! позз

    http://www.sicam.mk/termini.aspx
     
    На Summerlove@2016 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Да ги отвара, многу ти благодарам ..позз
     
  13. PrettyDramaQueen

    PrettyDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    4.192
    Пол:
    Женски
    Ми треба ваше мислење, до сега кога тргам со колата (дизел е), само јас и инструктор во неа, секогаш тргам без гас, само со пуштање кумплуг, па потоа додавам гас. (Инструкторот вака ми нагласи да тргнувам)
    Прашањето ми е дали на полагање кога ќе имам во кола 3јца од комисија повторно ќе тргнувам без гас?:?:
    Инструкторот повторно ми вика ДА, но мене малку ме буни ова, страв да не ми изгаси колата. :|
     
  14. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Ke Тргаш Да..Ама за уште посигурно додај малце гас посебно ако си на угорница! Не е ништо страшно да употребиш повеќе гас да не тие шубе/страв од можно гаснење на колата а то се случува мнг кај кандитите... :)
     
    Последна измена: 24 април 2018
    На cresa-jagoda, Плавуша123 и PrettyDramaQueen им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Дечки, ај некој ако со новиов закон за возачка е добро информиран да ми каже. 8-|
    Сакам да полагам за возачка, имам 16, тек на крај на август праам 17. Нели според новите измени може да се полага тек после 17? Ама некаде слушнав дека на 16 може да се зимаат часови, а на 17 да се полага. Така ако е, ептен би ми одговарало, летото да земам часови, а одма во септември да полагам, затоа што 4та година ќе сум од септември и ќе имам и обврски други и трошоци сепак, сакам возачкава да ја завршам шо побрзо, првово полугодие барем... :?: Ако знае некој, нека ми каже, да испланирам за летово :)
    И сепак, без разлика дали летово ќе може да земам часови или од септември, да ми кажете шо документи ми се потребни? Лична карта да вадам и лекарско? Друго нешто потребно е?
     
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    http://www.fakulteti.mk/news/18-01-31/izmeni_vo_nachinot_na_polaganje_za_vozachka_dozvola.aspx

    Покрај условот кој што се однесува за возраста на детето, потребно е да бидат исполнети и следните услови: детето треба да поседува лична карта, да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило, да има завршено најмалку основно образование, и да има согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар.

    (Значи да си завериш последното свидетелство од осмо одд на нотар и согласност од родителите исто од нотар. Личната карта и лекарско)

    Оспособувањето за управување со моторно возило на дете се врши со зголемен број наставни часови од практичниот дел на наставната програма за 30% во однос на бројот на наставни часови од практичниот дел на наставната програма, предвидени за останатите кандидати за возачи.
    Дете кое поседува возачка дозвола од „Б“ категорија не смее да управува со возило во патниот сообраќај во времето од 20:00 до 05:00 часот, освен ако во возилото го придружува родител, односно старател кој седи на предното седиште, кој поседува возачка дозвола од „Б“ категорија и на кого не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило. Дете-возач не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, ниту пак со брзина поголема од 100 km/h на автопат.
     
    На cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  17. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Spodelete iskustva so avto skola sigurnost I znae nekoj kaj tocno se naoga ?
     
  18. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Денес положив градска. Кога треба да се јавам на 0800 192 92 да закажам за возачка?
    Треба да помине некој ден или во пон.можам одма? Како оди процесот сега ?
     
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Треба да поминат 2-3 дена од кога ќе положиш за да ги пратат документите.
     
  20. Tetrapak

    Tetrapak Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.384
    Пол:
    Машки
    Професионалец,со сите категории,со милиони километри позади себе,почитувам се живо,давам предност скоро секогаш кога сум во можност,за мене жмигавец значи стоп и пропуштање на тој што го дал,мрзам копуци што мислат дека се нај паметни...е сега не сум безгрешен,и јас сум живо суштество јбг