Читав малку за Македонскиот кривичен законик и сега прв пат дознавам, дека 14години и на горе е возраста на која личност може да даде согласност за секс. Не знам зошто, но цело време мислев дека е противзаконски полнолетен да има секс со малолетен. Иако сум опенмајндед и разбирам дека има различни однесувања кај луѓето, сепак ме погоди овој факт. Во САД, според закон, до 18 години, се рачуна дека личноста не е во состојба да даде согласност. Мислам дека и во Германија е 14, како и кај нас. За мене, 14 е премалку и сметам дека треба границата да се помести, барем на 16, бидејќи статистички, најголемиот дел од тие кај нас, прв пат стапуваат во сексуални односи на 16 годишна возраст. Кој е вашиот став околу ова? Овде е кратко сумирана темава и законот.
Во САД во секоја држава е различно, не е секаде до 18 години. Во некои држави има и т.н. Ромео и Јулија закон, односно на пример можеш да имаш секс со 13 годишни легално, ама само ако си и ти 13 или 14 годишен. Ваквите закони постојат да ги заштитат децата од злоупотреба и затоа до некаде ми е океј возраста да биде 14 години, сепак не си веќе мал и разбираш што е тоа секс, знаеш да кажеш не. Ама ова е од легална страна. Од етичка, никогаш нема да престане да ми биде гадно возрасни, 20, 30 или 40 годишни луѓе да одат со деца од средно. Иако се до некаде свесни за својата сексуалност, сепак се деца на кои уште им се развива мозокот и центарот за донесување рационални одлуки, не е исправно возрасен човек да ги злоупотреби, не само сексуално. Можеби најдобро би било да има Ромео и Јулија закон, ако си 13 можеш да имаш секс највеќе со 14 годишни, ако си 14 највеќе со 16 и така се додека детето не наполни 18 години.
Па не е само етички. Сеуште се развиваат на 14 години. Некои сеуште немаат ни циклус добиено. Да не зборуваме за тоа дека сеуште се на возраст на која одлуки носат импулсивно, а не разумно. Не им е сеуште доволно развиен центарот за логика и аналитика. Башка, што медицински, бременост кај жени под 18 години, по дифолт се рачуна за ризична бременост. Мислам дека треба да се земат во предвид сите овие факти. Се согласувам дека, доколу и двајцата се малолетни, не треба да биде против закон, бидејќи можноста за злоупотреба е далеку помала, скоро непостоечка.. освен ако не е во прашање социопат или психопат. Но на 25 веќе си со сосема развиен мозок и лесно може да заведе и излаже некој на таа возраст (практично) 14годишно дете.
Не ми текна за бременоста. Ако гледаме од тој аспект, треба да биде забранет секс со женски под 18 години. Штом некој се решил да има секс, треба да знае дека треба да се заштити и дека има мност да забремени. Сепак мислам дека младите знаат како се прави бебе и треба да се остави на нивна одговорност да биде безбедниот секс, нема потреба да има закон за да ги заштити. Сите што учествуваат во него. Ако нема согласност тогаш е силување.
Се согласувам дека 14 години е премала граница,барем 16.Детето тогаш се наоѓа во најсензитивен период,почнува да ја открива својата сексуалност,па носи непромислени одлуки.Се разбира на 16 години си се уште малолетен,ама законот сега те третира како постар малолетник.Не е забрането возрасен да има секс со малолетник од 14 години па нагоре,ама секако не е етички некој 30-40 години да има секс со дете од 14.Свесни сме дека тоа е емотвно манипулирање,и за таквите случаи би требало да постои посебна заштита во законот.Во Америка некаде полнолетство се достигнува на 21 година,ама овој закон со 18 години,им е добар,сепак те штити.Иако ретко кој се придржува до него,заштитата е поголема.
Не знам за вас ама на мене ни личност од 16 години да има односи со штознам 25 годишен не ми е нормално.
А нормално ви е некој што има 25 да има односи со некој од 36? Исто е доколку се согласат и двајцата нека уживаат! Нели љубовта нема граници. Како и да е сепак според мене 14 е премала возраст јас не би ни 16 над 17 години би го ставила...
кај нас има случај девојчето да е помало од дечкото повеќе од 12 години значи ретко е но сепак има зар тој повозрасен би ја гледал само и не би ја допирал нели. Како што старите сакаат помлади така и обратно.
Ама што има врска тоа? Јас велам не е исто 16/25 и 25/36. Зашто во првиот случај 16 годишната личност се уште е тинејџер и возрасниот може да има влијание врз тоа како размислува тинејџерот, без разлика дали е свесно манипулирање или е „искрен“ со своите емоции. А ако има влијание тоа значи не е целосна согласност.
Значи тоа на 16 години ако се запнало за секс со постар ти неможеш да му речеш не и да спречиш значи на него/нејзе сигурно им е подобр сп постар искусен во таа работа отколку со некој нивна возраст.
Проблемот со ваквите закони е дека не прават разлика помеѓу видот на сексуалното задоволување и не ги земаат целосно во предвид сексуалните потреби на тинејџерите, а неретко го ставаат злоставувањето во ист кош со доброволните сексуални врски само поради тоа што математички бројките не се поклопуваат(ова варира од држава до држава). До 18 години кај повеќето луѓе телото е во развој па за да не се оштети вагината кај девојките или за да не забременат додека не завршат средно школо, ај да речеме дека границата реално е 18. Но што правиме со оралниот секс и взаемната мастурбација и сл .? Тоа спаѓа во сексуалност но не е класичен сексуален акт каде нема опасност ниту од забременување ниту од оштетување на телото кое е во развој - секако, под претпоставка двајцата партнери да се здрави т.е. да немаат преносливи болести. А менталната зрелост е релативна работа, зависи од генетика, средина, воспитување така да не може да се генерализира. Некои имаат накај 30 години а се однесуваат како средношколци, и обратно средношколци кои слободно можат да се осамостојат од своите родители и да бараат работа (кога би ја имало достапно како во САД порано). Во тој поглед мислам дека границата 14-15 отприлика соодветствува на реалноста ако е во прашање орален секс.