Чичко ми имаше узурпирано дел од мое земјиште кое го имам добиено како подарок од татко ми. Поседувам целосна документација за тоа. Се обидов да разговарам со него, но тој избегнуваше на секој можен начин. Го тужев и го добив спорот. Мислев дека работата е завршена, но по се изгледа дека сега чичко ми започнува нешто што јас не можам да го разберам и кое во голема мера не вознемирува сите во фамилијата. Имено, сите добивме по едно писмо со идентична содржина во кое тој се служи со секакви гадости и вулгаризми упатени кон татко ми со кој не зборуваат подолго време. Не знам што сака да постигне ама знам дека сакам да престане. Ве молам, кажете ми дали можам законски да го спречам таквото негово однесување.
Можеби требаше да го пријавам в полиција уште првиот пат кога одеше по мене и на сет глас викаше и навредуваше, се однесуваше како тотален лудак, луѓето застануваа и си гледаа сеир. Секој пат кога излегувам од дома се плашам дека ќе го сретнам и дека пак ќе направи сцена. Сега размислувам во сосема друг правец. Да разговарам со адвокат и да го тужам за вознемирување. Ова лудило мора да престане.