Воопшто не мисли на иднината...

Дискусија во 'Врски' започната од 66-mo-1r, 19 ноември 2019.

  1. 66-mo-1r

    66-mo-1r Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    40
    Здраво Девојки, сакам да прашам за мислење и совет. Во врска сум веке 2 години со мојот дечко (тој има 30 години) а јас 25. Ок е со мене, ми угодува, ме слуша и сака ама никако да премине во другата фаза, живеење заедно, брак итн. Ме нервира што нема стабилна работа, и нон стоп е кафе шема со другарите или по казината. Не можам да се лутам затоа што знам дека повекето денеска се такви и плус со мене секогаш ја поминува вечерта, ама се осекам како да сум многу по упорна, амбициозна од него. Некогаш во очите на другите изгледам лошо демек превише го контролирам, а мене ми е само страв дека си го троши животот на глупости, додека јас работам и градам кариера, затоа се понашам како да сум му мајка. Сум разговарала со него на таа тема, и секогаш ке дојде до конфликт, дека му правам притисок, дека тој мене ништо не ми забранува и затоа немам право да зборувам, дека кој ми е крив што морам да работам а не да излегувам. Дека јас не му давам пари и дека сам си заработил за да може да си дозволи се. Се чуствувам лошо и не знам што да направам :/ посебно затоа што не покажува дека се замара за иднината со мене.
     
    На Tanjamm и WildMk им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    17.402
    Болдираново.
    Знам многу луѓе од машки род што не се "такви".
    А, ова е ептен lame изговор.
    Во вакви ситуации не е најбитна љубовта.
    Најбитно е прво ти сама да се сакаш, а потоа него.
    Ова ти е најискрен совет пошто и јас сум била на твое место.
    Утре ако се вработи и не оди по казина ќе вика "се е овоа заради тебе".
    За ваков тип на луѓе не се потребни време и живци и ти да правеш човек од него.
    Утре ќе сте во брак и тој скришно пак ќе оди во казина и пак иста песна.
    Се додека на него сам не му текне се е џабе.
    А, плус тоа, казината се завист и јас лично не би можела да бидам со таков човек.Не би го занемарила тој факт.
     
    На ku4ence, Tanjamm, Lolipop23 и 35 други им се допаѓа ова.
  3. Boni montoni

    Boni montoni Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    zdravo drugarki mili i drugari mi treba sovet, ko shto pisav ednash so dechkomi sme skoro 20 godini razlika , odime 1 i pol skoro , ima vo mene strav deka ne bi sakal da zivee so mene eden den, vo red kje kazete zoshto ne te zeme??? on za nego hartijata navodno ne igrala uloga iako e razveden , pa pokasno vdovec od istata zena , koga nejke sega brak zoshto ednas bil vo brak??? a kazuva nesaka, vo red sekoj den sme zaedno, doadja od rabota , se odmara i odam kaj nego, skoro ko da ziveeme zaedno, do 12 nokjta i posle jas kaj moite :(((((( no ne spijam kaj nego, ne e toa toa, sakam kompletno so site saltanati, nesakam da pominat godinite i da ostareme taka kako da uspeam da go storam toa??? zivot so nego??? zaedno :(((((((((( me saka, se gleda dobar e , trenjirame zaedno, setame pravime zaednichki ruchek, skoro ko zena da sum mu no nekako ko da se plashi da me zeme kaj nego, bar jas taka mislam, sinokja padna muabet on veli , jas sakam da si bidam eve vaka so tebe boni, da si ziveeme, mu vikam kako??? ami neli kje ziveeme rece eden den zaedno??? da spijam tuka ko so e red??? i vika gospodinot KJE VIDIME, NE ZNAEME SHO KJE BIDEM MOZE KJE UMRAM , KJE VIDIME KAKO KJE ODAT RABOTITE JA IMAM 56 SKORO GODINI a stalno inace pravime uz muabet ami kje si ziveeme zaqedno uci se gotvi , me vika domakjinke a sega me zbuni, a shto e najtragichno vika sinokja epa stalno taka ti vikam deka kje ziveeme kolku da ne mi piskad da bide mir u kuchi demek da mi udovolel, neznam so da mislam , ako prodolzi taka kje go zamrazam a premnogu go sakam ja sum mladfa treba da e srekjen shto me ima , a potoa posle siot ovoj muabet setame u grad i vikam sega kazi mi iskreno me povredi m, placev i pochna da m gushka i baknuva , :(((((((( i vikam sega nesakam da ostanam eden den sama, kje me usrekjis ako imas plan za nas i vika pa normalno deka imam, ti zasho me pritiskash celo vreme so toj muabet i jas od inat ti velam normalno deka kje bide i toa, zaednichki zivot , ja sum resil so tebe da bidam, neznam dali kje bide toa prijatelki forumki mili, sakam da sum srekjna, sakam ete da mi dade prilika i da proba so mene zivot,
     
    На Cka и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.971
    Допаѓања:
    147.937
    Пол:
    Женски
    Со сила убавина не бива. Ете на пример јас живеам кај мојов 2 години, секако повеќе од тоа сме заедно, заедно фирма водиме, заедно пари инвестиравме... и последниве неколку месеци се осеќам како да сум му само деловен партнер и толку..

    Во ова моево се вложив самата себе, вложив финансии, вложив време, мозокот и знаењето што го имав. Си викам период е, ќе помине. Ама ако не помине до после зимава, тоа и ќе останеме..деловни партнери.
    Немаме кавги, немаме недоразбирања.. но немаме ни план за иднина. Односно тој нема, јас имам.. затоа и ќе си ја терам по мое а тој како сака..

    Не го пишав ова за и јас да си покукам во темава, туку да ти кажам дека не си сама има многу како тебе.
    Но кога ќе видиш дека не оди, треба да знаеш дека е подобро да разговараш со него и ако нема ист план за иднината, мирно да си се разидете..
     
    На Jane.Birkin, Lolipop23, Nausicaa и 24 други им се допаѓа ова.
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    12.987
    Пол:
    Женски
    Не се такви повеќето туку тој е опкружен со такви луѓе и затоа мислиш така.
    За мене, на 30 години да немаш работа, а да не сакаш ни да имаш ми е засрамувачки. Ваков ист ко твојов имам во околина, близок човек ми е. Наоѓа работа, 3 месеци и си оди. И секогаш според него е крив работодавецот.
    Го зедов да работи кај мене. Не доаѓаше на време, не ги исполнуваше точно обврските, немаше однос према клиентите. Него го интересира само спортска, казино, кафиња, оговарања. Нема работна навика и се му е тешко. Има енормно долга врска, а ни И од иднина со девојката. Зашто нема стабилност да и понуди. Зашто не го интересира. Типичен “купи ден помини” човек.
    Од друга страна, познавам многу млади (20-22 год) кои почнале сопствени бизниси и работат буквално ко коњи за нешто да создадат. Или не мора бизнис, се вработуваат на едно-две места и даваат максимум од себе. Шо, тие будали се, овие ко твојов дечко и мојов работник се паметни?!
    Размисли добро дали вреди да си ја трошиш младоста со паразит, а си според пишаново, амбициозна и зрела девојка.
     
    На felisitas, Annora, Nausicaa и 20 други им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.998
    Допаѓања:
    37.751
    Пол:
    Женски
    Амбициозна, стабилна и зрела особа како тебе никако не ми иде у комбинација со таква ленчуга од 30 години, на која хајлајт на денот и е идењето у казино. И парите што ги има, тешко да потрајат штом почнал да се шлае таму.
    Ваква особа може само да те влече надолу и ќе ти ја гаси искрата полека полека, тешко да блескате заедно.
     
    На Annora, Nausicaa, Summer16 и 29 други им се допаѓа ова.
  7. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.773
    Пол:
    Женски
    @66-mo-1r Мене ова нон стоп по казина, ако е стварно нон стоп, ми е преголемо црвено знаменце.
     
    На Annora, Rose96, НаталиЛили и 13 други им се допаѓа ова.
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    8.961
    Пол:
    Женски
    Многу добро кажано. Врска со таков човек, па и брак, или ќе те натера да го мразиш тоа што ти имаш амбиции и што си подобра од него во тоа или ќе те натера да го оставиш и да се издигнеш себеси. Ако продолжи вака, се надевам дека твојов избор ќе биде второто.
     
    На Annora, Nausicaa, Marina*F и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Boni montoni

    Boni montoni Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    fala dusho za sovetot, no da ete cel den sme zaedno, gotvime jademe ko doma se osekjam kaj nego, mi veli ajde eden den ti kje gotvish kje mi pomagash , ja sum postar kje me gledash, no jas ne sakam tolku daleku, sakam da ziveam so site saltanati i sega , a za toa da bi ila so nego cel zivot, go sakam godinite ne mi se prechka iako e ko poluziveenje i ova , no sakam da se budam pokraj nego nautro,inaku e mnogu dobar so mene, me gleda , mozebi oti e postar, on 55 ja 35 , a mi ima kazuvano deka saka u idnina so mene da zivee,brak nemora i jas razmisluvam ko nego, no ziveenjeto e neminovno, toa mora eden par shrto se saka trebsa da pravi plan za zaednichki zivot
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyLollypop

    LadyLollypop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    4.437
    Пол:
    Женски
    Извини вака ама не можам да замислам како може да бидете во врска со некој без иднина поготово ако има над 25г. Дали дечко ти се смета за маж или момче во пубертет? Кажи му слободно ако сака да биде маж и ако сака да биде со тебе нека созрее и нека си најде работа и нека заборави на казината и сл., ако не клоците во газ и ај нека си ужива во пубертетот. А ти гледај си тебе да ти биде убаво доколку имаш кариера ич не троши време на вакви. :*
     
    На Elen4e_sonce, candy.cane и Hristov им се допаѓа ова.
  11. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    609
    Пол:
    Женски
    Со ваков џаболебар потрошив три години, само што јас тогаш имав 20 години, а тој имаше 27.
    Нема оправдување за неговите постапки, едноставно има лабави луѓе кои не сакаат да работат, сакаат да пијат кафе по цел ден и да трошат туѓи пари. Мојот бивши секогаш како изговор ја даваше смртта на неговиот татко и како тоа јас не сум го разбирала, не сум можела да го сфатам зошто се ми било овозможено зошто мојот татко е жив.
    Човекот знаеш само да трачари за секој и сешто, беше запишам на факултет и се отпиша зошто го мрзело да оди. Не можев да го поднесам тоа безделничење и му раскинав, кога сфатив дека нема намера да живее со мене и да работи. Не беше спремен да има иднина со мене, живееше од ден за ден, а јас му бев трофејот на успехот на љубовно поле.
    Не ми треба таков човек, кога јас сум амбициозна и знам што сакам во животот. Мислам дека си губиш време со некој што не е сериозен и се понаша исто како бившиот мој. После толку време ако не гледаш дела, туку само зборови празни кажал мислам дека треба да одлучиш и да прекинеш, зошто е измачување и товар.
    Јас го оставив, уште ден денес не сфаќа како можев и зошто, а кога ќе го погледнам и кога ќе ми кажат дека уште по старо терал уште повеќе сум сигурна дека донесов вистинска одлука, а некако и се срамам со некој таков што сум била, што сум се влечкала.
     
    На Annora, Lolipop23, Ivan4e04 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    9.106
    Пол:
    Машки
    Тато носи мама меси кај сакаш да мисли на иднина.
     
    На Annora, Brinetka, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    63.038
    Пол:
    Женски
    Не си го трошите времето на несериозни типови.
     
    На Annora, FallenAngell, Butterfly1107 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    13.333
    Пол:
    Женски
    Не се повеќето ,очигледно ти си опкружена со такви ликови. Како и да е тоа не е изговор као повеќето се такви океј е. Ако си спремна да живееш до нестабилна личност кој на 30 години не може да се уозбили и дреме по казина ,јас не би планирала иднина до таков човек ,размисли си убаво што ќе биде доколку имате деца.
    Штом оди често по казина тоа треба да ти е доволен ред лајт за да се тргнеш од него. Мој совет е такви личности никогаш не се менуваат ,цени си се повеќе заслужуваш подобро . :)
     
    На Annora, Purplelilac, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. missmama

    missmama Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Мое мислење, човекот те сака, убаво му е со тебе, тоа не би било спорно, за него си "капка на дланка".. НО.. имај во предвид дека тој е еднаш женет. 90% од разведените не сакаат по втор пат врзување со документ, тој го искусил тоа и сигурно за повторно тешко му паѓа и верувај тешко е, колкава и да е љубовта, но тоа не значи дека не те сака, не би живееле заедно и сл. А и не те разбирам зошто заеднички живот со "сите салтанати".
    Друго имај во предвид дека тој има 56год, деца има?? Колкави се тие деца?? Можеби тој сега на нив треба да се фокусира, треба нив да ги помага...Ти си млада, имаш деца ?? Извини не сум ти ги читала другите постови. Сакаш деца да му родиш??? Јас како што ја разбирам ситуацијата, него му треба партнер до крајот на животот. Ако има возрасни деца на кој што треба да им се наоѓа финансиски верувај дека нема да сака ништо што ти посакуваш, брак, деца и слично... Со оглед на годините, приоритет ќе му бидат децата. Ако ти одговара остани со него, прифати си ја ситуацијата и смирено терај си го живото со него во љубов, слога и без притисоци за да бидеш среќна. Ако тоа не те прави среќна и сакаш нешто повеќе ќе мора да си најдеш некој со кој ќе имате исти интереси.
    Зависи каков човек е. Ако е одговорен човек, родител...верувај изморен е од животни турбуленции и му треба да биде со некој мирно ќе го тера понатамошниот живот.
    Ти треба да одлучиш што сакаш од животот и што може од него да бараш и да добиеш (мислам од дечко ти).
     
    На Youknow, Martka и Milobebence им се допаѓа ова.
  16. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.429
    Џабе ти си амбициозна, вредна и сакаш да гледаш напред на подобро и повеќе кога до тебе имаш неработник, несериозен и разлигавен човек.
    Има куп такви девојки што заглавиле со особи ко твојот дечко и џабе им е што се такви зашто реално една од најбитните одлуки во животот, ако не и најбитна ти е со кого ќе се омажиш. А сигурно сакаш со некој кој ќе ти парира во животот и од кој ќе имаш поддршка, а не некој кој го мрзи да ги заработи, ем после тоа ги троши на глупости на ебани 30 години.

    Јас во рани 20ти не би му дала шанса на твојов, кога немав ни една грижа на светот, а камоли пак сега. Типот е пропалитет, бегај што подалеку за да не се каеш. И не се секирај, не сите мажи се вакви, напротив.
     
    На Elen4e_sonce, sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.010
    Допаѓања:
    130.362
    Пол:
    Женски
    Во приказнава не спомна дали има деца.
    Цело време само ти што сакаш и како сакаш, што е според мене е себично затоа што ти никаде не кажуваш што сака тој.
    Прашај го директно што сака од тебе и каде води вашето и ќе го знаеш одговорот на твоите прашања.
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    30.888
    Пол:
    Женски
    Бегај што подалеку од таков :!:
     
    На Justicija, mime87, ane.bella и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    19.659
    Пол:
    Женски
    Може едноставно уште не се осеќа доволно спремен во себе и во вашата врска за да започне такви поглавје.
    Мислам дека не треба да му се љутиш, туку седни праите муабет по тоа прашање и кажи му што мислиш, прашај го и он што мисли.
    И не форсирај, не брзај има време ќе си дојде се на свое место
     
    На 66-mo-1r му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    30.888
    Пол:
    Женски
    И да не е нон стоп сега, штом почнал да оди по казина, од ден на ден сè повеќе ќе се завлекува. За жал нема назад, тежок порок е тоа.
     
    На Tanjamm, НаталиЛили, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.