1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Мислам до 8
     
  2. 'japan

    'japan Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Дали некој знај колку вежби има во Црвен Крст - Прва помош (пр: дишење, срце) и отприлика кои се. И дали се тешки, и дали и тие се полагаат или само теориски?
     
  3. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Теоретски е се, а за вежбите се вежба само масажа на срце односно давање компресии
     
  4. 'japan

    'japan Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Вештачки дишења, преврски нема такви работи?
     
  5. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Кај нас не, можеше ако сака некој вештачко дишење ама од хигиенски причини само компресии правевме
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    Дали после првото паѓање сте зимале дополнителни часови? 25мин возење и паднав, највеќе поради трема мислам... нозе ми се тресеа (facepalm) и дали оваа трема може некако да исчезне? Вториот пат полесно ви е во оглед на тремата?
     
  7. 'japan

    'japan Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Не се грижи. Ако имаш трема тие уште толку психички ќе те уништат. Јас вчера ја завршив обуката а претходно поминав 250км со домашната колк и на последните 2 часа колава шо полагам ми гаснеше по 3-4 пати
    и инструктораваи вика, не се плаши, и да ти изгасни продолжи само ќе ти пишат 10 или 30 негативни, ако испаничиш тие уште толку ќе те уништат ќе ти речат е 100пати ти изгасна. За градска и мене ме фаќа трема а најмногу со ова гаснењево оти ја одвикнав колата. За 15 дена и мене ме чека пеколот од првиот дел на тестирањето..
     
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    Тестови, полигон од прва биднаа без ни еден негативен бод... Ама градска се изгубив. Почнав без трема, а по 10мин почнав да се препотувам, нозе ми играа... Ме опоменуваа дека споро менувам брзини, дека каснам... и дека сум гледала во мењачот многу додека менувам. А после признавам поради грешка си паднав.. ама премногу трема имав, како што поминуваше време јас бетер и бетер (facepalm) Девојка една што положи, 4 или 5ти пат и беше. А дечко еден после мене нз што направи, ама 5ти пат он полагаше...
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.382
    тремата ке ја имаш и од кога ке положиш се додека не помине некој период на секојдневно возење
    коа ке полагаш пробај да бидеш опуштена и да се понашаш слободно ко да си дома
    зборувај му сеа кај одиме лево десно
    зборувај си сеа ке сменам ,сеа морам да се постројам ваму таму, сеа ова она зазборувај ги
    и ко аменуваш нема шо да гледаш у мењач очите треба да ти се напред за твоја безбедност
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    Абе инструкторкава никогаш не ми опоменала за погледот во мењач.. со неа супер си возев, најверојатно само кога полагав го гледав мењачот од тремата... ајде ке биде, па дали од 2,3,4,5 пат.. битно ке биде :D
     
  11. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.399
    Пол:
    Женски
    Јас пред полагање лапнав едно б6 за да ме смири. Инаку ногата не знаеш како ми играше.:D
    Малце тешко од прва пуштаат сега на градска, на толку возење баш ме чуди што те бутнале. :(
    Не се откажувај, ќе биде се. :D
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    Малку потешко да, др фирма е сега од Септ и построго е... Па и си згрешив признавам, ај ситни грешки и трема што имав... ама си утнав на Блаже Конески раскрсницата без семафори и знаев дека ако паѓам, таму ке паднам :lol: Супер бев пред полагање, ама требаше во 12 да полагам... а ме земаа во 2, си се изначекав. Тргнав без мн трема и почна тој споро менуваш брзини, ајде ставај трета, ставај втора, ставај трета и толку ми требаше, се препотив и заиграа нозеве (facepalm) Утнав по 20мин возење... Тоа е, ке биде еден ден ај :D Добро што се одлучив да полагам... па кога биде, биде, откажување никако.. уште во пон одам пак да закажам.. :D
     
    На LadyC и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  13. 'japan

    'japan Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    А на каква грешка те турнаа? За брзините, прописи и правила или ти гаснеше?
     
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.382
    за пологање од прва нема
    или со врски или некој од комисијата ако имал фантастичен секс нокеска хахаха
    сеа озбилно многу решко од прва да се положе
    па и воопшто не е битно дали ке положиш од прва вртора трета битно е да положиш
     
    На elenaaa18 и mariz им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    На раскрсница без семафори, последна требаше да бидам.. ке вртев лево јас, и чекав од лево, десно, право коли да поминат доста време и решив да тргнам кога ми се исчисти и ми закочи комисијата, еден од напред се појави (не приметив), иако подалеку беше и не беше стигнат на раскрсницата морало да го чекам... мислам на таа раскрсница доста паѓаат...

    @ALISA0000 сестра ми положи во еден ден од прва и полигон и градска пред две години..
     
    На tea1221 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.382
    сестра ти е една во 1000
    другите кој од прва кој од петта битно е да се положе
     
  17. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    За да положиш од прва треба одлично да ги знаеш правилата, да имаш осет, снаодливост, вештина, претпазливост, концентрација... итн. Не само врски. Пошто ако си труп џабе ти се врски кога некои грешки не можат да се скријат на камера.
    Јас ги знам правилата ама никогаш не сум возела освен со инструкторот, па не сум толку снаодлива и немам толку осет. Положив од трет пат. Моја другарка е одличен возач, има осет, вештина, познавање на правилата и си положи од прва со цели 0 негативни. Значи можело и без врски.

    @mariz најубаво би било да земеш дополнителен час одма пред полагањето. На пример ако полагаш во 10, со инструкторот тргнете во 8. Ем ќе ја видиш ситуацијата низ улиците, ќе ја осетиш колата, ќе видиш каде е можно да згрешиш, па на полагањето да бидеш претпазлива, ем ќе се намали тремата. :)
     
    На cresa-jagoda, Animali и mariz им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    Земав дополнителни, плус и денот кога полагав... од 10ипол до 12 возев, од 12 требаше да полагам... арно ама во 2 полагав, да не зборам сега зашто... арно си се изначекав 2 саати. Колку сега да земам? Мислам да земам еден + еден на денот на полагањето...
     
  19. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Јас мислам дека нема потреба толку. На денот на полагањето океј е за да се уходаш, ама зошто пред тоа? На толку возење не се сомневам да не знаеш нешто, па да ти требаат плус часови за да донаучиш. Сепак ако мислиш дека има потреба, земи си и пред полагањето, ти си знаеш најдобро. :) Мое мислење е да не си губиш време и пари и да не се оптеретуваш толку.
    Јас не зедов ниту еден дополнителен час, а сум тотален почетник, па пак положив. :lol:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    Се супер знам, инструкторката и ме фали, полигон од прва без грешка... ама трема на градска премногу и мислам таа ме збуни... абе горев цела, раце жива вода ми се лепеа... Се надевам дека ке се намали таа трема... :(
     
    На waterllady му/ѝ се допаѓа ова.