дали се чувствувате поубаво кога возите ролерки или кога сте во теретана или на пилатес....во секој случај мислам дека ролерките се екстра додаток за забава и затегнување на задникот и да бидиме реални една од подобрите солуции за совршен задник
Да да да.. сакам да возам ролерки и секогаш кога имам време одам на стаза. Стварно ме опушта и супер се осеќам после тоа, а и убаво влијае на обликување на телото
Definitivno vozenjeto rolerki ne samo sto e zanimacija i rekreacija tuku mnogu pomaga pri namaluvanje na celulitot i zacvrstuvanje na zadnikot i butovite,normalno so redovno vozenje. jas na primer vozam skoro sekoj den,a na zima zamena za niv mi e klizanjeto na mraz
Редовно возам ролерки, на стази, до продавница, кај некоја другарка, и слично. За тоа дека влијае кон затегнувањето на задникот, се согласувам и го потврдувам истото. Не знам само дали влијае кон искривувањето на нозете, зошто една моја другарка од мали нозе е на ролерки, пред да почне имаше скроз прави нозе, а сега и се ептен криви, па нејзината мајка за тоа вели дека и било од ролерките, иако јас не верувам.
Дали возењето ролерки ве опушта, и рекреира nema vrska jas mislam..to ne se praj od rolerite..btww i jas mnogu vozev roleri..se duri ne padnav i si ja udriv rakata..ama se pomina i jas pak se kachiv na roleri [mod-kirilica:3407a5w8][/mod-kirilica:3407a5w8]
Дали возењето ролерки ве опушта, и рекреира Како мала многу сакав да возам ролерки, ама моите никако не ми дозволија. И еднаш се сеќавам мајка ми ми' рече ,, ќе ми бидеш благодарна еден ден за тоа,,. Мислев дека ме лажат со тоа дека се искривуваат нозете, па нели дека бевме малечки, во развој, плус јас не јадев и сега уште не јадам ептен млечни производи (кои влијаат на цврстината на коските), и така полесно ќе дошло до искривување на нозете ( а и плус белачно дете бев, па поради тоа може и повеќе се плашеа ). Сега кога ќе се сетам навистина сум им благодарна, благодарение на тоа што не ми попуштиле сега имам топ прави нозе Инаку знам дека доаѓа до искривување на нозете (ама во периодот додека сме во развој нели) лично од една моја другарка, и станаа како тунел .
Дали возењето ролерки ве опушта, и рекреира Уживав додека бев девојка сега со мало дете ич немам време Поз
Дали возењето ролерки ве опушта, и рекреира Ролеркиве ги обожавам два пати бев на наптревар..а следнава година ме чека уште еден.. Многу ми помогнаа околу обликувањето на убави нозе нормално намалување на целулитот а тоа затоа што ги возам секој ден (во летото) а сега зимава ролеркиве ги заменувам со орбитрек
Дали возењето ролерки ве опушта, и рекреира Дефинитивно да. Обожавам возење ролери. И не ги искривуваат нозете. За намалување целулит не знам баш, но за витка става и цврст задник е точно.
Дали возењето ролерки ве опушта, и рекреира Опушта,релаксира те полни со позитивна енергија и плус се ослабува по некое килце и си иамаш стегнат задник
Дали возењето ролерки ве опушта, и рекреира Ги сакам и ги возам.Уште малку и ќе почнам и Сара да ја учам. Едвај чекам
Дали возењето ролерки ве опушта, и рекреира Ролериииииии. Ги обожавам, неможам да се замислам без нив. Колку ли само плачев кога мислев дека ми се загубени, а оно цело време пред нос да ми биле. Возењето ролерки не само што ме опушта и рекреира, туку ме релаксира од школото и проблемите, ме исполнува, ме возвишува. Преубаво чувство онака кога ќе се залеташ од некоја удолница и после не се запираш... оставаш тие да те носат
Дали возењето ролерки ве опушта, и рекреира Кога излегувам да возам, возам дури не почувствувам толкав замор што ми доаѓа да седнам на сред улица и да ги исфрлам од мене ролерите. Штета огромна што немаме патеки овде за возење, а тоа па тоа по плочник..
Сакам ролери и ги возам. Од 7 години научив знам им запнав и не престанав да досаѓам се дур ми купија. И така едно попладне моите фино лепо ме изненадија со нови ролерки и кога се качив комедии Изгледа не им текнало да видат бројка или пак си рачунале за да не ми купуваат други ко ќе ми порасне ногата оп 37 број, а ја мало ноџе . Кога ги облеков ми шлапаа, па ги носев со 3 пара чорапи во лето на + 40 пуста желба за возење, се научив одма и интересно е . Ама тој еден пад во текот на “развозување“ кога веќе “знаев“ да возам, врвеше симпатијата и јас поубаво да го видам кога сум се лизнала и драаанг на напред за малку без нос ќе останев Сега треба да им ги сменам само колцата/тркалцата да не ми се сопнуваат на камчиња и ај ем реди то ролл
Како помала не се симнував од ролери постојано возев (затоа и си бев слаба) но како што идат годините се поретко и поретко.Како и да е се трудам да одвојам време за да возам,затоа што тоа ми е некако многу поубаво отколку да идам во теретана
Моја омилена тема за разговор.... Обожавам ролерки ги возам од 6 годинки и имам многу добра екипа за возење... Имам сменето 4 пара ролерки и сега за сега ги имам најубавите Fusion x5 .... Едвај ја чекам пролетта ....
Јас би одела со ролерки. Со друштвото коа почне пролет се собереме и возиме на плоштад, у парк... Кај и разгледаш малце град, се друшиш, па и симпатични дечки те шмекаат додека поминуваш
Најубава рекреација за потопло време.Ептен убаво се оформуваат и затегаат нозете и задникот,башка релаксира и цела нервоза може на стаза да си ја оставите.Кога бев помала многу возев,сега малку заретчив,ама годинава ќе надокнадам