Здраво девојки, се извинувам доколку има ваква слична тема но не успеав да ја најдам. Ве замолувам доколку имате правено ин витро оплодување во странство да споделете искуство без разлика дали е позитивно или негативно. Ви благодарам!
Јас имам правено во Солун, во Ембриолаб. Имам ќерка од две години и девет месеци, од ин витро правено таму.
Дали претходно имавте правено овде ивф и што беше пресудно да ја одберете оваа клиника. Што е поразлично од нашите клиники?
Да, овде имав две неуспешни ин витра во Ремедика. Реклама за клиниката случајно видов на интернет, и решивме да одиме на преглед. Многу поразлично од кај нас (зборувам за Ремедика) бидејќи во други клиники не сум правела ин витро. Обрнуваат повеќе внимание, ептен се детални, едноставно не се чуствуваш како да поминуваш на лента.
Правевме многу испитувања таму, хистероскопија, замрзнувавме ембриони, точно колку потрошивме, искрено немаме израчунано. А, и се е индивидуално, не ги прават истите постапки кај сите. Имаат страна на интернет, имаат кординаторки за нашава држава, можете да ги исконтактирате и да си прашате за цена.
Па да речеме во споредба со Систина, цените беа дупло, можеби и малку повеќе од дупло. Зборувам за ин витро правено на приватно во Систина. Сега мислам дека после короната, цените многу пораснаа, како и на се друго. Порано во Грција пролутекс и другите лекови кои беа потребни за ин витро, беа на пола цена поевтино за разлика од кај нас. За последното ин витро кое го правев ноември 2019, цените на лековите беа многу повисоки, можеби за 10 или 20%, поевтини од кај нас. Сега не знам како се цените, ама претпоставувам многу повисоки од тогаш.
Дали мислиш дека и тоа имало огромен придонес во тоа што инвитрото било успешно? Затоа што жената се чувствува посигурно, заштитено, како да е на вистинското место; а кога се чувствува некој “како на лента” поголеми се шансите да не е успешно… Можеби тропам, можеби сепак игра огромна улога тоа.
Здраво на сите. Ја пронајдов групава, зашто се размислувам за трето ИВФ во странство. Но, уште не сум нурнала да анализирам каде? Дали? Кај кого? Можности? Ве молам искусните што го поминале патот или поминуваат да споделат информации, може и во лична порака.
Здраво девојче Спомна координатор за нашата држава. Па некоја да ми даде контакт како може да дознаеме број или емаил?