Воспаление на жлезда на едната града!!!

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од mar17, 14 октомври 2010.

  1. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    100
    Итно ми треба совет,а ако има ваква тема слободно нека биде преместена.
    Се разбудив вчера со болка во едната града ама не напипав ништо туку одма помислив дека можно е да сум спиела лошо и се здрвила,но болката не помина и вечерта забележав оток ,и под брадавицата тврда грутка некоја,и ме болеше.Отидов надоктор и ми рекоа дека имам воспаление на некоја си жлезда и ми препишаа амоксиклав,ама не знам дали ќе помогне со секое допирање имам болки,а ставам и ладни облоги од ракија.
    Ако имал некој ваков проблем,ве молам да пише...благодарам :sweat: :worried: :worried:
     
  2. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    673
    БИ САКАЛА ДА ТИ ОДГОВОРАМ НА ОВА ПРАШАЊЕ ЗАТОА ШТО И ЈАС ГО ИМАМ ОВОЈ ПРОБЛЕМ.ЌЕ ТИ ГО ОБЈАСНАМ МОЕТО ИСКУСТВО СО ОВАА ТЕМА.ПРЕД 5 ГОДИНИ СО 19 ГОДИНИ НАПИПАВ ГРУТКИ ВО ДЕСНАТА ГРАДА БЕВ МНОГУ ЗАГРИЖЕНА ТОКМУ ВО ТОЈ ПЕРИОД НИ ПРАВЕЈА СИСТЕМАТЦКИ ПРЕГЛЕД ОД ШКОЛО,ИМ ГО КАЖЗАВ ПРОБЛЕМОТ НА ДОКТОРКИТЕ И МЕ УПАТИЈА НА ЕХО НА ДОЈКИ НА РЕНГЕН,ДОКТОРКАТА КОЈА МЕ ПРЕГЛЕДУВАШЕ МИ КАЗА ДЕКА СЕ МАЛИ ГРУТКИ ОД ПО 2 ИЛИ4 ММ И КОИ СОЗДАВААТ БОЛКИ И НЕПРИЈАТНОСТИ ВО ГРАДАТА НО КОИ НЕ СЕ СТРАШНИ ЗА МЕНЕ ЗАТОА ШТО НЕ СЕ МАЛИГНИ,ТРЕБАШЕ САМО ДА СЕ ПРАВАТ КОНТРОЛИ И РЕДОВНО ДА СЕ СЛЕДАТ ГРУТКИТЕ ВО ГРАДАТ ДА НЕ ЈА НАДМИНАТ ГОЛЕМИНАТА КОЈА ШТО МИ БЕШЕ ИЗМЕРЕНА СО ЕХОТО.И ДО ДЕН ДЕНЕС ЈАС ОДАМ И ПРАВАМ КОНТРОЛИ НА ЕХО НА ГРАДИ ГРУТКИТЕ ВО ДЕСНАТА ГРАДА И ПОНАТАМУ СИ ГИ ЧУСТВУВАМ НО СРЕЌА НЕ МИ СОЗДАВААТ СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ.СЕ НАДЕВАМ ДЕКА И КАЈ ТЕБЕ ЌЕ БИДЕ ИСТИОТ СЛУЧАЈ БЕЗ ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ.ПРВЕН ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИШ Е ДА СЕ ПРЕГЛЕДАШ НА ЕХО КОЕ ШТО СЕ ПРАВИ ВО ОДЕЛЕНИЕ РЕНГЕН А ПРЕД ТОА МАТИЧНИОТ ДОКТОР ТРЕБА ДА ТИ НАПИШЕ УПУТ ЗА ТАМУ.ТИ ПОЖЕЛУВАМ СРЕЌА И ПИШИ ДЕКА СЕ Е ВО РЕД.ПОЗДРАВ ;)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.900
    Допаѓања:
    75.686
    Пол:
    Женски
    Штом ти дале амоксиклав, се работи за бактериска инфекција, а не за оние грутки од типот на фиброаденоми и слични бенигни туморчиња. Ќе помине од антибиотикот - исто е како да ти се воспалила некоја жлезда на друго место на телото. Не се секирај, само редовно пиј ги антибиотиците, ставај ладни облоги и применувај нежна масажа. Претпоставувам дека веројатно некоја жлезда од кожата на градите ти се воспалила, а не жлезда во самата града, бидејќи не доиш, нели?
     
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Сигурно се работи за воспаление, и јас имав грутка на градата , ама не ми предизвикуваше болка, отидов на лекар за да видам што е , беше фиброаденом и ми го отстранија. Немав никаков оток нити болка, така што твоето би требало да помине од антибиотикот, поздрав и пиши дали уште имаш болки
     
  5. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    100
    па вака,уште имам болки ама не толку многу изгледа од ладните облози се намалија малку ,а за отокот и црвенилото не се спаднати т.е само малку ... утре ќе одам на ехо ,па ќе видам што ќе кажат...ме фаќа страв...
    Инаку не дојам.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.900
    Допаѓања:
    75.686
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е инфекција, најверојатно на некоја кожна жлезда што ти се наоѓа под градата, или на долната страна од градата - се случува и тоа, не се секирај, ќе помине од антибиотикот. А фиброаденомите не даваат вакви симптоми, па не верувам дека е тоа. Само без нервози и секирации, ќе видиш дека ќе се среди.
     
  7. Минченце

    Минченце Нов член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки :)
    Јас сум нова на форумот, копајки вака по инт за мојот проблем дојдов до оваа Ваша дискусија, значи вака имам проблем во изминативе неколку месеци.Имам голема болка во левата града,која од почетокот беше слаба а со тек на време и посилна на допир.Бев во државна болница ми рекоа немаш ништо,не бев сигурна и отидов во ремедика и ми рекоа немаш ништо, ставај ладни облози и по потреба пии particimol, но мене ме фаќа страв и сум целосно фокусирана на тоа.По цел ден се гледам се пипам, немам никакви грутки, само јака болка....
    Ве молам доколку имате слично искуство да споделите многу ми значи....да напоменам имам 24год
     
  8. Минченце

    Минченце Нов член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    иако знам дека темава е стара, сепак се надевам на одговор
     
  9. friendy

    friendy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    15.817
    Пол:
    Женски
    На каков начин ти утврдија дека немаш ништо, т.е кои прегледи ти беа направени?
     
  10. Минченце

    Минченце Нов член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ми направија ехо на гради, ми утврдија нешто као густа фибро...(незнам како беше точно) слика , и ми рекоа не е ништо страшно, ставај ациди борици , лист од зелка, по потреба и еден паретицимол. Пред некој ден бев повторно на консултации, ми рекоа дојди пак после еден месец на ехо чисто за да бидеш мирна, друго ништо. А јас си ја осекам болката, на ладно е посилна, ме боли и десната града ама не толку колку левата, она ме чеше, ме стега ме боли, а на допир умирам од болка
     
  11. friendy

    friendy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    15.817
    Пол:
    Женски
    Би требало да исчезне со проработување на млечните жлезди, можеби е запушен некој млечен канал. Не би требало да те загрижува. Доколку ти рекле дека нема ништо, значи нема. Но, сепак оди после еден месец како што ти кажале чисто да не почнало нешто да работи. Мора да постои причина за болката.
     
  12. Виножито

    Виножито Нов член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki, i jas sum nova na forumov i bi sakala da go spodelam svoeto iskustvo.Prvo imam 26 godini i nemam doeno. Mene prvicno problemot so otok i crvenilo na grada mi se pojavi pred nekolku godini, go tretirav so ladni oblozi na borova voda i list od zelka (postojano na mene) i antibiotik. Mi pomina. Mi se pojavi pak i pak isto, pak se povlece. Lani se pojavi pak i so hirurski zafat bese otstraneto. Se uste ne dozna sto mi e potocno. No pred nekolku dena mi se pojavi pak NA ISTOTO MESTO. Denes bev na bolnica, mi dadoa amoksiklav i ladni oblozi. Moeto prasanje e: dali nekoj se ima trajno izleceno, vo smisla da ne mu se povtoruvaat otocite?
    Isto taka dali nekoj znae koi bi mozele da bidat pricinite za ova?
    Se nadevam deka nekoj ke odgovori iako znam deka temava e stara. Pozdrav
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    4.174
    Нa левaтa дoјкa, кaј пaзувaтa oднoснo oд нaдвoрешнaтa стр. Имaм бoл нa дoпир и нештo нa дoпир, дури ме бoли и ребрo.
    Ќе oтидaм нa лекaр утре, вaкa не ми е билo, a ме бoли oд пoнеделникoт.