Воспаление на уво

Дискусија во 'Дете' започната од babymama, 22 октомври 2012.

  1. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    221
    Не можев да најдам ваква тема, доколку има иста ваква слободно префрлете ја.

    Ќерка ми неколку дека веќе се жали дека ја боли увцето, но само на допир. Не се сеќава дека се удрила, а ни увцето не и е ни црвено ни ништо. Само кога ќе се допре ја боли. Нема ни затнато носе, ниту кашла, се е ок, само оддеднаш додека и ја собирав косата почна да кенка и рече дека ја боли. Не може ни да легне на раа страна каде што ја боли увцето.
    Се јавив сега кај докторката нејзина, ми рече да и ставам капки Дексаметазон со неомицин, 3 пати на ден по 2 капки.
    Прв пат ќе и ставам капки во уво, па сакав да знам дали некој ги има користено овие капки.

    Ако не и помине до среда, треба да ја носиме на ушно.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    5.256
    Па да, тие се ставаат или Отол Х за болка.
    Без разлика одведи ја на ушно да види што е работата. Уво многу боли а и може да направи некои компликации. Поврзано е со грло,крајници...
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Јас сум му ставала на син ми .Мојот има тесен канал и себуменот не може убаво да истече и одвреме -навреме ќе му се затне увото и го боли. Јас кога го боли увото му ставам топло термофорче или пак му ставам пешкир и со фен пуштен на најслабо дувам во пешкирот и на тој начин му го разбивам себуменот и тој истекува.Доколку мислиш дека можеби е нешто вакво пробај нешто од ова.Ако мислиш дека е само воспаление стави и капа или од оние слушалките за во зима ,за да не и влегува условно речено ладен воздух и побрзо да и се смири.Колку и да звучи смешно кога мојот не можел да поднесе ништо од ова ,сум му дувала нежно во увото и така сум му го загревала.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    221
    После само еден ден ставање капки, увото престана да ја боли, и истече малку себумен, го исчистив внимателно и сега е ок. Капки и ставав 3 дена, до вчера, во понеделникот престана да ја боли. Сега престанавме со капките. Најверојатно и било од тоа што себуменот не можел убаво да истече.
    Се надевам дека сега ќе биде ок. Ако пак почне да ја боли, ја носам на ушно.

    Фала ви многу за советите. :hug:
     
    На slavica999 и AIT им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    5.256

    Се сложувам со ова само би потенцирала да не им ги чистите ушите со чепкалки за уши. Со себуменот увото се штити од надворешни бактерии и нечистотии а што е вишок самото го исфрла.
     
  6. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    221
    Од октомври навака ова е трето воспаление на уво.
    Во октомври како што имам пишано поминавме само со капки неколку дена, се смири болката и теравме до март. Е во март ја фати страшно воспаление на средно уво, со јаки болки и температура па пиеше Сумамед ( ич не сакав да и го дадам, ама немав избор, детето не ми слушаше убаво и вриштеше од болка). Во петокот ја земам од градинка и се пожали дека ја боли увцето, ама ништо посебно страшно. Е ноќта плачеше и викаше во сон од болка, се превртуваше цела ноќ и ја однесов на лекар во саботата (среќа матичната ни работи и во сабота). Има воспаление на двете увциња, краниците и се малце отечени и воспалени, носот затнат, температура за среќа немаше. А и не слушаше убаво :( Ја приметив и дека кога она збори многу почна да вика. Со матичната закажавме кај специјалист, да видиме да не има проблем со третиот крајник, а во меѓувреме и препишаа Амоксиклав. Кога се работи за уво, прифаќам се што ќе каже докторот, и одма почнав да и давам сируп. Исто и ставам и Оперил во нос, како и неодексацин во уво при појака болка.
    Препорачајте ми некој добар доктор, каде што би можела да побарам второ мислење.
     
  7. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Здраво. Мислам дека темава е соодветна за мојов проблем. Послт, апчињаедниов месец дена ми се дешава еден, два дена температура или омалаксаност, наредните 5, 6 дена ништо не ми е. Состојбава не секогаш е проследена со температура, најчесто е омалаксаност и исцрпеност. последниве 3 дена имам темп околу 37, 2, 3 ама скрос сум исцрпена. Матичната не беше сигурна ми даде амоксиклав и едни други капсули бели да ги пијам, ама се двоумеше. Каков чај да пијам, доколку има некоја инфекција ќе помини од чајот, апчињава да ги пијам не сакам.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.734
    Допаѓања:
    160.185
    Пол:
    Женски
    Темава е за воспаление на уво кај деца. А твојов пост не можам да го сфатам, конфузна си ми... за какав инфекција станува збор? Ако е сериозно, без антибиотик не поминува, од чај во никој случај.
     
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.784
    Допаѓања:
    17.341
    Пол:
    Женски
    5ти ден сме со воспаление на уво и κонстантно Т до 38.5. Немам веќе сили,дете плаче,го боли,не саκа да јаде,не е ρасположен,веќе почна и да κашла и исфρла шлајм. Под теρапија сме со Амоκсиκлав и Taylol Cold, но т не саκа да се симне. Не знам дали смеам да давам паρацетамол измеѓу вρеменсκиот интеρвал κога тρеба да се даде Taylol-от. Синκо е исцρпен многу,сρеќа цица,увото не може да го допρе(иаκо вчеρа доκтоρот ρече деκа оди во позитивна насκо)мене ме плаши оваз т.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.734
    Допаѓања:
    160.185
    Пол:
    Женски
    Не е страшна температурата, ама дали е од увото? Грлото како му е? Кај синко по четврти пат се повтори на десното уво инфекција, поради затнат нос, ја лечевме со Цефаклор. Гледај да му го држиш прооден носот, од многу секрет увото се воспалува. Ако има потреба, користи капки од типот на Оперил П за деца, само внимавај, не повеќе од пет дена.
    Инаку мислам дека Амоксиклавот е прејак за толку мало како твоето (ако не се лажам, околу годинка е). Син ми во април го пиеше, исто за воспалено уво, ама многу лошо му делуваше, дозата му беше преголема за возраста и килажата. А има 4 години и 15-16 кг.
     
  11. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.784
    Допаѓања:
    17.341
    Пол:
    Женски
    Му ставам Опеρил спρејче два пати во ден,синκо е 16месеци но има 14κг :). Го носам на пρиватен отоρинолаρинголог специјалист,вчеρа паκ бевме го виде носот,увото и κога му ја отвоρи устата се запρепасти. Сите 4κи набабρени(едната гоρе дуρи и е помодρена)пρетпоставува деκа воспалението е од твρди непца. На 6месеци ни ниκнаа 2 и оттогаш до денес имаме 8заби,но се шиρоκи ние се смееме κаκо усб стиκчиња :).
    Гρлото и гρадите беа чисти неκни,κρвна слиκа уρедна,цρп негативно,леуκоцити во ноρмала. Шлајм има,но и го повρаќа многу.
     
  12. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Vsusnost maticnata mi rece spored simptomite najverojatno e infekcija na sredno uvo, slajm pojden nagore ili nekakva necistotija ama i sama ne bese sigurna rece sto i da e amoksiklavot leci
     
  13. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.784
    Допаѓања:
    17.341
    Пол:
    Женски
    Да се пρијавам паκ,денес сме подобρи,и јадењето дуρи го изедовме а и вода почнавме да пиеме. Мама пρесρеќна!
    Засега нема Т,утρово од увото му имаше истечено течност,се заκашла и повρати густ жолт сеκρет.
    Сега е супеρ весел,не знам дали повρаќаницата беше од воспалението или не дај Боже е нешто дρуго. Ќе го следам денес,мисла ми е.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    23.763
    Пол:
    Женски
    @Annath Некој природен лек за воспалено уво бебе 13+
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.734
    Допаѓања:
    160.185
    Пол:
    Женски
    За болка или само за воспаление? Не пие антибиотик?
    Кога е воспалено увото најбитно е носот да се одржува прооден, оти од секретот се воспалува и увото. Носот се чисти со физиолошки раствор, и по консултација со лекар, може капки ефедрин или адрианол.

    За болка помага тетра пелена загреана со пегла, а за воспаление не би си играла со природни лекови.
     
    На irena.1 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    92
    Annath, и останатите, имам болка во надворешниот дел од десното уво, тоа триаголничето што е од страна на лицето, е само тоа ме боли при допир, останатото не. Дали знаете што можам да направам, природен лек или од што може да биде? :/
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    9.724
    Допаѓања:
    86.532
    Ја незнам ова мое дете да не реагира дека го боли ушето а имал воспаление. Почна со тт, други симптоми ништо. Температура макс.39.4. На матичен го прегледа,се ок, ,на крај се поврати вика чекај и увцињата да видам. Едното воспалено другото полесно воспалено. Крвна слика мирна,црп 18.
    Почнав амоксиклав. Закажав на ушен во помеделник . Ми рече и спрејче да прскаме септаназал. И му викам , те боли ли увото,не вика :doh:
    Од каде ќе знам друг пат дека е уво? Ни на допир не реагира дека го боли....
     
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    32.187
    Пол:
    Женски
    А ноќе се буди со плачење? Мојов и двата пати кога беше со воспалени уши ноќно време се будеше со вриштење. Не се сеќавам да кажал дека го болат ушите, додуша и помал беше па може не ни знаеше да каже. А на допир и он мислам вториот пат не реагираше. Спреј за нос како што ти кажале - ние комбинирано септаназал и аквамарис прскавме. Носе чисти обавезно и нека го ѕирнат во понеделник. Ако алучајно има влошување носи го дирекно на орл. Во систтна не знам викенд дали има дежурен.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    9.724
    Допаѓања:
    86.532
    Се будеше ноќеска ама кога креваше температура за да исповрати. Кога качува нагло се тресе и повраќа. Претходно што знам, станува ама за вода ,сигурно не е јако воспаление штом не го боли,или пак детево трпи болка.

    Туку јас последно кога бев на орл на клиника за мене,ужас беше. Специјализант ми се дереше зошто не сум била на матичен,дете со температура и болки чекаше неколку саати, а они си пиеја кафе .
    Се слушнав со еден орл доктор, ја виде крвната слика рече да давам амоксиклав и спрејовите и топло на уше ако го боли , па понеделник да го види. Нема секрет никаков,на гради ништо,грло во ред...
    Земав и брисеви од уши пред антибиотикот па ќе видиме
     
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    35.910
    Дрцава мои бикогаш не пмачеле од уво, ништо. Само ќе кажат/покажат и толку
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.