1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.180
    Знам како е, јас се изгубив скроз, нозете ми се тресеа немав осет на кумплугот. :lol: Поготово третиот пат не знаев кај се наоѓам, комисијата кога ме виде таква здрвена проба да ме подопушти малце, пред да тргнеме неколку минути разговаравме, низ текот на возењето се шегуваа нонстоп, па малку од малку се подсмирив. Да не постапеа така дефинитивно ќе се изгубев.
    За трема неизбежно е дека ќе имаш, ама ете пред да ја уклучат камерата прво поразговарајте со комисијата, многу ќе ти се намали тремата. И најважно е да имаш доверба во себе. :)
     
    На mariz и Animali им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    14.178
    Пол:
    Женски
    Имам полагано во мојот роден град, сега се префрлив жител на СК, дали треба да преполгам за возачка или само треба да си продолжам важност?
     
  3. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    продолжуваш важност,нишо повеќе.
     
  4. Iluzija666

    Iluzija666 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам дали на некој му е одземена возачката дозвола поради алкохол во крвта ?

    Бидејќи брат ми сега го викаат на суд поради такво нешто,па сакам да знам дали некој има некое исто искуство во врска со оваа и колку се кривичните мерки?
     
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.553
    Допаѓања:
    72.392
    Пол:
    Женски
    На другар му беше одземена, на 6м само. А сега прочитав нешто ново ке имало.. трајно одзимање на возачката дозвола поради алкохол во крв, незнам од кога ке стапи законот... проверете.


    Мене ме интересира дали може друг да ми закаже градска, или морам лично јас? Да му ја дадам личната на маж ми и да закаже он, бива? Ке може така?
     
  6. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Може
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Јас се јавував и прашував дали може друг да дојде, ми рекоа дека мора лично. И доколку уплаќаш во банка мора со печат да ти се уплатниците. Мене и за тоа ме вратија па трчав во банка да ми стават печат.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Татко и на другарка со нејзина лична карта и закажа термин за градска, но не знам можеби секаде различно е
     
  9. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Не знам да ти кажам, јас зборам за Скопје- Мавровка. Можеби па се сменило нешто во меѓувреме.
     
  10. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Е ова не во Скопје, во секој случај @mariz најубаво јави се во испитен па прашај
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.813
    Пол:
    Женски
    @mariz на која раскрсница бутаат во Аеродром некоја? Дека обично натака се полагањата.
    И јас треба да уплатам периодов за полагање , ама не знам која авто школа во која си ти?
    Леле страв ме фати што читам по 5-6 пати полагаат, мене тремата ќе ме собори гарант, ептен тремаџика сум :(
     
  12. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти одговорам ако не е проблем, верувам и @mariz ќе потврди дека најмногу буткаат на раскрсницата кај Блаже Конески, иако мене лично ме бутнаа на таа кај Железничка баш. Истата случка горе- доле како со Мариз, наводно требало да почекам кола од право, а колата беше предалеку, ама тоа е... и јас имам многу голема трема и тоа ми е најголемиот проблем, уште ако се погоди комисијата строга и толку ми е.. Почнувам ок, се убаво, ама кога ќе почнат да реагираат зашто вака, зашто така и се упаничувам и почнуваат да се редат грешки. Е сега, мене лично ми беше полесно со инструкторката у кола на последното полагање, од аспект на тремата, јас се чувствував посигурно, а плус бенефит е тоа што ќе ги увиди реалните грешки што ги правам, па планирам да земам сега час-два пред полагање за да довежбам тоа што ми е недостаток.
     
    На anastasijaki и mariz им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.553
    Допаѓања:
    72.392
    Пол:
    Женски
    Да на таа раскрсница ме бутнаа, Блаже Конески без семафори што е таа раскрсница.. нареден пат ако ме однесат од истата страна има да чекам и 10мин ако треба, скроз чиста да остане раскрсницата. Па ако е така, ако треба да чекам и коли од далеку, па нема никогаш да ја поминам мислам раскрсницата. Исто и мене ми направија, тргнав без трема.. ама дрн дрн дрн и толку, ме фати тремата.

    @anastasijaki во лп ке ти пишам :)
     
    На pravnicka_2604, candy.cane и anastasijaki им се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.813
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека може инструкторот да е додека полагаме, се долаќа нешто за тоа или не?
    Ти во која авто школа си, мене ми ја препорачаа Кекец, ама гледам и М22 имаат некои понуди со гратиси па уште се мислам.
     
    На pravnicka_2604 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.553
    Допаѓања:
    72.392
    Пол:
    Женски
    Неможам лп да ти пишам, пиши ми ти прво :)
     
  16. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Не се доплаќа, имаш такво право согласно закон, можеш да се договориш со инструкторот и тоа е, ништо дополнително не треба да се прави. Мене ми беше од помош, ама ете сепак не било доволно. Во секој случај далеку се построги овие од претходно што беше АМСМ. Само кога ќе ги отворам резултатите на сајтот и кога ќе видам колку положиле а колку паднале се демотивирам, ама ќе биде, нема откажување.
    Инаку јас во автошкола Нова сум. :)
     
    На candy.cane, anastasijaki и mariz им се допаѓа ова.
  17. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    8.920
    За во Штип која автошкола е најдобра и дали сите се со исти цени? Ми ја препорачаа Книпром као демек инструктор ќе ми е другар на братучед, ама и пак не знам какви се како автошкола.
    Каде полагате прва помош?
     
  18. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае НАЈТОЧНО да ми каже Колку време важи Лекарското? 1или 1ипол година? Фала ви :)
     
  19. PrettyDramaQueen

    PrettyDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    4.192
    Пол:
    Женски
    Година ипол
     
  20. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Дали после завршена теоретска обука може да се полага теоријата или пак мора комплетно теорија и практичен дел да ги поминам со инструктор тек потоа да полагам теорија?