Темата има цел да ги истакне малите нешта кои ги воочуваме во најблиските. Има премногу негативни теми за нешта што ги мразиме, а и форумот главно постои за да се истури фрустрацијата од реалниот живот, па да сменам малку рута, што е нешто што ви е слатко да воочите кај друга личност? Што прават за да ги погледнете два пати и да се насмевнете зашто се тука со вас? Останато ли е нешто непризнаено, нешто што нема да им го лажете, а ви се допаѓа кај нив?
Ќе почнам јас. Највеќе кај мајка ми. Ми се допаѓа тоа што не е свесна колку е убава, и како косата и стои. Најмило ми е кога ќе почне да се смее за најглупави работи, и не прекинува. Има окца големи и кафеави, не потсеќаат на був. И така ја викам понекогаш Кај другар ми, секој пат кога ќе дојде на работа прво става рака на компјутерот да го допре, па продолжува со нешто трето. Не верувам дека знае дека секој ден истото го прави ама мене ми е преќут. Се трудам што почесто да ги фаќам најслатките моменти со најблиските на видео, ништо не е вечно, ама стои во меморија.
Јас лично наоѓам многу убавини кај сестра ми. Убава мома е. Нешто што првпат гледам такво нешто. Една скромна, една мирна, една елегантна...сигурна сум дека и на родителските средби учителките сите истото го кажувале за неа.
Секогаш кажувам, но поумерено. Некако имам приметено дека кога сум кажувала се испозанеле со егото. И кога веќе егото ќе настапи, нема зошто да се восхитувам.
Кај ќерка ми обожавам скоро се па и ,,лошо страни" Пример ми се допаѓа што знае да се снајде пак на нејзино да е и во тие моменти знам дека треба да ја искарам ама преслатка е па смеа ме фаќа. Кај мм го сакам начинот на кој што се обидува да го сфати секој еден.
Кај блиските ништо. Кај други во околина, посветеноста на семејството и на работата. Грижата што ја пружаат. Насмеаните лица и покрај потешкотиите во животот.
Од општи работи, рендом киндер јајце од брат ми. Со денови мислам и немам што да пишам. Треба да размислам за повеќе да ги ценам и воочува малите моменти околу мене